1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Креми против брчки

Дискусија во 'Лице' започната од maja8, 17 јануари 2010.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.937
    Допаѓања:
    12.591
    Бев о салон кзометички и гледам баба пензионерка сака дасе ослободи од брчки. Па ги прашав вработените кога треба да се користи нешто како превентива, и рекоа по 27.
     
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Серумот е ПРЕУБАВ

    [​IMG]

    На него стои дека 2-3 капки се доволни за целото лице и врат. Првиот пат кога ставив, мислам дека минимум 12 ми беа потребни! Си реков Ај нема врска, ќе го дотрошам па ќе видам како ќе е крајниот резултат.
    Следниот пат ми требаа 9, после тој 6, и сега сум на 3-4 капки (а го користам нецела недела). Заклучок - лицето ми било суво барут бре! :D

    Сега ми е преубаво, после само толку кратко време! Не користам во моментов друг крем, само серумот, кој го нанесувам на чиста кожа (со пилингот од бисер на Алверде) наутро и навечер. Супер ми е и за пудрата, не светнува воопшто :)
     
  3. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Каква крема за лице користите?

    Јас се изначитав сешто по интернетов и се советував со двајца дерматолози од различно годиште и двајцата (многу нормално кога јас сум во прашање) уште повеќе ме избунија :/

    Значи дали после 25 години треба да се почне со третмани за против брчки (мислам на користење дневни и ноќни креми со состојки како Q10 и слично)? или пак да си одам утре да си купам бекутан и да си терам работа? Значи стварно не знам шо да мислам повеќе.. кожата супер ми ја прават и едните и другите креми и не можам да ја видам под микроскоп кожава дали ми има некакви промени во врска со ситни брчки или не ..
    Некои викаат дека подобро е да се спречи појавата на брчките уште пред да се појават отколку после да ставаш се и да не ти помага во прикривање на старите туку само во спречување на нови, а некои пак викаат дека дури после 35-40та треба да се користи таква крема. Аман помагајте! :)
     
  4. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Каква крема за лице користите?

    Можеш за почетокк да пробаш со некоја линија која е баш за спречување на првите брчки. Обично и козметичките куќи прават категории по децении од животот. Јас лично околу 28-29 почнав со малце појаки креми, пред тоа се грижев кожата секогаш да е добро хидрирана. После 30тата почнав и на козметичар да одам, за потемелно чистење и нега од она дома што самата го правам.
     
    На AhThatFemaleProblems му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Каква крема за лице користите?

    Бекутанот е бебешка/детска козметика што нема да ги задоволи потребите на твојата кожа. Пробај да најдеш нешто соодветно на возраста и типот на кожата.
    Мое мислење е дека треба да почнеш да употребуваш креми за 25+ што содржат состојки за одржување на еластичноста на кожата. :)
     
    На AhThatFemaleProblems му/ѝ се допаѓа ова.
  6. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.478
    Допаѓања:
    10.551
    Пол:
    Женски
    Вчера се отепав барајки по аптеките крема само за хидратација и темни кругови околу очите, и само во една аптека ми ја предложија Леа за околу очи,и ја земав, всушност дома видов дека е антирид крема ама не пишува возраст :^) . Малце сум скептик дали да ја користам, има искуство некој со неа ? Да не е за зрела кожа ? Страв ми е да не си направам некој проблем, некако рано ми е за вакви креми :$
     

    Прикачени фајлови:

  7. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.108
    Допаѓања:
    40.311

    Масна е?
     
  8. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
  9. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Да, масна , но добра структура има
    Јас ја користев со 2,3 ампули витамин Е во него, не беше лоша супер ја навлажнуваше кожата но дали е антирид не можам да ти потврдам. Сепак е многу ефтина за да го имма тој ефект
    Јас ја користев на 23/4 години :D
     
  10. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.478
    Допаѓања:
    10.551
    Пол:
    Женски
    Каде наогате ампула витамин Е, јас секаде пребарав и не најдoв :wasntme:
     
  11. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    најдов само една во малечка локална аптека
    кога ја потрошив купив капсули витамин е и им го стегат тоа течното од внатре :)
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  12. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.108
    Допаѓања:
    40.311
    јас имам 23 и сакам нешто да почнам да користам аама поим немам што :)
     
  13. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    5.887
    Ми требa дoбрa кремa зa хидрaтaцијa, aкo мoжете препoрaчaјте.

