Здраво Феминки . Дали би можеле да ми препорачате крема за превентивна на брчки околу очите до кај 2000 денари? Имам 27 години прилично сува кожа на лице до нормална, кое не трпи мрсни и тешки креми. Моментално ја користам на Еуцерин кремата за нормална кожа но почнаа да ми се појавуваат брчки околу очите уште пред 1 години и ги занемарив.Бидејки многу ретко користев крема можеби е и до тоа. Ве молам за предлог крема или нешто за околи очите...многу ми е мака зошто си дозволив вака да не внимавам и брчки уште на 27 години Убава вечер @Biodevojka ако може и твој совет секако
Види мислења во темата крема за околу очи.Мислам дека Биодевојка не е веќе активна на форумот.Дел од кремите кои ги препорачува се др.Хаушка,Aлверде со гоџибери,шеа путер ( Институт Органика).
Ова има одличен состав и добри критики и на странски сајтови. https://www.google.com/url?sa=i&url...ved=0CAIQjRxqFwoTCJDBtoLuxOgCFQAAAAAdAAAAABAJ
Некој да ми предложи крема за 25+ против почетни брчки на суво и дехидрирано лице,воедно и попуштено-не затегнато.
i jas imam problem so kozata . akni nemam no kozata mie nekako mnogu suva , opustena a na dopir e meka , koga ke se izmijamso voda akone izbrisam liceto i otavam samo da se isui vodata me optega mislam kozata ke mi se raspuka dajte predlog za nekoja krema sto dlabinski navlaznuva kozata no nekoja eftina vo kriza sum sum so pari konkretno za temata so ogled deka kozata mi e katastrofa me interesira dali ima vrska ako primer zemam nekoja krema sto ne e za moja vozrast pr da zemam nekoja za 50+ 60+ dali bi imalo nekakvo podobro dejtvo ako sum pomlada ili pak moze da si nastetam pa da izbegnuvam takvi kremi i zemam soodvetna za godinite
@sunnyGirl12 јас имам многу добри рецензии прочитано за vichy slow age и оваа колекција е наменета за жени од 24 до 45 години.Лично ја немам користено но во план ми е да ја купам. @magnolija09 земи си соодветна крема за годините.До која цена, преферираш природна козметика или хемија ?
Алверде линијата со гоџи бери ти е наменета за помлада кожа со антиејџ ефект имаш дневна,ноќна крема,серум за очи и серум за лице.
Девојки, барам крема за сува кожа, имам 30 години, ама многу брчки одимав. Ги користам од Нивеа дневна и ноќна со Q10, ама павловичева повеќе ми ги спречува, него ли овие... Цена не е битна, и не ми е гајле дали е хемија или природна. Само да има ефект. Совети?
Ако можеш да си го дозволиш купи го сетот на Есте Лаудер Advanced night repair. Цената е соленка но си вреди.Јас имам серум од 50мл крема за околу очи advanced night repair eye и revitalising Supreme + ,kрема и крема за миење лице Perfectly clean.Пробај да ги најдеш како сет затоа што посебно многу се скапи. Само дневна и ноќна крема не ти се доволни, ти треба и серум. Друга опција е Виши да купиш. Vichy mineral 89 серум со vichy slow age дневна и ноќна крема и крема за околу очи од истата линија. Трета опција заледи ја магнолија гламур на инстаграм.Таму ќе најдеш рецензии за продукти,предлог рутини за нега на кожата.
Мој совет е да не фрлаш пари на прескапа козметика , имам користено серуми , креми од Есте , Клиник и во однос на мојот проблем (со маснотија и флеки) на лицето ништо ми нема помогнато. Најбитно е за сува кожа добро да го хидратираш лицето за да не се суши и притоа да се создадат брчки. Јас немам сува кожа, ама можеш да се консултираш со Магнолија и Биодевојка на инстаграм или фб , ќети дадат совет што да користиш
Гледам се разбираш од креми. Да ми препорачаш некоја колекција за нормална кожа за 40+? Кога имав проблем со лицето користев една специјална за мојот проблем али гледам сега дека е нормализирана, па ми треба хидратна крема и некој серум. И за пилинг ако имаш препорака би те послушала.
@FreeMind мојава кожа е комбинирана-мрсна , па најчесто користам прозиводи наменети за овој тип на кожа , меѓутоа го прочитав пред некое време овој пост на Биодевојка од блогот нејзин http://biodevojka.blogspot.com/2017/10/natura-siberica-royal-caviar.html , ако сакаш и серум интересен ми се гледа производов , читам дека е за сите типови на кожа па ќе ти одговара. И според состојките е за возраст од 35+ За крема од истата линија на Натура сиберика има и крема за лице , можеш да ја користиш наутро/навечер Производиве ги има во Белина па можеш да побараш прво тестери доколку имаат да ги пробаш пред да купиш https://www.bellina.mk/p/705/royal-caviar--krema-za-lice-za-zategnuvanje--50-ml За пилинг , јас го користам овој најчесто , може да се користи и како маска па пред да го измиеш да направиш масажа на лицето https://www.lush.com.mk/Cup-O-Coffee-Маска-за-лице-и-тело (ова е пилинг маска)
Зависи каде си во еу , јас во Грција на пример ги наоѓам по аптеки или ги порачувам од официјалната страна за Гр ова за Натура сиберика производите.За Лаш , сигурно има секаде низ еу, можеш да провериш на нивната страна lush.com
И да не можеш да ги најдеш во твоја близина на физичка локација, ЕУ е толку добро меѓусебно поврзана за онлајн трговија, што буквално од кој било сајт од ЕУ да го најдеш производот, за симболична сума или бесплатно ќе ти биде донесен до дома. Јас живеам во Германија, а досега имам нарачувано од сајтови од Унгарија, Франција, Грција, Финска, Романија, Бугарија, Италија се брзо фино без проблем.
Немам фб... Ја хидрирам со нивеа дневна и ноќна. Не користам шминка, избегавам гримаси да правам, јадам одлично, пијам и витамини. Џабе е, не помага, си треба хемија, но нешто што ќе финкционира. Супер, фала ти, ќе прочитам што како, и ќе одлучам.