Еднаш кога се обратив на пазар, на тезгата за козметика, да прашам каква керма нудат за брчки, до тезгата стоеа мајка и ќерка, само ме погледнаа, се насмевнаа и зачудено ме прашаа што зборувам. Демек, непостои такво нешто, тоа е природен процес на стареење на кожата. Точно ли е:?
Точно дека е природен процес, но не дека е невозможно да се успори. Верувам убав избор на производи и добра нега и хидратација придонесуваат за поспоро стареење на кожата. Се приметува кога кожата е нахранета и "чувана".
Се согласувам со Luminary, и јас сметам дека со правилна и редовна нега може да се успори процесот на стареење на кожата. Кожата старее поради недоволна хидратација и губење на колагенот што со хидратантни креми и креми богати со витамини може да се спречи. Имам читано дека витамините А и Ц го поттикнуваат создавањето на колаген, а витаминот Е делува како антиоксидант и ги уништува слободните радикали. Веќе 4-5 месеци ја користам витаминската крема од DALTON Marine Cosmetics - Natural Correcteur и сум многу задоволна. Имам 26 год. и комбинирана кожа. Мислам дека е супер превентивна нега
@Biodevojka имам уште едно прашање Ја купив колекцијата од гоџи бобинки, ама најдов само дневна, ноќна крема и серум за околу очи. Ампули не успеав да најдам. Земав масло од роза исто од Алверде. Ми врши тоа некако работа, комбинирано со кремиве или да ги барам сепак ампулите? Фала ти
Драга зависи од твоите потреби. Ампулите се концентрирани и на водена база значи се поразлични од маслото. Јас ги користев навечер пред да го нанесам кремот. Можеби моментално ги нема, пробај со маслото, види каков ефект ќе имаш и види какоќе реагира твојата кожа. Сите сме различни така да индивидуално е. Како и да е маслото од роза на Алверде е одлично, според мене едно од најдобрите и може слободно и на зоната околу очите да го користиш. Пробај па пиши. Поздрав. Како крем за околу очи за твоја возраст ти го препорачувам оној на Др. Хаушка. Малку е поскап не знам кој е твојот буџет ама одличен е и не содржи анти ејџ состојки. Како крем за лице за твојот тип на кожа види некој на алверде...на пример оној со камилица сенситив кој смирува а не масти. За жал не ожам да ти препорачам еден крем и за околу очи и за лице...евентуално масло од јојоба кое нормализира а сепак храни и може да го користиш и за едното и за другото. Или евентуално маслото од роза на Алверде кое го купи претходната феминка. Јас имам комбинирана кожа и одлич но ми одговараше а го користев и за лице и за зоната околу очи. Поздрав.
Уште малку ќе полнам 25 па веке 25+ се користи крема за брчки затегнување. препорачајте некоја како за почетник?
@Biodevojka Здраво би сакала да ми препорачаш нешто за масна/комбинирана кожа подложна на акни. Имам 21година да биде до 1000 денари. Благодарам однапред..
Здраво драга,до таа цена како најприродно би ти препорачала масло од јојоба со масло од чајно дрво...Во 50 мл. масло од јојоба капни 6 капки етерично масло од чајно дрво...не мириса убаво ама одлично е за комбинирана до масна кожа, го регулира производството на себум (масла на кожата) и има антибактериско дејство спречува појава на акни и бубуљички. Маслото од јојоба земи го на Институт Органика кое е најдобро, а ееричното масло од чајно дрво на ЕСИ е најдобро. Доколку сакаш крем за лице во тој случај може на алверде аква 24 тој е околу 300 или 250 мкд, Ако не ти е проблем да дадеш уште 200 мкд повеќе земи го кремот со мелиса на Хаушка кој исто така е одличен за комбинирана кожа, или евентуално маслото на Хаушка кое мислам дека беше до 1000 мкд за масна и комбинирана кожа. Исто така и кремот на Органик со алое е убав и цеата е 1200. До 1000 мкд може на Флеуранс кремот со алое вера гел исто така, мислам дека беше околу 800 или 900 мкд. Изборот е твој. Поздрав.
Имам 20 години ама доста ми се видливи брчките кај устата односно smile lines. Препорака некоја, што би можела да мачкам за да се пополнат или што и да е. Исто така, имам и мали брчки под очите и секогаш уморно ми изгледаат. Мачкам шеа путер ама засега немам забележано разлика.. @Biodevojka имаш ли ти некој предлог, цената да е до 1500 денари максимум.
Здраво.. Дали може некој што веќе користел или знае некоја добра крема, масло... за брчки под очите. Имам неколку линии под очите и секогаш кога ставам пудро доаѓаат во израз.. А порано ги немав.
Ми треба мала помош, баба ми цело време збори за капаците на очи дека и се паднати па дојдовме до муабет дали има креми за тоа и за нејзина возраст, сега сакам за 8ми март да и поклонам такво нешто па би ве прашала дали постои таква крема и ако да каде можам са најдам и цена од прилика
Јас мислам дека за тоа многу зависи и конструкцијата кај очите, најверојатно и кога била млада имала таков облик околу очите, само со староста доаѓаат повеќе до израз. Баш за тој дел на лицето не сум слушнала за крема, можеби постои, поискусните нека кажат. Сега има многу креми за лице и околу очи во согласност на возраста па имаш доста избор, зависи и до која цена бараш. Твојата баба најверојатно е околу 70 год. па ќе бараш нешто за затегнување на кожата. Мајка ми има 52 год. ја користи кремата на Еуцерин за 45+ мислам дека е, исто и за околу очи и е многу задоволна, цената и беше околу 1500 ден. , а сега имаш и попуст во Зегин на Еуцерин 20% до 10март мислам траеше, па можеш да погледнеш. Поефтина варијанта имаш во ДМ е сега не знам кои се баш за зрела кожа па да те упатам за кои се добри, но во секој случај се далеку поефтини а имаат добри состојки.
Здраво. Имам 27години и долго време користев Еуцерин аквапорин крем добар бесе за хидратација. Од скоро почнав да го користам серумот со витамин Ц и Леа крем со гоџи бери и Q10.и плус Леа крем за околу очи.Некој да сподели мислење или да го користел кремот па дали е добар
@Biodevojka јас имам 28 год и кожата ми старее прилично брзо со оглед на тоа што не пијам течности. Имам сува кожа па ако можеш да ми препорачеш некоја колекција против брчки. Живеам во странство има многу избор но не знам ништо да изберам. Може и скапа да е само еднаш засекогаш да најдам нешто соодветно и ефикасно. Благодарам
Драга може ли да ми пишеш кои линии на козметика ги има па да знам што да ти препорачам? Во која земја живееш?
Живеам во Германија ги има сите можни марки од најефтини па до најскапи. Во сабота може да одам да ти сликам се.
@Biodevojka имам 30 години. Кожата ми е мрсна и немав некој проблем со брчки, се до неодамна кога забележав мали тенки линии околу очите. Твој совет за каква крема да користам за лице и околу очи? Ти благодарам.