Заштитен фактор се користи за да не изгориш, а за поцрнување со секое изложување на сонце се поцрнува, помалку или повеќе. Користи си првите денови појак заштитен фактор, па постепено намалувај го. Ако имаш до толку бела кожа да никогаш немаш поцрнето, тешко дека и летово тоа ќе се случи. Не ризикувај, никако не излегувај без ништо на сонце зошто така можеш само беља да си направиш и пак да не поцрнеш. Заштитниот фактор нема врска со бојата.
Незнаев каде да прашав, барам по темиве ама не најдов.. Сепак се надевам дека некој ќе прочита. Вчера бев на плажа, си користев крем со заштитен фактор 50, не ме фати сонце, си седев скоро цело време под сенка. Ама лицето како збрчкано ми е, за брчки рано ми е, ама многу како да ми е суво, уништено.. Многу е чудно на допир, како пред лупење.. Минатат година мислам вакво беше... Од што се појавува вака? Нешто треба да ставма?
Девојки, земете си од тие од Кам, 50ката е супер, лани со неа се мачкав првите денови од одморот, само мене не ми се допаѓа што е како крема, т.е. има бела боја, па затоа годинава го земав маслото со фактор 30, мислам дека ќе ми биде доволно. Гледав и Дивајнбатерфлај ги имаше пофалено во некоја од темите,го делам истото мислење и јас за нив.
Сакам после да одам до DM, па заинтересирана сум за сончевата колекција на Sun Dance? Кажете ми искуство какви се?
Кремови за сончање Јас оваа година користев на ДМ, одличен е. А ако сакаш да поцрнеш повеќе земи каротен +500 ден е ама ти гарантирам дека ќе оцрнеш
Кремови за сончање здраво сакам да прашам дали некој има го користено гелот што е на каротен и дали сте задоволни
Jaс го користев млекото за сончање со 10ка фактор Убаво се размачкува, водоотпорно е и се добива убава чоколадна боја. Откако се потроши го користев нивното уље 3-4 дена И сум прилично задоволна. Башка и 200 мл е што е доста големко у споредба со другите шо се по 100-125 мл.
Спојлер Одлични се, јас ги испробав, убаво мирисаат (посебно синото со кокос), многу лесно се впиваат, водоотпорни и не оставаат траги, топло ги препорачувам, се добива убава боја навистина.
Јас ги испробав уште лани летото овие од ДМ и исто само позитивни коментари имам. Годинава пак ќе купам без размислување. Одлична цена, квалитет и мирис.
И јас ги користам Блек Ап со години Задоволна сум од нив и не ги менувам ..Па одлични се за таа цена и се многу ефикасни. Сега го имам млекото со заштитен фактор 20ка. Мирисов им е преубав, го обожавам
Protect & Bronze Sun е комбинација на сигурна заштита и природен тен. Содржи природни екстракти од билки кои го поддржуваат производството на меланин во кожата (in vitro). За изедначен и природен тен, користете го редовно за најдобри резултати. Исклучително лесната, хидрирачка формула содржи високоефикасен УВА/УВБ систем на филтри кој овозможува заштита на Вашата кожа веднаш по нанесувањето. Отпорен е на вода и обезбедува 100% природен тен без ниту малку состојки за самопотемнување. Protect & Bronze Sun кој дава заштита и природен тен. Го користев минатото а си го купив и за ова лето.Презадоволна сум, не горам директно факам боја.Инаку има 10,20 и 30 фактор.Мене ми е совршено 20ка фактор.Цената е навистина мн поголема од останатите но знам дека ми е сигурно а тоа ми е најважно.Имаше пред некоја година и предобро млеко за после сончање After Sun, ама повеќе го нема.
Порано имав навика да се залетувам по звучните брендови, но кога го пробав Бекутан фактор 50 останав ваква И тоа по директна препорака од дерматолог. Густа структура, не е од типот на кремите "сад га видиш сад га не видиш", одлична заштита, а водоотпорна не знам, не сум имала долго време таква крема жими бебево на логото Сериозно, скептик бев најпрвин, си реков накрај пак ќе излезе како добро познатата изрека "сиромавиот двапати купува". Е топки, за две стотки си се прчев на сонце како никогаш досега. Презадоволна, препорачувам дури и за најбелчовците, најмалите и остала екипа. Не трчајте по Еуцерин и Авене.
Го користел ли некој млекото за пред и после сончање со меланин активатор на Deborah? Го видов во Космо , сакав некое млеко за после сончање и ова ке му дојде како со двојна намена па се мислам дали да го купам , некое искуство ?
Дали некој видел каде има SUNDANCE од кокос (мислам дека се со фактор 20)? Патем, бев во dm маркетот во гтц, таму воопшто немаше, а во ситимол имаше спф20ка ама немаше од кокос, а јас кокос обожавам... дали има негде низ скопјево?