Некоја добра крема против брчки(во последно веме забележав дека ми се значајно видливи на челото, и околу очи) имам 34 години и нормална/сува кожа, понекогаш мрсна на т-зоната. За цена нека е до кај 800ден
добар е тој што го купив и исти е како на сликава со 0,5 см игла , има и со поголеми игли. Ова може и за стрии да се користи и има ефект
Освен ова може ли да ми кажеш какви креми користиш. Прашав и претходно ама никој не ми одговори.... )
не користам пудри , туку само вазелин , внатре ставам витамини Ц, витамин Е овој е најважен витамин за кожата , и други витамини што ке ги најдам во аптека , лицето ми е стакло , влажно , светкаво како свила , немам брчки , мазно , и младешки изглед , кој и да ми го види лицето ме застанува да ме праша што користам Ама запомни без пудри! дерма ролерот боцките му се од 0,5 до 1,5 см , тие што имаат длабоки стрии и длабоки брчки требаат да го користат тој од 1,5 см , јас си го имам од 0,5 см . Слободно можете да отворите на јутјуб и ке видите искуства , само да знаете првиот ден ке сте црвени .
Не би се сложила со тебе дека е грешка, секојдневно добра пудра исто така ја штити кожата од надворешни влијанија.
A od kaj go zimas e vitaminot I kolku e zosto jas barav vo zegin ama nemaat, I dali rolerot go koristis vo delot pod ocite ili ne
Јас ќе ти одговорам за витаминот Е затоа што и јас го користам по препорака на една феминка Kaпсули со масло со Витамин Е од 400 мг на Synergy има во Еурофарм, околу 200 денари е една лента со 20 капсули.
Само сум згрешила, 15 капсули се Kako и да е, јас ја дупнувам капсулата и го нанесувам маслото околу очите, а потоа и на другите критични места. Јас ова го правам еднаш неделно, не знам точно колку пати може но сметам дека ова ми е доволно.
Ќе морам да се вмешам ама ова со вазелинов е чиста небулоза. Бесмислица е дека од него се има чисто и мазно лице. Од него само штета а не корист. Јас на петици не го ставам а не па на лице Од толкав избор на креми , за сечиј џеб, за било кој тип на кожа вазелин ми е сулудо да одберам да користам. Не си играјте играчки со секакви експерименти и со се што ќе прочитате тука. Вазелин може да ги затне порите и да направи хаос друго не!
јас го користам вазелин со невен ( така го купувам ) и нанесувам на чисто лице , навечер , и другиот ден се прекрасни резултатите. Ова е моето лично искуство. Ти го имаш користено штом имаш негативно мислење?
ролерот го користам насекаде , на целото лице , и плус кај што имам стрии , само гледај да го чистиш со ракија или медицински алкохол
Не, нема и искрено не ни планирам. Вазелинот е дериват. Се добива после атмосферска дестилација на нафта (парафин).Според мене тоа не е за на лице,кожа памти ако не сега по некое време сигурно.
Јас ставам витамин Е секоја вечер, но ми нема таков ефект како кога наутро ќе ставам од маслото од рози на Алверде. Да ги дотрошам капсулите, не сум сигурна дека пак би ги купила. Инаку, ставаш ли пред маслото некој хидролат? Активен кислород или нешто слично? Или на влажна кожа само капнуваш од капсулата?
Од тебе добив идеја за витамин Е, а богами сега и маслово ќе го купам Не чувствувам ни јас некој посебен ефект ама сигурна сум дека внатрешно си делува витаминот така да ќе продолжам да ги користам, нема штета, многу фалби прочитав по интернет дека е корисен против слободни радикали кои го забрзуваат стареењето на кожата. На кожата секако и треба мислам околу 28 дена за да се регенерира, така да веројатно и рано е за ефекти. Не ставам ништо пред маслото, само го нанесувам на влажна кожа еднаш неделно после темелно чистење на кожата со маска од зелена глина. Од тоа што веќе сум сигурна дека делува е витамин Ц кој по препорака и упатство од @Biodevojka го користам веќе неколку месеци. Ефектот дојде бавно но кожата навистина ми блесна.