Признавам само крема за превенција од брчки, не постои крема која може да елиминира брчка тоа е нон сенс али добар маткетинг чуда прави.
Со задоволство ги читам дискусиите и советите за користење разна козметика. Бидејќи сум нова на форумот се извинувам ако повторувам прашање, но дали може некој да препорача начин на нега на лице над 55 години, сува кожа. Никогаш не сум користела серуми. Дали ги препорачувате и кој конкретно?
@Biodevojka не знам дали се сеуште активна на форумов, ама се надевам дека си Имам 30 години и сакам да почнам да користам нешто превентивно, против брчки. Кожата ми е комбинирана, понекогаш и сува и веќе забележувам мали брчки во пределот под очите и околу устата. Што мислиш за кремите на Лореал?
Здраво драга еве ме...мој совет ти е да го земеш кремот на алверде со гоџи кој е превенција против брчки од 30/та па нагоре. Одличен е и воопшто не е скап. Земи ги и ампулите да ги нанесувас пред кремот. Поздрав
Фала ти многу @Biodevojka Можеби ќе звучи смешно, ама како се нанесуваат ампулите? Колку време пред кремот и во кој период од денот? Прв пат ќе користам вакви производи, па затоа сум малку неинформирана
Јас лично ги користев секојдневно навечер се додека да се потрошат. Навечер најдобро делуваат во текот на ноќта секако. Поздравче и не грижи се не постојат смешни прашања за било што слободно прашувај.
Драга најискрено според мене НЕ... има два силикони има БХТ од кој апсолутно треба да се бега...јас би одбрала нешто поприродно, ова не е воопшто според мој вкус и филозофија. Поздрав
овој бренд на козметика, серумите поготово ги имаш на асос и на бјути беј. нарачај си ги и ќе ти стигнат за 10-14 дена. хидратантна крема не е доволно за нега на кожа во 30сети обавезно мораш да користиш тонер и серум навечер, и ноќна и дневна крема секако.
@Biodevojka дали може да ми препорачаш некоја крема да почнам да користам како превентива за брчки, имам 28 години, до 1000 денари
Некоја крема за превентива од брчки, веќе почнаа да ми се прават многу околу очите, посебно кога се смеам ми се приметуваат, а и некои од нив ми се продлабочија. Имам и на други места на лицето, ама не се многу приметни. Пробав со кокосово да ублажам нешто, ама не ми помагаше. Имам 22 години, и затоа барам нешто без хијалурон, а сепак да ги ублажи постоечките и да превенира создавање на нови... @Biodevojka некоја препорака?
обавезно серум да користиш. и да спиеш на свилена навлака на перницата, памучните се груби . мн си млада да имас длабоки бори мора да превземеш нешто се време. според мене најдобар серум е estee lauder advanced night repair. или барај некој друг што има хијалуронска киселина, гликолска киселина или ретинол. и крема за околу очи,имаш доста избор и во аптеки и во космо. купи серум или крема од NATURE'S . Серумот е Hyaluronic Acid Concentrated Drops а кремата е anti wrinkle face cream. Ги има во аптеките Виола ,околу 1200 денари се . Овие се квалитетни а не мн скапи, за под 1000 немаш нешто мн избор,тие ефтините лореал гарниер и слично ,немаат никаков ефект.
@LunaGrey а авон какви се? Сакам да прашам и за есте лаудер, знам дека се екстремно скапи, ама дали вредат? или можам да поминам поевтино со слични?
@LunaGrey Абе не ми се дотолку длабоки, ама сакав да кажам од кога прв пат ми се појавија дека се поизразени. За хијалурон рано ми е, со него негде од околу 30 години се почнува. Фала ти сепак.
Здраво драга еве ги моите предлози: 1. Алверде линија гоџи околу 200 мкд. 2. Флеуранс кремот со матичен млеч околу 900 мкд Овие две ми дојдоа на памет. Другите марки се малку поскапи над 1000 мкд како Хаушка, Органик, Гамард, Логона...мислам дека од 1200 па нагоре се. Јас најискрено ти ја препорачувам на алверде со гоџи. Иако е најевтина сепак е многу функционална. За 1000 мкд може да ја купиш целата линија кремот за лице, кремот околу очи и ампулите кои се феноменални. Поздрав. Уф драга тешка задача ми даде....Каков тип на кожа имаш и дали кремот ти треба само за пределот околу очи???
@Biodevojka Па може и за околу очи, може и крем за лице... може и одделно, што се најде тоа. Инаку, нормална кон комбинирана, некогаш ми се масти/суши носот.