Ветив ќе напишам за маслово: Презадоволна сум. Викендов бев на море 3 дена, воопшто не користев крема со фактор бидејќи кожата ми беше веќе потемната. Од маслово тенот многу ми се интензивираше, ептен убава боја добив и многу поцрнев. Од кога се вратив добивам коментари дали сум била само на викенд или на 10 дена , не ми ја знаат тајната. Плус морам да кажам дека од сонце не се тргнав и во најжешкото и не изгорев воопшто, си сакам сонце, никогаш не ми е претопло. Кожата ми ја одржуваше хидратирана и сеуште не сум почнала да се лупам, а како што гледам и воопшто нема да се лупам. Прекрасно мириса, не остава мрсни траги, лесно се аплицира. Би го препорачала одкако ќе фатите малку боичка тогаш да го користите маслово или кога ќе биде послабо сонцето бидејќи нема фактор па може лесно да изгорите. Омилен производ!
Од креми за сончање веќе две години по ред го користам Омбра, океј приступачна цена од Зегин и не изгорев ич, туку дури и малце боја фатив, со оглед на тоа дека 2-3 дена сум била на сонце. За годинава, ќе одам повторно со ова (да го дотрошам) и земав Solarus oд Galafarm, во комбинација со Black up (30че) па ќе видиме како ќе биде, секако ќе пишам тука. Од Solarus земав 27, 6 и афтер сан. Иако сметам дека афтер сан е само маркетиншки трик, не сакам да ризикувам да испогорам, па доколку се снабдам со повеќе хидратантни лосиони (меѓу кои и бекутан, омилената) нема да е на одмет.
Само еден совет драга, ако разбрав добро напиша да го дотрошам што значи дека ти е отворен од лани? Мој совет е да не се користат кремите за сончање од минатата година кои се веќе отворени затоа што заштитните филтри губат од дејството. Подобро земи нов неотворен крем и користи го годинава. Поздрав.
Блек ап обично користам и тоа со фактор 20 и маслото за брзо и интензивно темнеење на поручек кога сонцето не е толку силно и можам да се сунчам. Брзо потемнувам и ми стои долго бојата. Многу убаво мирисаат Блек ап, онака баш ми се синоним за плажа!
Јас имав од оваа фирма само 50 и не бев некако задоволна повеќе ги сакам блек ап а мирисот ме потсеќа на Охрид
Дали знаете колку им е рокот на траење на блек ап кремите? Ми остана еден од лани, но рокот на употреба ми е избришан па незнам дали е добро да го користам и годинава..
Искрено не знам, но јас до сега само блек ап имам користено и ми се случило многу пати да ги дотрошувам второто лето и верувај ми никогаш не сум изгорела, ниту ми се појавила некаква реакција.
Ако кремот е отворен ти советувам да земеш нов затоа што филтрите го губат заштитното дејство, Доколку не е отворен за жал не можам да ти помогнам зависи од датата на производство која не ја знам. Поздрав.
Сакам да ве прашам што се случува со Нивеата фактор 50ка? Ја зборат како најдобра и затоа оваа година пак ја земавме,јас нонстоп се мачкам насекаде и години наназад го имаме зимано тој фактор значи не се случило да изгорам али оваа година не знам што е работата сите се жалат од Нивеата И сега ја заменив со Black up 30ка ама џабе кога веќе изгорев
Девојки кажете каков крем со SPF 50 (40) да земам?Досега сум земала само од Doctor's SPF 40.Дајте ми препораки и да биди околу 500 ден.
Дали некој знае каде може да го најдам ова? Во веро може да го има или не? Знам дека во Веро може да се најдат другите производи од Carroten ама конкретно овој?
Го има низ големите маркети. Сигурно и во Веро. Го гледав скоро во Кит-Го. Ама во Скопје го немате. За цена незнам точно.
@koritsaki знам дека го имаш користено и ти кремот на Авене, истиот го имав и јас, но многу почна да ми се мрси лицето од него. Можеш ли да ми препорачаш некој крем со заштитен фактор, се мислам тој на Гамарде или на Еуцерин, ама не сум сигурна, да напоменам дека имам чуствителна кожа која повремено ми се исфрлува лицето.. Можеби ви е чудно заштитен крем преку зима, но понекогаш кога има сонце денски, убаво е да си користи, а почесто го има. Баш ми има наменето дерматолог дека ова време сонцето е најштетно, отколку летото.. Кога и да ми препорачаш нешто постојано ми се погодува,а знам дека имаш и ти комбинирана кон мрсна кожа, баш затоа и те потенцирав, ако има некој и друг предлог, нека ми пиши..