Oбични апчиња витамин Ц од 500 мг, четвртинка апче згмечувам и растварам со отприлика пола лажица вода. Го нанесувам на чисто лице, и околу очите исто, и по дваесетина минути нанесувам крема. Го нанесувам еднаш или двапати неделно. Да дополнам, знае и да штипе, внимавај да не ти отиде во очи.
Со маслото досадна сум, ама мене ми е прекрасно. Почнав да ја користам и дневната крема на Нивеа за нормална кожа и со маслово под очите, цела недела еве не сум се нашминкала, кожата ми сјае. Размислував да почнам да користам активен кидлород пред Е витаминот, ако пробам ќе ти пишам впечатоци Читав на ana.rs дека го користат пред нанесување на кое било масло и има многу задоволни
Препорачајте ми некоја добра крема против брчки околу очи, ми се појавија мали брчки околу очите, имам 23 години.
Мислење за кремот со екстракт од полжав Victoria beauty ? Ми треба крем за брчки 55+. Ми го препорачаа во една парфимерија, но незнам каков е . Мислење? Дали е добар? Ако не, препорачајте ми друг, до кај 500-600 мкд. Да напоменам дека до сега користеше nivea Q10, добар беше, но мислам дрка лицето веќе и се засити од тој крем. @Biodevojka ?
Здраво драга за кремот кој го спомена со екстракт од полжав ми треба декларација да видам. Доколку може да постираш супер ќе биде. Инаку ако сакаш да ти препорачам еден многу убав крем за лице за возрасна кожа е оној на Алоедермал која изгкеда вака содржи хијалуронска киселина и матични клетки од грозје. Или пак има една од алверде баш за 50+ ама не ми текнува како се викаше. Во ДМ сигурно ќе ти кажат која е. ПОздрав. има
@Biodevojka Не сум од Скопје. Кај можам да ги најдам на друго место? Дали ги има по парферии? Или можеби во зегин?
Aloedermal ја има во Зегин јас таму ја имам гледано. Може да им пишеш на фејсбук на страната на Медикус или на нивниот сајт да видиш дали прават достава. Ако не можеп да ја најдеш ќе ти препораќам нешто друго, ама оваа е евтина до 500 мкд или 600 не повеќе а фантастична како состав. Поздрав. еве ти линк од сајтот http://www.medikus.com.mk/index.php...category&layout=blog&id=23&Itemid=101&lang=en
Пред извесно време открив одличен продукт кој морам да го споделам.Во случајов не се работи за крема туку за серум што е заштитен во капсула. Има три вида на вакви капсули со витамин Е ( за хидратација), со витамин Ц (за избелување и флеки) и витамин А ( за брчки и лузни од акни).Јас го користам со Ц, а сестра ми со А бидејќи е повозрасна.Серумов има свиленкаста структура и топло го препорачувам. Од тоа што прочитав составот им е доста добар,производството е италијанско.Цената е околу 1200 денари за 28 капсули.
@Biodevojka дали можеш да ми препорачаш некој крем за брчки во пределот кај очите имам 27 години и приметливо станува.
Имам 31 година и забележувам дека во последно време забрзано стареам, односно околу устата имам многу тенки брчки. Како да спречам да се продлабочуваат?Некоја крема и плус некои домашни маски ако знаете. Луѓе, домашни маски?
Не верувам баш дека домашни маски може да имаат некој многу забележителен ефект на долгорочен план, меѓутоа можеби @Biodevojka знае да ти предложи крема.
Каква кожа имаш? Јас сум со комбинирана, ја користам моментално оваа на Алверде со Ку10 и кремата е задоволителна за некои 200ден. Можеш истотака да си купиш и вит Е во ампули и да си додаваш во кремата која веќе ја користиш. Тој има анти ејџ ефект, а ЛолиСкај има пишувано и за витЦ неколку страни наназад. Крема со слуз од полжав исто има ефект против стареење а истовремено ја прави кожата многу нежна и мазна.
Јас нарачав денес од sestosakam.mk за мајка ми крема против брчки со Q10, а за мене со арганово масло. Ќе ви пишам резултати