    Ми се пoјaви хoлемa хoризoнтaлнa длaaбoкa брчкa нa челoтo. Чaре,решение???
    А не сум стaрa бе..:(
    Крем нa кoј штo пoмoгнaл бaрем дa се нaмaли брчкaвa.. ?
    И гледaм кaј oбрaзите,кaaј устaтa мaaли,ситни..:'(
     
  14. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Здраво SunnyGirl, незнам колку години имаш ама обично креми против брчки се користат во подоцнежните години. Ако имаш под 30 години не би ти препорачала класична крема против брчки затоа што многу често тие содржат и други состојки кои сеуште не и требаат на твојата кожа. Она што јас би ти препорачала е масло само на оние места каде имаш видлива брчка не на цело лице. На пример како масло против брчки е на прво место арганот кој помага и против акни или пак рицинусовото масло нанесено само на местото од интерес видно ја подобрува состојбата. Доколку навистина сакаш некоја крема земи анти ејџ крема за околу очи и таа користи ја само на местата каде имаш проблем со брчките. Многу важно е да земеш чиста крема без силикони и нафтени деривати. Јас би ти предложила неколку линии нема проблем, ама кремата е многу индивидуална и она што одговра на еден не одговара на сите. Еве како убав богат крем може да го пробаш од роза на Др. Хаушка, или пак високо хидратантниот крем на Гамард. Исто така имаше еден убав крем на алверде, сега не ми текнува како се вика ама го забележав пред некое време и го разгледував составот. Или пак како што ти кажав убав крем за околу очи кој ќе го користиш и на тие места или пак чисто масло само на тие места. Се надевам ти помогнав. За било што слободно прашај. Поздрав
     
    На Biljanata му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mr.Mary

    Mr.Mary Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    http://womensnewsherald6.com/direct...=12163&s4=1294587&s5=126027&sxid=c6igkh758w53
    Сосема случајно налетав на ова, изгледа како некое чудо. Скоро сите се задоволни и по коментарите читам.
    Сакам да и ги купам на мајка ми , знае ли некоја како да ги добијам?
    И дали случајно некоја пробала со овие две обилни креми и дали имало резултат како што пишуваат.
     
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.789
    @Biodevojka или друг кој има искуство, би можеле ли да ми препорачате квалитетна крема(дневна и ноќна) плус некој серум или уље за минимализирање на постоечки и спречување на појавување на нови брчки.
    За многу сува кожа кај лице +/- 60.
    Истовремено и препорака за дневна и ноќна крема за почетни брчки кај особа околу 30 год..
    Небитно производител или цена.
     
  17. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, ме знаеш дека сум по органското па еве ќе ти препорачам убави органски производи. За крема против брчки за 60 дефинитивно е колекцијата анти ејџ на Гамард. Во еурофарм ќе ја најдеш и на попуст ако купиш крема за лице со серум, кремата околу очи доаѓа гратис. Кремата за лице е универзална може да се користи и наутро и навечер, а серумот само навечер ама многу ја фалат. Лично ја немам пробано ама знам луѓе кои ја користат и се ептен задоволни. Ако не се лажам на промоција сите три производи се 4174 денари. За помлада кожа доколку сакаш од Гамард има една фантастична крема со чист витамин Е, арганово масло, масло од лешник и шеа путер. Ја има во три верзии за нормална до комбинирана кожа, сува и многу сува кожа. Според состојките одлична е за почетните брчки затоа што има високо навлажнувачко дејство, а витаминот Е делува позитивно кај почетните брчки и видно ги ублажува. Цената е околу 1100 денари. Друга крема за почетни брчки иако не е назначено според мене е Хаушка од роза. Има доста богати состојки како масла и путер кој за цел имаат да ја зачуваат влажноста на кожата а со тоа и да ја спречат појавата на брчки. Има за сува кожа и за нормална верзијата роза лајт. Цената е околу 1300 денари (горе доле). Имам во план да истестирам една крема на Vivooleo за длабока хидратација и против почетни брчки па ќе ви пишам каков е резултатот. И таа е тука некаде околу 1300 денари. Поздрав.
     
