Не напоменав дека во моментов користам серум за хидтратација на авене кој го набавив заедно со дневната крема од истата фирма со спф фактор. Кремата не е лоша, посебно поради спф факторот ми е добра за нанесување преку ден под тонизирана крема, но серумот ми е некако многу ``лесен``. Совет за серум кој нуди не само хидратација туку и против почетни брчки, погоден за во постудените денови кои доаѓаат би бил добредојден.
Imam takva grooozna linija na dekolteto,na mestoyo kaj sto stoi lance..nekoja krema sto bi mi pomognala ili nema spas za mene
Земи чист (нерафиниран) шеа путер. Понекогаш решението е пет пари. Ниедна скапа формула не ме воодушевила како чудово. Не можам со сигурност да ти посочам каде точно може да го најдеш но, мислам дека Биодевојка имаше споменато дека го има во Ла Сој. Ми чини може да се најде и во Биокулт. Пробај and spread the news.
Да, го има и во биокулт само е доста поскап затоа што е органски мислам дека некаде околу 900 денари, во ла сој не е органски и цената е 220 ако не се лажам или 280 повеќе не. Исто така има и шеа путер со невеново масло и вит. Е кој е за бебиња ама според мене е одличен за нега околу очи (невенот додатно храни а витаминот Е е фантастичен за кожата околу очите). Точно е дека решението понекогаш е пет пари, само треба да се експериментир со сите состојки кои ни ги дава природата. Поздрав.
а овој шеа путер со невеново масло и вит Е исто од био космос? Инаку барав вит.е во ампула за друга намена но нема по аптекиве..? каде е ова ла сој?
Здраво витамин Е во ампули само во Зегин ќе најдеш. На фитофарм беа ако не се лажам или галафарм. Шеа путерот со невеново го прават во ла Сој. Нивните продавници се наоѓаат во Ск. карши Соборен Храм и во Веро Џамбо. Поздрав
Кој крем против брчки е најефикасен според вас? За мајка ми, има скоро 60 год. До сега користеше нивеа Q10, но мислам дека веќе и се засити лицето од него. Предлог некој, до кај 700-800 ден? @Biodevojka
Здраво за таа цена одличен крем против брчки е на Алоедермал анти ејџ со матични клетки од грозје, хијалуронска киселина, витамин Е и алга Хондрус. Некаде околу 460 денари е. Го има во аптеки. Јас го користам моментално оној другиот крем за хидратација од истава линија. Исто така фантастична е и кремата околу очи и уста од истава линија која беше некаде околу 440 денари или нешто слично. Имам рецензирано две креми од оваа колекција онаа за хидратација која ја користам и за околу очи. Без разлика на тоа што кремава што ти ја препорачав ја немам рецензирано, составот е одличен и природен и кремот е екстра. Пробај го за мајка ти. Поздрав.
@Biodevojka и јас во темава, заинтересирана сум за состојките ретинол и пептиди. Мајка ми очајно сака да користи некоја убава крема со тие состојки. Имаш ли нешто да ме просветлиш?
Здраво драга Џинџер не те заборавив. Баш со тие состојки некоја убава крема не најдов ама има одлични природни креми со други состојки. Ако сакаш ќе ти дадам една листа. Поздрав. Здраво драга за таа возраст би ти ја препорачала онаа на Dr. Hauschka. Навистина е одлична. Малку е поскапа ама вреди. Доколку сакаш нешто поекономично кажи. Поздрав.
Драга Џинџер, се подготвував да ти пишам една листа на креми и вчера случајно во ДМ видов една супер крема која би требало да и одговара на мајка ти, а воопшто не е скапа. Станува збор за кремот на Natuderm за зрела кожа. Имаше дневен и ноќен крем и чинеше некаде околу 450 или 470 денари. Може да го пробате, според мене многу убава формула со гинко, авокадо, витамин Ц. Вреди. . Другите кои ќе ти ги предложев се доста скапи за една крема од другиве ќе ги земеш овие две заедно според цената. Доколку сакаш и од поскапите ќе ти пишам. Поздрав.