Здраво, @Biodevojka пред некој временски период ми ја препорача овааа крема на Грамаде-мене ми се допадна густа структура, лицето како да ми стана поубаво, кожата поцврста, исто и тенот поубав. Со една колешка разговаравме за кремата и и кажав дека откако ќе ја нанесам кремата, целото лице како да ми се поти, кога пудра ќе ставев истото се случуваше, ми рече не ми одговара и отогаш пак лутам по крема. Дајте некој предлог за крема против брчки, сува кожа, а во последно време почнаа и по некоја црнка да ми се појавува. Може и крема околу очи, ноќна, маска... Незнам дали може да се користат креми од различни марки -производители во исто време. (пр. За очи од еден производител , ноќна друг...)
Здраво драга, можеби кремава не одговара на твојот тип на кожа сите сме различни и индивидуално е кај секого. Најнапред да ти кажам дека секако може да користиш креми и од разни производители не мора да бидат од ист важно е да ти одговараат. Потсети ме каков тип на кожа имаш за да ти предложам нешто друго. Поздрав.
Сува кожа, не ми е осетлива, но во последно време ми се појавуват и по некоја црнка. Навечер често пати околу очите и устата ставам Арганово масло.Фала
Биодевојка бидејќи се разбираш на оваа тема, ај препорачај некој природен начин како да се негува кожата на лицето и вратот.
Дали би можеле да ми предложите крема за лифтинг на лицето? Немам брчки, меѓутоа многу чудно, кожата значително ми стана опуштена, иако ја негувам, и страв ми е дека за 2-3 години ќе изгледам како питбул, а тек па на 30....
Здраво драга, колку години имаш, каков тип на кожа и што точно сакаш природно за нега на кожата, крем чистач, лосион итн. Поздрав. Здраво драга, колку години имаш и каков тип на кожа?
Драга MacaLove не би си дозолила да ти препорачам лифтинг крема на 21 година. Како тоа ја чувствуваш кожата опуштена? Каква крема користиш за лице? Доколку имаш масна кожаа ти советувам да пробаш алое вера гел кој дава еден вид на лифтинг ефект кој е природен и моментален и е погоден за масна кожа со оглед на тоа што е на водеста база и доста освежува и хидрира а не масти. Тоа е единствен лифтинг ефект кој би можела да ти го препорачам. За сѐ друго ми изгледа рано. Поздрав
Така, опуштена, веќе се повеќе и повеќе ми се познава како вишок кожа во делот околу устата, 1 ипол cm од неа, ако ме разбираш на што мислам. Ти благодарам многу, а дали би можела да ми препорачаш каков алое вера да земам, и дали чист или? Не верувам дека во кремите го има во поголем процент...
Јас би ти препорачала алое вера гел кој е за внатрешна употреба со оглед на тоа што е најчист како производ. Пробај го оној на Алое Ботаникалс ќе го најдеш во аптеки во големо бело пластично шише од литар. Освен за лице може слободно и да го конзумираш. Поздрав.
Заби имаш вадено? Ако си вадела заби, поради снижување на загризот може да се јави опуштање на кожата на лицето во пределот околу устата.
Само една 6ка доле ми е извадена...други немам. Ај фамилијарно да речам дека е, не е, моите воопшто не се старолики ниту пак имаат таков проблем.
Неодамна читав за еден домашен препарат кој го "пегла" лицето.Планирам да го испробам што поскоро.Рецептот беше вака: -1 лажица густин -5 лажици сок од морков и -1 лажица павлака Густинот се раствара со пола шолја вода.Се става во тенџере на оган и се досава уште 100 мл вода,се меша додека згусне.Потоа се додаваат сокот од морков и павлаката.Сето тоа се става на лице 25-30 минути и се плакне.За подобар ефект се повторува 2-3 пати псоледователно.Демек резултатите биле видливи веднаш.Освен за брчки го затегнувало и лицето и изгледало посвежо.Рецептов е од српски портал,не можев да го најдам па си го запишав за секој случај,може ќе помогне за некој.Немора само скапи препарати да купуваме.
@Biodevojka ako mozes i mene da me sovetuvas Sakam preventivno da pocnam da koristam krema protiv brcki. Glavnoto prasanje,koja?Sepak,cenata da e pristojna. Inaku,imam normalna koza. Nikogas ne sum praktikuvala krema ispod pudra.Ednostavno,nekako me prepotuvaat,dali ke me razberesI bez kremata,pudrata mi bila ok.Sum koristela revlon,maxfactor i veke skoro pola godina,essence. Krema stavam samo hidrantna nokna na nivea(taa temno plavata) i bas mi e nekako pogodena. Ama sega na um mi e preventivno za brcki,tvoj sovet,mislenje? Ti blagodaram na odvoenoto vreme
Ок, фала на одговорот. Значи мое мислење е дека пред пудра обавезно се става крем за лице не само како подлога туку и да ја негува кожата а и на некој начин да ја заштити. Доколку кожата ти се поти ќе одбереш флуидни креми кои тоа ќе го спречат, меѓутоа еве мој совет ти е да не ја ставаш пудрата без крем па ти како сакаш секако. Што се однесува до анти ејџ крем за лице со убава формула и пристојна цена ти го препорачувам кремот на алоедермал. Има два вида едниот е хидратантен го користев лично и многу ми се допадна за нормална до сува кожа, и одличен е под пудра, а вториот беше специфичен анти ејџ само што го немам видено во Ск, само во Италија. Е сега овој хидратантниот има и една алга која се нарекува хондрус (Chondrus Crispus) од која се извлекува една состојка која има структура како желатин. Оваа состојка има оргомно регенерирачко дејство врз кожата, особено врз чувствителната кожа склона кон иритации, благодарение на големото количество на магнезиум и калциум. Има големо антиоксидантно дејство и го намалува дејството на слободните радикали. Овој крем исто така содржи и хијалуронска киселина. Мислам дека ќе ти биде добар, а со пристојна цена е како што побара (460 денари). Има и други убави анти ејџ креми ама се доста поскапи (не знам до која цена сакаш). Поздрав.
Јас користам некој флуид од Еуцерин за првите брчки... имам сува кожа особено во зима, не сум забележала ништо особено откако јакористам кремата освен што наутро повеќе неми е мрсна т зоната. Како да ми ја матира... Добро е тоа или?