ајде еден совет помеѓу Блек ап и Sundance кое би го одбрале? Кое според вас е подобро? До сега сум користела само Блек ап и океј ми е, ама читам позитивни коментари и за овие на ДМ па ме интересира ваше мислење ПС: има SunDance со фактор 30?
^ Има, јас го користев лани. Инаку, штознам, мене не ми правеше некоја огромна разлика, но сепак како за нијанса подобар би го одбрала Sundance.
Им завидувам на оние кои лесно потемнуваат и не горат. Јас им припаѓам на оние другите, на кои им е потребна максимална заштита без која пепел ќе се сторам. А без 1000 ден, не поминувам. За ова лето -Крема Natures со 50 фактор. Италијанска крема со природни филтри на база на некои алги со растителен меланин, екстракт од кајсија и останати природни состојки. Веќе испробано. Заштитува, а и брзо потемнувам. Истата ќе ја користам и за лице. -Nivea 30 фактор-light feeling, транспарентниот спреј. Во Нивеа сум најсигурна. Освен тоа спрејот е најлесен за употреба без она досадно мачкање, триење...а плус не остава флеки на купаќите. -Deborah after sun -400ml.
кое масло за сончање од black up е најдобро она со спф 6,со спф 10 или пак она без спф и ме интересира дали има врска спф со потемнувањето т.е да не го забавува..можда е глупо прашањето ама па и не е ...п.с немам мн светол тен.
Sundance мене ми е поубав. Блек ап е ок, ама јас мислам овие се малку подобри и мислам подолго траат. Јас за Блек ап имам чувство после половина час како ништо да немаш на кожа. И поубава му е бе амбалажата, види што фино шарено мерак да ти е да се намачкаш.
Ги има некој користено на La Ligne во Кам што ги има? Како сте задоволни? Се мислам нив да ги пробам сега за одмор, ама не знам колку штитат оти сум бела и одма ќе изгорам, секако не темнеам воопшто. Или да си земам како и до сега Black up
Оваа година фатив супер боичка благодарение на следниве производи: Каротен масло со 15ка фактор, мириса прекрасно, брзо се впива во кожата и ми беше сосема доволно за да не изгорам, имам некој среден тен, обично со 15ка не горам освен на деколтето и во близина на препоните. Одкако фатив боичка, после 4-5 дена продолжив да го користам во комбинација со оваа крема за интензивно потемнување, исто на Каротен, но бидејќи нема заштитен фактор ја користев одкако ќе нанесам од маслото и одкако ќе се впие убаво, исто и кога ќе послабо сонцето накај 6 саат. Прво кога ќе се нанесе остава пре убава боја на кожата, онака светкаво, мазно, мрсно, второ многу убаво мириса и трето навистина кожата поинтензивно потемнува, доказ ми е дека оваа година сум фатила најубава и најтемна боичка до сега у моја кариера Чини околу 550 денари, а ни пола не го потрошив, ќе се најде за наредна година, здравје. Економично е пакувањето и + дека е во кутија може онака да се изгребе до крај. Мана му е само што многу остава траги на купаќот, јас па кај со бели си ги уништив, не се ни перат. Баш планирав и да го употребувам низ градов за искачање, ептен убаво изгледа кога би се нанел на нозе, да ја истакне бојата + да сија! Ама ќе беше добро да не остава до толку траги во бронзена боја по облеката... Једина мана му е тоа. Како и да е топло го препорачувам. За лицето и деколтето користев крема со 20ка фактор на Кларинс, исто сум презадоволна, прв пат да не ми изгори носот и да не ми биде жар црвено лицето, иако никогаш и не го го сунчам лицето, освен кога сум во вода. Над сите тие чуда повремено знаев да си прснам и маслиново масло, секако прв слој на кожата ми беше маслото со 15ка фактор. Првично го земав маслиновото за косата, после излегување од вода ја прскав со маслиново масло за да не ми се направи метла и можам да кажам дека маслиновото направи чуда со мојава коса. Совет од пријателка ми беше тоа, си го ставив со шишенце со пумпичка и си ја прскав косата, па ми стана пре мека, воопшто не ми е оштетена, а не ми ни изгледаше мрсна. После плажа само еднаш ја плакнев со шампон и ми беше во совршена состојба, добро, уште ми е. Така да и маслиновото ви го препорачувам, ако не за сунчење барем за коса.
Јас истерав одмор со 30-ка од Леа(Фитофарм) и маслиново масло. Не горам лесно, и никогаш не сум користела повеќе од 30-ка. Леава ептен ме бендиса, ја земавме на промоција две шишенца едно фактор 30 едно 50. Почнато шишенце мене ми траеше цела недела, со мачкање по 5 пати дневно на цело тело, темелито. Откако фатив основна боја, последните два дена врз факторот си ставав и маслиново, не знам дали баш така требаше ама ризично ми беше да ставам само масло. Ако ништо друго, кожата ми е премека а имам фатено и одлична боја. Инаку се изначудив, во Грција видов девојчиња што во маслиновото цедеа лимон и така се мачкаа, ама ептен не ми беше јасно зошто.
^ И јас така се чудев за лимонот и маслиновото масло.Па некни баш една девојка се мачкаше и ја прашав без срам.Ми кажа дека побрзо се потемнувало демек и ем штитело. И ефикасно било Туку да јас да прашам. Девојки малку се лупам,па некој совет да се мачкам со нешто да се спречи ова лупењево?
За лупење пробај со вазелин. Јас ретко се лупам, ама другарка ми сериозни проблеми си има со сува кожа и доста се лупи. И препорачале вазелин ептен добро се покажувал.
Обично овие креми се малку помрсни и потешки, па не верувам дека ќе најдеш некоја ефтина крема со заштитен фактор, а лице склоно кон акни. Имаш од Авене вакви креми, ако ти се даваат пари, од 800 ден. нагоре се, до кун 1200 ден.
Ти препорачувам детски крем со заштитен фактор од колекцијата на Bubchen ги има со 30 и 50.Разгледај низ аптеките,а цената е до 700 ден.Сепак детските колекции се тестирани на чувствителна и проблематична кожа.Јас имам искуство со кремот со заштитен фактор 50,бидејќи имам чувствителна кожа склона на црвенило,ама немам акни.Ми го препорача фармацевт и задоволна сум.Претходно употребував од Нивеа,ама овој е подобар за мојата кожа.Еве и слика