Внимавајте со овој производ, има излезено фалсификат со катастрофални последици за кожата и здравјето! Ја злоупотребуваат популарноста на оригиналниот производ со исто име и скоро идентична амбалажа! Во Германија имаше цела статија за измамата.
Da da toa e tocno ama sepak lugeto sekogas gledaat da ja kupat poevtinata varijanta jas ja plativ 2000 denari plus dostava 350 ama originalna so sertifikat
Фрага јас знаеш препорачувам само природно и органско. Како креми за лице може да одбереш помеѓу: 1. Крем со алое на organique околу 1200 2. Крем fluid legere на gamarde околу 1200 3. Анти ејџ крем на Др. Конопка 360 мкд За околу очи крем Алверде со гоџи или крем Др. Конопка регенеративниот. Одбери ти сама што најмногу ти се допаѓа. Поздрав
Ти благодарам за брзиот одговор, само да те прашам дали овие креми можам да ги најдам и надвор од Скопје, џашто јас сум од Кавадарци. Алверде знам дека се од Дм, но другиве? Ти благодарам
Да точно алверде во ДМ. Гамард во Зегин и Еурофарм а органик и конопла може и онлајн да ги порачаш од bellina.mk. Поздрав
Гамард колку што знам веќе не ги носат во МК, за жал. Можеби има остатоци од залиха во продажба. Во Зегин кај што бев имаа само еден интимен гел од цел бренд, ништо друго. Ја барав Sebo Control и се јавив на телефонот од сајтот Биохабит што ги има, ми рекоа дека тие се официјални увозници, но веќе не ги носат...
Сепак се одлучив за Др. Конопка, ќе си ги порачам онлајн. Ќе видам како ќе ми одговараат, па ако има потреба ќе сменам со Органик.
Вака женски што би ми препорачале за почеток да користам имам 25 год но овие две години пропадната сум многу и многу ми се смени лицето и се повеќе ми се познаваат брчките околу устата кога ќе се насмеам така остануваат линиите брчки се тоа нели? Се мислам да почнам да пијам колаген дали би имало подобрување или некоја крема пред 30 год што може да се користи ако може да ми препорачате нешто многу ќе ви бидам благодарна
Да помага. колагенот помага да се даде структура на кожата и еластичност.Ги регенерира клетките на кожата; Ја подобрува еластичноста,ги регулира нивоата на влажност на кожата и ја прави кожата мазна и еластична,спречува појава на брчки...почнав да го користам..па ќе видиме може да се најде во аптеките,течен или во прав исто има во суплементи за вежбање каде што продаваат.
Здраво имам 22 години, дали може да ми препорачате некоја крема против брчки имам околу очите и на челото, (нормална кожа но во зимски период и сува)
Премлада си за крема против брчки. На твојата возраст најдобро е добра хидратација и правилна нега( без вадење на шминката со влажни марамчиња или пак миење со сапун,маски за лице да почнеш да си правиш или да купуваш,нежен пилинг еднаш неделно,дневна крема со спф фактор ). Можеш да користиш крема за околу очи од балеа која е хидратантна без анти ејџ состојки или хаушка,можеш да користиш вит Ц серум и добра хидратантна крема. Исто и хијалуронска киселина можеш да почнеш да користиш пр виши минерал 89. Со креми со анти ејџ состојки можеш само контра ефект да имаш,затоа избери креми соодветни на твојата возраст.