  18. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    На која возраст да се почне со кремите анти ејџ?

    [​IMG]

    Во изминатиов период најголем број на прашања добив токму за оваа тема: кога е вистинско време да се почне со третмани анти ејџ? Каква крема да се одбере? Долго време се подготвувам да напишам нешто токму на оваа тема, поради многубројните прашања, но и поради фактот што кога шетам низ продавници во потрага по нови препарати, гледам многу млади девојчиња кои се двоумат каква крема да изберат, дали уште од сега да започнат со производите кои содржат Q10, колаген и други активни состојки против брчки. Еве, се надевам дека ова што ќе го прочитате на некој начин ќе ви помогне во изборот на вистинскиот производ, и ќе ве насочи во правилна насока.

    Најнапред да одговорам на прашањето на која возраст треба да се започне со анти ејџ кремите: не можам да одредам одредена возраст. Сѐ зависи од начинот на живеење, исхраната, генетската предиспозиција, дали пушите или не, видот на кожата и секако негата која ја посветувате на самата кожа. Меѓутоа ова не значи дека уште на 20 години треба да се користи крема со колаген и Q10, туку дека треба да се направат некои промени и подобрувања во начинот на живеење.

    Нашата кожа има способност за константна регенерација и старите клетки изумираат и се заменуваат со нови. Овој процес е поактивен во помладите години, додека со текот на времето се забавува, под дејство на слободните радикали, што допринесува до појава на брчки и стареење на кожата. За да ја спасиме кожата и да го забавиме овој процес и да и помогнеме на кожата во својата обнова, од голема важност е да на некој начин им се спротивставиме на слободните радикали.

    1. Чистење на кожата

    [​IMG]

    Загадениот воздух во поголемиоте градови многу влијае врз предвремено стареење на кожата, и затоа од огромна важност е правилната нега на кожата. Сѐ започнува од доброто чистење на кожата со благ производ кој има за цел да ја исчисти, меѓутоа да не ја обезмасти, туку напротив да ја нахрани и на некој начин да ја задржи влагата и еластичноста на кожата. Чистењето на кожата е важен предуслов за било која возраст, само чистата кожа е здрава кожа. Исто така, од огромна важност е да ја вадите комплетно вашата шминка пред да одите на спиење. Без разлика колку и да сте уморни, ве молам сторете го тоа. Кожата навечер е најактивна и кога ние спиеме, таа всушност се буди. Активно прима се она што сме нанеле пред да си легнеме и доколку легнеме со нечиста кожа со шминка, таа кутрата ќе ги впие сите нечистотии.


    2. Заштита на кожата

    Од огромна важност е адекватна заштита од сончевите зраци во текот на целиот летен период, и тоа не само на плажа, туку и кога шетаме по улица во нашиот град. Сонцето не бира дали сме на плажа или на улица, како и да е ќе го направи своето. Неконтролираното и неправилното изложување на сончевите зраци и тоа како придонесува за предвремено стареење на кожата. Затоа ви препорачувам добра заштитна крема со висок фактор, по можност органска и со физички филтри. Сонцето е од огромна корист за нашиот организам и расположение, ама не треба да се претерува. Исто така, немојте никако да одите во солариум. Верувајте ми нема ништо полошо за кожата од ова. Знам дека повеќето од вас сакаат убав потемнет тен, ама скапо ќе го платите со предвремено остарена кожа.

    [​IMG]

    3. Правилен производ за нега на кожата

    Многу е важен и производот кој ќе го нанесеме на кожата кој треба да одговара на нашиот вид на кожа и да содржи одредени состојки кои имаат ефект во борбата против слободните радикали. Ова секако не подразбира дека веднаш треба да нанесеме крема со Q10. Чистите масла (арганово, кокосово, јојоба) и шеа путерот претставуваат одличен производ за нега на кожата и кремите кои ги содржат се од огромна помош. Длабински ја хранат кожата, ја навлажнуваат и ја оддржуваат еластичноста на самата кожа, а со самото тоа го спречуваат и предвременото стареење. Потоа, кремите богати со витамин Ц и витамин Е, може да бидат од огромна корист. Помладата кожа има потреба од едноставни креми без многу анти ејџ состојки, кои сепак се прикладни за видот на кожата и имаат за цел да ја оддржат влажноста и да ја хидрираат самата кожа. Позрелата кожа има потреба од повеќе активни состојки како на пример колагенот или коензимот Q10 кој помага во оддржување на еластичноста на кожата.

