Антиоксидантна на Натура Сиберика виолетово пакување, ја гледав на попуст беше. Со спф 20 А инаку матот на Леврана со спф15 е супер исто така. Може е мал, ама за овој дождлив период според мене е океј.
Здраво, мислење за дневниот крем Eucerin Hyaluron Filler и дневниот крем L'occitane Immortale Precieuse?
Дали оваа крема со пептиди и серумот од истата линија се безбедни да се користат во бременост? Се мислев да земам ретинол некој мал % но можеби ова е подобра опција за почеток. Досега немам користено ништо против брчки и бидејќи читав за ретинолот дека не е безбедно да се користи за време на бременост, се двоумам... Препораки?
Никако ретинол во бременост. Оваа крема можеш да ја земеш, крема со пептиди може да се користи во бременост
Немам искуство ама искрено. По состојки за таа цена нема ништо против брчки внатре … Се што има е за хидратација и ќе помогне на серумот што ќе е за против брчки. А ова само нема да ја има таа функција. Само мој совет .
Благодарам. Ми рекоа Хада Лабо е добра козметика, а сега во ДМ е на попуст. Може ќе пробам друга некоја. Ми треба против стареење.
Баш оваа крема последно ја користам, при крај сум и најверојатно пак истата ќе ја земам. Кремата е одлична, можеби една и од најдобрите што ги имам користено до сега. Нема ретинол или некои појаки антиејџ состојки али одлично ми го хидрира лицето и ме прави некако свежа. Сакам сега и серумот или некој од другите производи да ги пробам од истава линија.
Предлог за бб крем или хидрантен дневен крем, имам суво чисто лице, ама почнаа да ми се прават брчки. Користам лореал 35+ дневна крема и ноќна.ноќната не ја ставам редовно. Користев бб крем од гарниер од сабајле е супер ама попладне поцнува како да се собира на делови, како портокалови флеки изгледа, исто бб кремата ако ја ставам после хидрантен дневен крем некако ми е ептен вишок на лицето го осеќам и не ми се впива некако убаво..Пудра не користам никаква од причина што каква и да ставам ми изгледа како исцементирано лицето, и затоа избегнувам.Ставам само дневен крем и руменило. Сега ради брчките земав серум од авон кој се нанесува пред дневната крема ама ептен го затегнува лицето, некако цело време го осеќам како оптегнато.
@macalavica За креми , мој предлог https://www.lush.com.mk/Skins-Shangri-La-Крем-за-лице https://www.lush.com.mk/Skin-Drink-Крем-за-лице https://www.bellina.mk/p/386/nourishing-krema-za-litse-za-normalna-i-suva-kozha-50-ml?categories=36 За бб крема или Missha црвената или на Буржуа пудрата и крема во боја сега таа им е нова излезена во продажба , од Хелти микс линијата.
Јас мислам дека од мене ретко кој има посуво лице, и до сега од колку многу испробани ББ креми, оваа е единствената која во целост ги исполнила моите очекувања. Многу е хидратантна, лесно покривна, лесно се размачкува и лицето го прави преубаво. Плус составот и е целосно природен. Може да се купи директно во Белина био шоп, а мислам дека ги имам видено и во Космо и во ДМ. https://www.bellina.mk/p/1069/365-d...so-zashtiten-faktor-spf30-50-ml?categories=94
Дефинитивно се согласувам. Кремот на Моса го користев цело лето еве веќе две години, ми се допаѓа фактот што го изедначува тенот и дава преубав здрав изглед на кожата. Од мене чиста 10-ка.
Здраво на сите, Имам брчки на вратот. Дали би можеле да ми препорачате крема специјално за ова? - по можност органска без тешки хемии? Ги имам од мојата 22ра година (сега сум 32), но во последните неколку години стануваат се подлабоки и повидливи. Има ли чаре за брчки на врат? Фала ви многу однапред
Препорака за органска хидратантна крема 30+ ? Имам комбинирана кожа но со што и да мачкам ја чувствувам затегната. Нешто поекономично до кај 500-600 ако се наоѓа, на алверде сите креми ги испробав и ништо не ми одговара. Ако може помош и од @Biodevojka фала
https://www.bellina.mk/p/1384/hydra-aloe-vera-24h-khidratantna-krema-za-litse-od-aloe-vera-50-ml Јас оваа на Со био етик ја имам користено, супер хидратантна е. Има од неа полесна верзија https://www.bellina.mk/p/10/age-def...dratatsija-na-zrela-kozha-50-ml?categories=41 Еве и друг предлог