Слушнав дека пантенолот доста делувал против брчки, а не е воопшто скап. Јас имам само една скоро неприметлива брчка на челото, дека сум 20 год па уште не ми излаваат, ама за таа ќе пробам да ставам после чистење на лицето, па ако се повлече ќе ви пишам. Исто така видов од Тианде еден серум за лице па се мислам дали да го земам како превентива, ако некој користел нека ми каже. https://www.tiande.mk/lice/tonik-losioni-serumi/хијалуронски-серум-за-лице-detail#desc еве го.
Сакам мала рецензија да дадам околу продуктите за брчки. Имено, до сега сум користела разни продукти и сум задоволна во однос на самото превенирање на таа проблематика. Но, освен соодветна хидратација, мекост и чисто лице, брчките не се намалија. Почнав да користам колаген во форма на апчиња како сликата подоле. На него пишува дека за точно 28 дена има видливи резултати. Се работи за продукт кој воопшто не е скап, со оглед дека самиот колаген во течна форма е исплатлив на долг рок, но има доста солена цена. Навистина, забележав огромни резултати. Не ми ги снема, но доста се намалија во однос на интензитетот и должината. Дури бев во прашалници, со оглед на тоа дека бев спремна и лифтинг да направам. Така да, кремите помагаат во однос на превенција, но колагенот ја решава самата проблематика.
Драга прости ми ја дури сега гледам дека си пишала. Малку доцнам со одговорот знам, ама ако сеуште ти треба препорака може да ти кажам да ја земеш на Др. Хаушка кремата за околу очи. Цената е некаде околу 1000 /1100 мкд не ме фаќај за збор, знам дека кошта доста за пакување од 15 мл.ама според мене е една од најдобро формулираните креми за зоната околу очите за твоја возраст. Има одлична хидратантна моќ, храни и ја оддржува еластичноста на кожата во тој предел од лицето.Воопшто не масти и не е тежок на очите. Од други креми евентуално може да пробаш од Алверде со гоџи бобинки кој се користи од 30 па нагоре (имаш 27 ама може да пробаш), Оваа е еден вид на превентивна крема односно за почетни брчки затоа што е убава хидратантна но и хранлива. Потоа крем околу очи на Др. Конопка регенеративен кој го имам пробано и мене многу ми се допаѓа. Многу е лесен како производ и не масти, а од тоа што разбрав сакаш производ кој е лесен. Еве одбери еден од овие три креми. Јас како и да е ти оставам едно видео кое го направив на тема кожа околу очите каде освен производи за нега има совети за дренирање на вишокот на течности и секако масажа со ролер. За било што слободно пиши.
800 или 850 ден, од еурофарм. Од прилика ако земаш по 2 имаш доволно за месец и нешто. Во комбинација со Vichy продуктите за брчки се полн погодок. Од нив ми се исчисти лицето и е навистина свежо и меко, а од апчињата приметив редукција на брчки.
Здеаво девојки дали може да ми препорачате некоја кремс или серум,јас освен хуалуронска од ревох ништо друго не користам и крема нивеа имам комбинирана кожа и акни,и некогаш го осеќам грубо лицево. мислам е време да користам нешто против превенција од брчки ви благодарам 26+ некоја крема ?
Ijas celo vreme gi merkam Roc kozmetika ,po fb po grupite citav zeni sto se zadovolni no kaj nas preteruvaat so cenite ,zamisli na nivnata web strana kremata e 23$, i jas sakam da go probam
Јас лично не сум задоволна, со оглед дека имам осетлива кожа, многу е агресивно за мене. Имам црвенило веднаш по користењето на нивните продукти. Им дадов шанса 5 пати и секој пат се разочарувам. На крај ги подарив сите продукти.
Контактирај ги La roche posay Makedonija на фб или инстаграм најдобро ќе ти кажат а можеш и во Зегин да прашаш (сити мол или гтц) Дали ја имаш пробано? Од колку год се препорачува?