Општи прашања Да не знае некоја кремот за сончање black up 30 фактор колку пари е во тинекс маркетите благодарам
Дали ја има некој користено колекцијата за сончање(крема, спреј,млеко) La ligne , што туку ја видов во КАМ маркет и ме бендиса, па сакав ваше искуство
Дали некој има користено некој од овие производи? Млекото за сончање на Фитофарм 50ка и Спрејот од Кам исто 50ка... Конкретно ме интересира 50ката од фитофарм дали убаво се размачкува, да не е премногу тешко, како бекутанот 50ка... а за ова од Кам, ми е страв да не ми се истроши брзо, иако само за мене, за еден човек го купувам...
Мене ми е многу интересно да бирам креми за сончање, сум пробала од најскапи до најефтини. Ме интересираше дали некој има искуство со линијата Sun Dance во DM маркетите што ја има. Има многу избор а цените се супер прифатливи. Добри се или?
Јас најискрено не ги користам Блек Ап производите кремови за сончање. Уште лани, заломнани кога го пробав и ми се појави нешто како алергија на рацете и нозете и затоа не ги користам. Секоја година ги менувам кремовите, имам пробано од најскап до најевтин и најзадоволна сум од
Кремови за сончање Женски, дали би можеле да препорачате некој крем за сончање за кој знаете дека вреди да се користи?
Имам едно прашање:дали колку е повисок заштитниот фактор(еве да речеме фактор 50) помалце се фаќа боја? Или тоа нема врска со потемнувањето? Иначе колку се кремите за сончање Carroten фактор 30?
Секое лето ми е мака кога ќе ги видам цените на производиве за сончање, мислам фамилијарно под 1000 не не коштале. Среќа јас поретко горам и многу брзо фаќам боја, па поминувам и со помал фактор. За тие што имаат светла кожа, Бекутан 50 имам слушано дека е одлична, и по состав и во заштита. Мене лично не ми треба толкав фактор, а и многу тешко се размачкува, како сипаници да лечам ми изгледа. Блек ап не ми се нешто посебни, а Солариусот ги користевме доста еден период и беа одлични. Лани земав и од ДМ и исто така беа доста добри (јас си кажувам за фактор 20-30, тоа јас што користам). Другарка ми на пример користи само Каротен, ама јас на кожа не почувствував никаква разлика меѓу Каротен и ова од ДМ (плус она изгоре, јас не). За годинава си земав од Фитофарм, ги немам користено претходно а имаа прифатлива цена. Плус, Фитофарм изненадува со добар квалитет на производи па ај и овие да ги пробаме. А сакам да ве прашам, откако ќе се добие онаа првична боја, имам видено многу девојки што се мачкаат со масла. Кој е ефектот?
^ Ти кликнав лајк уште од првата реченица, тука се пронајдов најмногу. Злато ли ставаат во средствата за сончање не ми е јасно, креми со кавијар ќе те фатат поевтино отколку да се опремиш со овие средства. Значи за првите 3-4 денови ми треба најмалку 30ка фактор... последните 5 можам да поминам и со 15ка... порано си ставав од истото средство и на лице, ама реално се мрснички, па и од сонцето и водата дополнително ми се исфрлаше лицето многу. Годинава значи и некое солидно матирачко кремче за лице само со соодветен фактор... и за после сончање и каде бре, 1000ка едвај мене ме спасува само. Блек ап се ок, ги користев многу години наназад и убаво мириса, ама реално конкретно ова со фактор 30ка е 100 мл. Кој попрво да си стави од него, стварно сакам да знам, јас се мачкам по 2 пати на плажа, си влегол во вода, си се избришал, ваљда нема со едно мачкање да поминеш 5 саати на сонце? И попладне и оп - отишло за некој ден, па ја имам површина за мачкање бре, не е шала. И годинава ги бојкотирам, додека не си ја зголемат милилитражата не купувам, си земав SunDance на Балеа - 200 мл со кокос за помалку од 200 ден, фала пријатно. А Нивеа и Каротен мислам... 600 ден. за средство за сончање, нема грешка.
Се сложувам со Тренди околу милитражата на Блек Апот. Мене барем две, ако не и три ми требаат за асално да се заштитам и тоа за тие 10тина дена кога постојано си целосно изложен на сонце, и тоа едно пакување од 30ката, и едно од тие кафените за после неколку дена. А можам да замислам како им е на тие со бел тен. Банкрот пред сончање сезона! Го имам користено на Дулгон млекото, го купив од аптека минатата година, но сега го барав - немаше. Се работи за ова пакување, фактор 20ка, таман за мојот тен. Мирисаше медицински и свежо, но многу ми ја омекна кожата, а беше 200 денари некаде отприлика, а 250 мл. Можно е да го има во ДМ, треба да проверам.
Лани кога во првите денови го потрошив блекап-от,ја користев Генера. Инаку не видов дали има со поголем заштитен фактор.Убаво мириса и солидно се размачкува.И цената не беше лоша околу 200 денари за 250 милилитри.Гледам и Евелин имаат убава понуда во Космо. Од поскапите најдобри ми беа на Каротен и Копертон.Ама сега немам пари да си ги дозволам.
Женски да ве прашам нешто бидејки јас сум доста бела и секогаш горам а не црнеам... И сега викате првите 3-4 дена со фактор 30ка се мачкате, епа кога се сончаш нели не треба да користиш ЗФ за да поцрниш или треба да се намачкам со него и да се сончам.. епа така ке фатам боја?? Јас одам во Охрид на одмор во сабота и како да почнам да се мачкам првите 3 дена со 30ка фактор и така намачкана и да си се сончам и после 4ти ден некаде да намалам на 20ка или 15? Јас не ја капирам работава со сончањево како оди и никогаш немам поцрнето а многу многу сакам.. Помош?