    [​IMG]

    4. Правилна исхрана

    Како што напоменав на почетокот, кожата старее не само од неправилна нега, туку и од лош начин на живот (цигари, алкохол) и неправилна исхрана. Од голема важност е да се конзумира што повеќе свежа и сирова храна како зеленчук и овошје, потоа гоџи бобинки кои се богати со антиоксиданси и витамин Ц, јаткасто овошје, риба и интегрални житарици. Исхраната мора да биде избалансирана и разновидна.

    5. Пилинг и маска за лице

    Од време на време пожелно е да се направи благ пилинг и маска на лицето (во зависност од видот на кожата), со цел да се отстранат мртвите клетки од кожата и убаво да се нахрани. Секако не треба да се претерува и да се прави често затоа што може да се постигне спротивен ефект.

    [​IMG]

    Драги мои, следен пат пред да истрчате во продавница за да купите некоја моќна анти ејџ крема, пробајте да примените некои од овие совети. Ќе видите дека полека состојбата на вашата кожа ќе се подобрува и ќе видите прекрасни резултати. Секако предност дајте им на органските производи со убаво избалансирани формули, без штетни состојки и со благи измивачи во својот состав.

    Голем поздрав и до скоро читање.

    Вики
     
    На BossGirl123 и martty06 им се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.789
    Нанјпрво фала на одговорот за поставеното прашање а и за несебичното споделување на своето знаење низ многу теми на фемина.
    На жалост не успеав да најдам креми од колекцијата на гамард овде каде што живеам, но следејќи го твојот совет за органски производи се одлучив за др. шелер (дневна, ноќна и серумот)во комбинација со производи од веледа и лавере. Се надевам не згрешив.
    Bildschirmfoto 2015-08-26 um 10.42.30.png
    За мене успеав да ја најдам кремата од др. хаушка. Односно имав можност да ја пробам како дел од мини сетот за сува кожа.
    Bildschirmfoto 2015-08-26 um 11.04.01.png

    За сега сум презадоволна од тоникот и кремава. Кога ќе го дотрошам мини сетот дефинитивно ќе ги набавам во нормално пакување.
    До сега користам од клиник 1-2-3 системот за сува кожа и сум задоволна, но сеуште ми се појавуваат места со првут на кожата од време на време. Ги пробав и млекото и кремата за чистење на лицето од Др. Хаушка како дел од сетот. Ќе почекам да видам како реагира кожата на истите и дали евентуално би продолжила со нивното користење или ќе останам на постоечките.


    Од кремата за околу очи на клиник истотака не сум задоволна. Паковањето ми е на крај па сум во фаза на истражување за нова крема.Истот се однесува и на серум за лице. Имаш ли искуство или познавање за истите од колекцијата на Др.Хаушка.
    Дојам во моментов па тоа е причина плус поради која би дала предност на оваа фирма бидејќи уште во фазата на бременост во составот на многу производи пронајдов состојки кои не се препорачливи за оваа состојба.
    Фала однапред.
     
  20. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Здраво убави се сите работи што си ги земала. Шелер ја немам пробано ама оваа колекција е Био и добра по состав. Од Хаушка ја имам пробано кремата за околу очи (онаа флуид ви тубичка оти има уште една во кутивче) и навистина е добра. Ми се допадна многу и доколку може да ја набавиш ти ја препорачувам. Серум не сум видела, ама ако сакаш ќе побарам некој убав за сува кожа. Поздрав и баш ми е мило што најде производи што ти одговараат.
    п.с. Гамард ја има во аптеките на Еурофарм, ако ја има во твојот град може таму да ја нарачаш. Поздрав
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.