Дали имате користено крема против брчки од еуцерин и како сте задоволни? Дали ги користиш сеуште кремите и како си задоволна?
Денес за првпат си забележав брчки околу очите. Се изненадив непријатно. Мислев мене ќе ме прескокнат тие секирации, ама ете не.. Под 35 год сум, имам розацеа или купероза не знам(сама дијагностика направив), сува кожа со понекогаш ретко масен нос. Која крема за околу очи, серум, мицерална за миење да земам што би ми помогнало?
Тука сме со возраста , јас за превенција ја земав кремата со ретинал на Beauty of joseon, ја користам некое време и не само околу очи туку и на чело, меѓу веѓите , скоро на цело лице пред кремата што ја користам навечер , не очекувам чудо да направи ама ете и добра хидратација дава , ова е најважно особено за тие што имаат сува кожа. Само мора долго да се користи па да се види некој резултат. На почеток внимавај ретиналот е прилично јака состојка и мора да се воведе пополека прво еднаш неделно ќе ставаш а потоа ќе зголемуваш. И само навечер се користи кремава. Јас не би ти препорачала да ја ставаш на цело лице , поради тоа што имаш розацеа. Или најдобро да си прашаш.
Да замолам некој да ми препорача добри креми за лице против брчки, имам 41 г, нормална до комбинирана кожа, со 2 - 3 поизразени линии на челото. Се размислував за дневна и ноќна антиејџ крема од арган на sobio, ама не ми се зема нешто непроверено.
SoBio се одлични, веројатно им се добри кремите. Оваа со арган ја немам пробано, ја имав таа 5во1 со алое и беше навистина прекрасна. Ѕирни ја и Lift grenade, ми изгледа дека ќе биде добра. Ќе ти предложев да ги ѕирнеш кремите на Mizon, но гледам дека многу е слаб изборот, изгледа ги немаат на залиха веќе продуктиве на брендов, па ништо oд опцијава. Единствено да ја разгледаш линијата Аdvanced snail 92 на COSX, таа е ептен добра.