Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Креми со заштитен фактор (SPF)

Дискусија во 'Тело' започната од Scarlet88, 2 мај 2010.

  1. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    @mila7 И јас имам комбинирана, мене многу ми се погоди на Хелиокер, оваа. Околу 650 е, само во Еурофарм ја има.

    heliocare-cream-1000x1000.jpg
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.560
    Допаѓања:
    106.285
    Пол:
    Женски
    @mila7

    Па вака , јас почнав да користам од скоро време колку можам природна козметика, од креми почнав да користам без силикони и др штетни состојки , за Еуцерин не сум пробала но ако имаш чувствителна кожа земи си нешто поприродно , јас користам крема на Гамарде себо контрол за масна кожа но нема спф , а Гамарде имаат креми со спф фактор баш ќе ја тагнам @Biodevojka да ти прати линк за тие креми баш она пишуваше за нив на нејзиниот блог. Мене оваа на Гамарде ептен ми се погоди и не ми ја мрси кожата :)
     
  3. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    486
    Фала @koritsaki
    @Biodevojka ако имаш совет за некоја крема со спф, цена до 1000ден ќе ми биде мило да пишеш.
    Авене користев ама почна да ми се масти, а и нема да биде лошо да земам нешто поприродно, ама се плашам да не ми се нафлува лицето, зашто ми е склоно кон акни, имам мрсна т-зона а суви образи.
     
  4. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    ЗДраво драга, јас би ти препорачала или Гамард ама малку е поскапа 1500 мкд или Еко Козметикс која е 900 мкд. И двете се многу убави. Пробај ја онаа која мислиш дека повеќе ти одговара како цена. Поздрав.
     
  5. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    14.427
    Пол:
    Женски
    jas ne obrnuvam mnogu vnimanie na vakvi preparati sta vise i ne upotrebuvam no lani zemav becutanzaradi siceto i edna kremaja koristime site,ovojpat bi zela od avon
     
    На teteks му/ѝ се допаѓа ова.
  6. teteks

    teteks Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    788
    Никогаш немам користено вакви креми.:D
     
  7. ctw

    ctw Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2016
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Дали ги има некој користено кремата и млекото со 50 фактор од Леа?
     
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    14.427
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    mislite na ovie? jas imam koristeno od toa maleckoto za lice so spf 50 i sinoto pakuvanje za telo preubavo mirisaat a i dobri se
     
  9. mari_sa

    mari_sa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2015
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Дали може да ми препорачате некоја крема или спреј за секојневна употреба за заштита од сонце кога одам на работа.?
     
  10. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас според мојата флозофија може да ти препорачам само креми со физички филтри. Еве ти список па ти одбери сама што најмногу ти одговара како цена и производ:

    1. Алверде крем за лице 30 спф околу 300 мкд малку остава бело (ако го размачкаш убаво не се познава многу) но може минерална пудра во прав да ставиш одозгора која не само што ќе ја корегира бојата туку ќе ти даде и додатна заштита (поради цинк оксидот и титаниум диоксид);
    2. Лавера крем за лице и тело спф 20 баш вчера во Космо го гледав 640 мкд со подарок крем за лице басис сенситив, за сите типови на кожа.Ептен се исплаќа затоа што кремот уште толку ќе го платиш инаку;
    3. Еко козметикс од 700 до 900 (не ми текнува баш колку е овој за лице), ама беше некаде фактор 30 или 50;
    4. Гамарде крем за лице со спф 30 1370, со спф 50 околу 1500 мкд.

    Ова ти е моја препорака. Поздрав.
     
    На Esmeralda-MD, Zivyle, kala21 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Која цена е тоа малото за лице и каде може да се купи?
     
  12. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    14.427
    Пол:
    Женски
    blagodaram i od mene biodevojka zasto i jas sakav da prasam za istovo

    ne se sejkavam bas na cenata jas gi kupiv pred 5 godini komplet za lice i za telo
     
    На xxAngelxx и Biodevojka им се допаѓа ова.
  13. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    5.393
    Jas gi koristev dve godini po red ako gi nacekam I godinava ke gi zemam od zegin a gi Imase I vo Ramstor detskite I factor 15 I detsko I factor 30 lani gi imase spoeno vo dve kako akcija ama za nekoj 300 denari zadovolna sum a I na maliot mu gi stavav I stvarno super pominavme.
     
