Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Креми со заштитен фактор (SPF)

Дискусија во 'Тело' започната од Scarlet88, 2 мај 2010.

  1. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.613
    Допаѓања:
    2.472
    @sesilija јас го набавив лосионот за после сончање и за цената сум повеќе од задоволна. Го очекував стандардниот мирис од кокос, но добив свеж нежен мирис. Пријатно ме изненадија. Веднаш се впива и ја омекнува кожата, а притоа не ја мрси. Се на се вреди да се проба :D
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  2. NESKAFE25

    NESKAFE25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Дали некоја го има користено Eco cosmetics spf 50 за мрсна кожа, ми го препорачаја во zegin, наместо Avene. Кој е подобар ако некој има искуство од овај, за avene читам имате позитивни коментари?:)
     
  3. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас немам користено ниеден од овие два, ама можам да ти ги разјаснам разликите во однос на состојките и декларацијата. Eco cosmetics е органска козметика, ја имам видено во аптеките, а во органските креми за сончање се користат исклучиво физички филтри, односно цинк оксид и титаниум диоксид. Физичките филтри ги одбиваат сончевите зраци и не им дозволуваат на истите да навлезат во кожата и се сметаат за најсигурни за човековото здравје. Авен не е органска и во својот состав има комбинација од физички и хемиски филтри. Изборот е твој. Јас лично претпочитам креми со физички филтри. Е сега, друга важна работа е тоа што физичките филтри се всушност минерали во прав и доколку не се обложени или микронизирани и убаво ускладени со останатите состојки во самата крема, може да остават бела трага на кожата. Ако може да ти препорачам еден органски и природен заштитен крем со физички филтри кој го имам пробано а со сигурност не остава никаква бела трага е оној на Гамард со заштитен фактор 50. Јас лично го користам. На алверде еве на пример кремите се само со физички филтри ама оставаат бела трага (имам пробано фактор 30). Се надевам дека ти помогнав. Поздрав.
     
    На Acka22 и NESKAFE25 им се допаѓа ова.
  4. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka повторно јас кажи ми кога ќе ти здосадам:DПрепорака за крема природна органска или не знам каква без многу хемикалии и слични глупости(не многу скапа) по можност со 50 фактор,за многу чувствителна,сува кожа склона кон алергии.Се мислам помеѓу алверде и сан денс сензитив,или пак препорака за друга која си ја пробала.Благодарам.
     
  5. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Без гајле не ми здосадуваш воопшто. Сакаш само за заштита од сонцето фактор 50? До која цена горе доле да знам што да ти предложам. Поздрав
     
  6. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Да само заштита од сонце.За сестра ми се работи има некоја алегија или инфекција на вратот која посебно се активира летно време (не знам колку дерматолози имаме посетено никој не знае да каже што точно да се употребува ама не е важно сега тоа) и кажаа да не се изложува на сонце,употребуваше лани летото Рош исто 50 ама сакам сега нешто друго барем до кај 1 000 ден. да биде:)
     
    Последна измена: 16 јули 2015
  7. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Види вака, кремата со заштитен фактор на Гамард која јас моментално ја користам е 1375 денари фактор 50, и е специјално формулирана за многу чувствителна кожа со алергии. Малку ја преминува твојата цена (за 375 денари), ама моментално е на промоција и добиваш уште еден производ ако ја купиш, односно шампон за коса, па вреди да се земе. Доколку си од Скопје ако сакаш може да и дадам на сестра ти да проба од мојата која е отворена (ќе ви ставам малку во едно стерилизирано кутивче), и да види дали ќе и одговара. Ти стојам на располагање за тоа. Ама верувај толку е нежна и одлично заштитува што ја препорачуваат и за мали деца и бебиња, и доколку има алергија или изгореници на кожата може слободно да се користи затоа што смирува. Комплетно е со физички филтри, нема ништо хемиско со масло од арган, јојоба, сусамово масло и шеа путер. Поздрав
    п.с. таа од алверде е убава ама остава бела трага на кожата. Ја имам пробано само онаа за тело и остава бела трага се гледа каде си ја нанела. А за лице од алверде немам пробано така да не би знаела да ти кажам. За овие две креми гарантирам дека се природни и само со физички филтри.
     
    На kala21 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    [​IMG]
    Многу сум задоволна од кремава на Дебора.
    Не бев на море, бев на планинско место две недели, а баш печеше сонце испод 30 не се спушти температурата. Одев често и на планинарење, а се сончав и на врв на 2500м н.в. и воопшто не изгорев! Обично секогаш ми гори кожата на деколтето и на бутовите кај препонот и после тоа секогаш ме чеша, овој пат баш добро бев заштитена. Воопшто не изгорев иако ми беше страв поради висината и изложеноста дирекно на сонце, добив убава боичка ко да сум била една недела на море.
    Кога се вратив бев на базен еднаш и тенот ептен ми се интензивираше, два три пати се намачкав и наредниот ден ептен бронзен тен имав. Совршена ми е кремава значи, до сега не сум била волку задоволна од некој производ за сончање. И лани ја користев на одмор ама бидејќи ја комбинирав со други препарати не приметив нешто многу дали ја бива или не.
    Мириса многу убаво, нежно, ненападно, на лето на плажа мириса, некој нежеш кокос/какао мирис.
    Некако е хидратантна, лесно се упива, не остава бели траги кои треба да се мачиш да ги втриеш.
    Ако добро се сеќавам лани не се лупев, а и годинава некако абер немам од лупење, а не се имам мачкано со афтер сан. Може да е до кремава, незнам тек ќе истеситрам.

