Ќе ја тагнам @Biodevojka како најупатена но секој совет и препорака би ми значел... Се породив пред пола година а уште кога дознав дека сум бремена оставив скроз козметика освен една органска хидратантна крема од алое. Сакам да се вратам на рутината а најбитно ми е да вметнам препарат за флеки стари од сонце и некоја од акни и за брчки. Имам комбинирана кожа 35+ Користев ретиноид ниацинамид и азалеиска кна каконда терам сеа?
Здраво драга, јас би ти препорачала да оставиш киселини и ретиноиди. Не знам до кој буџет може да ти препорачам ама еве нешто во средина. За миење за комбинирана кожа земи го ова https://www.bellina.mk/p/1513/magic...-na-litse-za-mrsna-i-kombinirana-kozha-125-ml Како серум за хидратација и во случај на флеки овој https://www.bellina.mk/p/1059/glow-cocktail-serum-protiv-pigmentatsii-za-site-tipovi-na-kozha-30-ml Доволни ти се овие два производи наутро и навечер. Она што ти треба е нежна детерзија и правилна хидратација. Серумот е всушност серум- крем. Го имам моментално го тетирам и презадоволна сум. Кај и да е неделава ќе објавам статија за истиот. За било што слободно пиши.
Ти благодарам обавезно ќе ги земам се што си ни предложила до сега нема утка Уште некоја за брчки имам по некоја на челото под очите и околу усните се појавиваат при смеење @Biodevojka ako moze mislenje za kremava i serumot
Драга тоа се мимички брчки, само со масажа... Серумот е малку агресивен па би ти рекла не, а кремот е ок. Не е комплетно природен ама ок е интересна декларација.
Јас и ја купив на мајка ми првата ептен и се свиѓа цело време ми збори како сум и ја погодила кремата и одговара на кожата и она е 50 год.
На колку години обично може да се користат кремиве? Јас имам 23 ама во последно време ептен забележувам и брчки и подочњаци околу очиве, посебно кога ќе се насмевнам. Се мислев дали да земам некоја крема против брчки...
Немаш потреба од вакви креми , особено не на таа возраст. Тие линии се нормални како што кажа ти при смеење ,нема кој ги нема. А за превенција од вкви брчки во иднина Спојлер: Брчки https://iskincarereviews.com/wp-content/uploads/2018/06/eye-wrinkles.jpg Најдобро ќе ти биде да ти земеш крема што ќе ти дава хидратација и со тоа ќе превенираш да не ти се појават брчки мн порано.
Пред неколку дена купив крема за брчки демек од органски грејпфрут, и со Q10 за први брчки од Алверде, засега ми е океј, лицето ми го прави мазно и му дава некој сјај. Немам јас многу брчки, освен околу очите така и една на устата досега креми за брчки имав користено од Биотен, Афродита и Нивеа и не ми беа нешто најнај погодени на кожа, откако ќе ставев, цела крема ми се лупеше и како трошки бели се ронеше на лице, а сега овој од Алверде веднаш се упива и не ми прави воопшто такви трошки на лице, не е ни скап воопшто. @Biodevojka Ми текна сега тебе да те прашам за мислење за кремата
Не знам колку години имаш ти, ама дали може кремава да се користи на 25 години? Пиев колаген порано 2 месеци ама немав никаков резултат, ова бар визуелно да ми ги измазни колку толку. Обични креми, ниацинамид, АХА, масла не ми помагаат а не би да користам ретинол на 25 години. Иначе го видов јас составот на кремата, добри се состојките, како и на сите други работи на Алверде. Е сега за ефективноста ти ќе се пофалиш
По мое лаичко мислење, кремата е добра според состав, ама сакав да ја прашам како постручна и Биодевојка, сепак иако пишува на декларација дека е од органски состојки, сепак има и хемија. Инаку засега ми е погодена, уште од прво мачкање ми се погоди, за разлика од другите досегашни креми. Не ти ја препорачувам за користење, иако е океј кремата, бидејќи е за над 30 години, а ти имаш 25, за мене е таман, за тебе барај некоја друга од Алверде, бидејќи навистина се солидни и по цена и по бенефиции за кожа
Здраво, имам 30 год и пред 3 месеца ја користев околу 10 дена кремата против брчки од Лореал ревиталифт. Не знаев дрка била за возрасна кожа кога дознав ја прекинав веднаш. Сега лицето посебно во делот на челото ми е ко надуено мрсно и со отворени пори. Па сакам да ја прашам @Biodevojka дали ова спротивно дејство ке пројде со тек на време или ќе си остане вака упропастено? Претходно челото ми беше затегнато дури и ми се лупеше, а сега е надуено мрсно и нерамно.