    На xxAngelxx и marchi-cool им се допаѓа ова.
  14. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Го користам конкретно овој крем од Eco cosmetics за заштита од сонце. Има густа структура која по нанесување создава лепливо чувство што се задржува во текот на денот. Тоа е карактеристика што ми пречи, но во споредба со одличниот ефект е занемарлива.
    Не знам дали е достапен во сите аптеки, но цената е 1550 ден.

    [​IMG]
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Следна козметика (за сончање) која сакам да ја пробам е оваа. Поздрав.
     
  16. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.528
    Допаѓања:
    5.887
    Дали сте го користеле, колку кошта и дали вреди да се купи?

    Во Бг една девојка бела сиренце што би рекле, се намачка постои во водата пола час и потемне буквално. царротен.jpg
     
  17. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka во ред ли е составот на млеково за сончање СПФ 30 т.е дали е со физички филтри:)сакам да го земам за тело.
    Aqua, Alcohol Denat., Octocrylene, Glycerin, C12-15 Alkyl Benzoate, Butyl Methoxydibenzoylmethane, Ethylhexyl Salicylate, Titanium Dioxide (nano), Undecane, Tocopheryl Acetate, VP/Hexadecene Copolymer, Panthenol, Tridecane , Silica, Caprylyl Glycol, Parfum, Acrylates/C10-30 Alkyl Acrylate Crosspolymer, Carnosine, Xanthan Gum, Carbomer, Disodium EDTA, Ethylhexylglycerin, Maltodextrin, Dimethicone, Sodium Hydroxide, Limonene, Alpha-Isomethyl Ionone, Citric Acid, Camellia Sinensis Leaf Extract, Benzyl Alcohol, Tocopherol, Helianthus Annuus Seed Oil

    А за лице на Алверде читав дека ја препорачуваш,оваа е ?
    5e64f40da3d9201ec6a0d9768c1efb85--natural-cosmetics-sunscreen.jpg
     
  18. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Леле драга ја читав декларацијата и од памет се извадив оти мислев дека е на алверде од сликата. И си велам како е возможно производов да има две различни декларации? Оваа која ми ја постираше ти е со хемиски филтри (иа само еден физички), ама содржи и нафтени деривати. За таа на алверде ок, декларацијата е иста со онаа која јас ја користев, изгледа ја смениле амбалажата. Вака поубаво делува. А баш ќе ја земем да ја разгледам и оваа можеби е подобрен и составот. Поздрав.


    За сите феминки, да ви олеснам во дешифрирањето на декларациите ќе ви дадам листа на физички и хемиски филтри кои може да ги најдете во формулите на кремите за сончање.

    1. Физички филтри:
    - цинк оксид zinc oxide
    - титаниум диоксид titanium dioxide

    2. Хемиски филтри:

    - Octocrylene UVB филтер
    - Terephthalylidene Dicamphor Sulfonic Acили Mexoryl SX - UVA филтер
    - Drometrizole Trisiloxane или Mexoryl XL - UVB филтер
    - Diethylhexyl Butamido Triazone: UVA филтер
    - Ethylhexyl Triazone: UVB филтер
    - Octyl methoxycinnamate или ethylhexyl methoxycinnamate UVB филтер
    - Butyl Methoxydibenzoylmethane или avobenzone UVA и делумно UVB филтер
    - Ethylhexyl Salycilate UVB филтер
    - Octyldimethyl-PABA (OD-PABA)
    - Benzophenone-3(Bp-3)
    - Homosalate (HMS)
    - Octyl-Methoxycinnamate
    - 4-Methylbenzyliden Camphor (4-MBC) UVВ и делумно UVА филтер

    Некои од овие се фотонестабилни, меѓутоа може да се стабилизираат со оние кои се стабилни, така да сѐ зависи од хемиската формула на производот. Секако за сите прашања може слободно да пишете.

    Поздрав
     
    Последна измена: 29 јуни 2017
    На Mishela и kala21 им се допаѓа ова.
  19. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Оваа на Алверде ја најдов на нет не знам дали ја има во Дм баш во иста амбалажа.Другава за тело не ја купувам,ќе побарам исто Алверде и за тело:)Фала
    П.С Ја читав статијата на блогот и решив само со физички:)
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Ептен ми е мило драга. Поздрав.
    п.с. прочитај кај мене на блог за алверде за тело. Комплетна статија со слики. Малку остава бела трага, ама за на плажа не е страшно. Поздрав.
     
    На kala21 му/ѝ се допаѓа ова.