    Денес го земав и ова масло од Дебора:
    [​IMG]
    Немасно масло за побрзо потемнување без фактор. Пишува дека се препорачува за веќе потемнета кожа, природно темен тен или за лица кои брзо потемнуваат.
    Фактор не ми треба бидејќи сум потемнета, па ќе пишам во понеделник за импресии.
    Мириса преубаво!
     
    На Acka22, joy1, Rose96 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    @mims-89 ме интресира составот на кремата знам дека го читаш :D
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Неможам да го најдам составот на интернет.
    На некои делови ми е излупено, сеа ќе ти напишам она што се чита:
    aqua, ethylhexi... (избришано), c12-15 alkyl benzoate, peg 100, hydrogenatet coconut oil, propylene glycol, butyrospermum parkii butter, titanium dioxide, triacontanyl pvp, methylene bis- benzot.... , tetramethylbutyphenol nano, parfum, decurrens, jojoba, sunflower seed, .... , palmitic asid, lecithin, tocopherol, dimethicone, stearic acid, ceteaeyl, dimethiconol, carbomer, benzophenone 3, bis ethylhexyl, hydroxy..., benzymalonate, tetrasodium edta, imidazilidinyl urea, methylparaben, propylparaben, ethyl paraben, xenthan gum, citric asid, ....

    Бидејќи бараше природна знаев дека составот нема да ти се допадне но сепак ти го напишав.
    Инаку порано повеќе време обрнував на составот на производите, сега веќе не. Повеќе пазам за тие за лице што ги користам и се изморив веќе од се да пазам и да читам етикети. Гајле ми е :D.
     
    На Mishela и kala21 им се допаѓа ова.
  11. ivancekitty

    ivancekitty Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    6.539
    Која е цената на маслото без фактор? :)
     
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    455 денари во Космо.
     
    На ivancekitty му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Se pridruzuvam kon zadovolnite korisnici na kremite od Kam...Jas ja zedov onaka vo brzanje deckata krema so 50ka faktor,i mn e uba ima prijaten miris ubavo se upiva i hidratantna e super....A drugarkami go zede sprejot so pupicata i e prezadovolna,jas iskreno iznenadena sum od kremite pozitivno....A moram da go spomna i kremot za lice od Avene so faktor 50ka nego redovno go koristam veke 2ra godina...
     
  14. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    А јас што сум страшно бела и не можам никако да фанам барем малку боја? Претерано сум бела имам користено разни креми ма ништо не помага.. Со што најбрзо фаќате боја ама оние кои што бавно потемнувате?
     
  15. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.918
    Допаѓања:
    33.441
    Пол:
    Женски
    Дечки јас ова си го купив. Ќе одам на одмор 5 дена. Што велете, ќе ми стигне? Затоа и јас сум како феминката погоре многу бела, и сакам да не изгорам, а да фатам малце боја.

    [​IMG]
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.935
    Допаѓања:
    81.239
    Пол:
    Женски
    Ако го користиш само ти, можеби ќе ти стигне, ама чисто ориентационо - мене никогаш не ми стигнува една тубичка, без разлика што е само за мене.
    Мачкам почесто по целото тело, ретко кога сум останала само на едно пакување. :(
     
    На QweenSM му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.530
    Допаѓања:
    201.618
    Пол:
    Женски

    Може да ти е малку, ама ако користиш 50 фактор, бела ќе се вратиш. Барај нешто до 30 фактор, ама па не можам да ти гарантирам дека нема да изгориш. Не знам колку си бела, и јас сум бела, ама ретко горам, потемнувам само, со 20 фактор.
     
    На QweenSM му/ѝ се допаѓа ова.
  18. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.918
    Допаѓања:
    33.441
    Пол:
    Женски
    Бетер од сирење. :D Мислам, да не претерувам, но ем сум бела, ем имам многу нежна и бебешка кожа. Епа тоа ми е мене, да не изгорам. Ама ако ми е малку, ќе си купам уште едно. И секако нема да седам на сонце многу. Па се надевам дека ќе фатам некоја боја, барем и малку да е. Сепак, ти благодарам. :)
     
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    ^
    Какво горење со 30 фактор, јас никогаш 50-ка немам купено, и бебе бело како сиренце мачкав со 30 фактор па никогаш не изгори. Некаде некогаш имав прочитано дека нема некоја разлика од 30 и 50 фактор, минимална е или тотално небитна. Не знам ете зошто ги избегнувам 50 фактор ама и со 30 сум задоволна и сигурна.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    И ова лето повеќе од илјадарка за средства за сончање
    -Carroten Family 30 фактор од 300 мл
    -Carroten anti-agening (за лице) 50 фактор од 50 мл
    -Black up after sun
    -Sun dance -балзам за усни со 30 фактор
    Досега Каротен не ме изневерил.

    carroten-family-sun-spray-spf30-2015.jpg