Почнав да ја користам пред една недела и мене ми ја матира кожата и баш заради тоа мислам дека е супер
Доста ми ги фалеа производиве на Еколаген од Орифлејм...и се зачленив специјално за нив за да ги земам поефтино цел сет и морам да кажам дека навистина има ефект Малку бев скептик ама вредеше секој денар
Pred nekolku dena kupiv krema OLAZ na prirodna baza so zelen caj. Imam 29+ na kremot pisuva od 25god. nagore. Dali nekoja go ima koristeno da mi kaze iskustvo?
Здраво женски имам 25 години. Под очите имам мимички брчки од што имам многу сува кожа. Пред еден месец го земав овој крем на Нивеа. Но ме мачи тоа што пишува дека е за брчки но нема потенцирано од колку години се користи. @Biodevojka совет нешто...?
Здраво кремов не го познавам и никогаш го немам користено, ама еве на самата опаковка пишува Q10 што според мене е малку рано за 25 години. На оваа возраст најважно нешто е хидратација и хранење на кожата кое може да го постигнеш и без специфични анти ејџ состојки, со едноставно креми а сепак богаѕи со масла, алое вера гел и путери кои во комбинација ќе хидрираат и хранат. Има време вакви производи ќе користиш понатаму. Секако ова е само мое мислење. Поздрав.
За твоја возраст без некои спецофочни анти ејџ состојки би ти ја препорачала кремата од роза на Др. хаушка, едноставно е фантастична. Многу е густа како производ и мене премногу ми се допаѓа. Едноставна формула а сепак многу функционална. Цената и е околу 1100 денари ако не се лажам. Кај мене на блог ќе најдеш и рецензија. Другите горе долу имаат по некоја состојка за која е рано. Ај ќе разгледам уште нешто па ќе ти пишам деновиве. Имаше и една од флоранс ама не ми текнува како се викаше кремот. Како и да е за хаушка го имам лично пробано и ти тврдам, а за друго ќе ти пишам за ден два да ги разгледам. Поздрав.
Некој кој има искуство со кремите на Д-р Хаушка,ве молам да сподели информации.Дали се ефикасни, барав на интернет и знам отприлика каде се продаваат, но би сакала да слушнам повеќе за нив од искуства.
Здраво јас имам искуство со повеќе производи од Др. Хаушка како кремот за чистење со семки од бадеми, кремот од роза, кремот од роза лајт, кремот од дуња и кремот од мелиса. Исто така ги имам пробано маските за лице (сите 3), ноќниот третман N и кремот околу очи. Мене како линија ми се допаѓа, органска е , убава, а најмногу ми се допаѓа кремот од роза, кремот за чистење на лице, маската за регенерација и кремот за околу очи. Исто така ја имам пробано и пудрата и дел од декоративната козметика (маскари, сенки, кармин) ама за жал ги нема овде (додуше само пудрата ја има). Секоја кожа е различна и секој од нас е различен, така да треба да пробаш во зависност од типот на кожата. Поздрав.
@Biodevojka што мислиш за маслото од дива роза на Алверде? Под очите почнаа да ми се појавуваат брчки, а ја немам пречекорено ни 25-та година Или нешто друго да ми препорачаш? Сметам дека е сеуште рано за кремови со Q10 и други анти ејџ состојки. Некаде го препорачуваше некој бебешки крем од Ла сој, но не можам да го најдам постот.
Здраво драга, ова масло на алверде е одлично. Јас го имам користено како ноќен третман на цело лице и многу ми се допадна. На самото масло не пишува дека е за околу очи ама јас го пробав и мене ми одговараше. Базата на ова масло е јојоба која одговара на секој вид на кожа, потоа бадемово кое одлично храни, масло од семки од кајсија кое има големо регенеративно и анти ејџ дејство и масло од роза кое има голем анти ејџ ефект (природен). Ако не се лажам имаше и масло или екстракт од кокос. Како и да е одличен производ, мене лично ми се допаѓа. Поздрав. п.с. користи го слободно и на лицето како вечерен третман, доволни се неколку капки на благо навлажнето лице или во комбинација со алое вера гел. Ќе видиш каква кожа ќе имаш наутро. За околу очи пробај го во комбинација со алое вера гел за поголем затегнувачки ефект (благодарение на алое вера гелот).
Вчера вечер го ставив маслото, утрово лицето ми е прекрасно. Имам комбинирана кожа, но одлично ми е, т зоната не ми е воопшто масна. Не ми ги иритира очите, но ке го пробам и во комбинација со алое вера. Ти благодарам многу на одговорот п.с- каде можам да најдам алое гел? Инаку гледајќи на youtube туторијалите дека ставаат неколку капки масло на бјути блендерот, пробав вчера и јас. Имав супер ефект, пудрата многу убаво ми легна на лицето.
@Biodevojka ќе може да ми кажеш твое мислење за козметика Roc, ги има во зегин? Посебно ме интересира за анти ејџ ефектот. Дерматолог ми ги препорача, но би ми значело и твое мислење. Инаку имам 37 години, Фала
Женски јас имам 22 и си заприметив две поголеми длабоки брчку под очите. Почнав секоја вечер да си ставам павловиќева маст, наредното утро кога ќе се разбудам кожата под очите изгледа како ептен да ми е хидрирана. Мислам дека тие линии ( брчки ) се јавуваат заради тоа што кожата е сува. Вистински брчки ги сметам оние што се јавуваат на ивицата на окото. Овие моите се баш линии. Сакам да пробам со ноќната крема на Афродита, ама страв ми е да не ми ја иритира кожата како едно кремче со роза од Орифлејм.