За лице со заштитен фактор Авене ми е најдобра кремата, а за тело на Блек ап од Алкалоид ми е најубаво млекото за сончање, а и многу убаво мириса
Еее тикви, соларусот го има во нова колекција сега, лани, преклани не беше ваков, јас користев од тубичка, бела со шолто и црвено испишана и плус имам уште малку од тоа со заштитен фактор 32, а сега има само со 18 и 27. Тоа е. А колку се поскапени сега? Изгледа ќе морам на Блек ап да се префрлам целосно А овој баш беше добар. Сега иначе изгледа вака
Mene eden dermatolog mi go preporaca Caroten mlekoto za soncanje i mnogu sum zadovolna. Inaku imam koristeno i Nivea, Black up i Doctors i od site sum zadovolna. Dosega koristev SPF 20 ili 30, ali ova leto si kupiv SPF 50 zasto mnogu jako bese sonceto
зашто бе на блек ап да се префрлиш/?? а иначе јас го користев на одмор тоа со 18 па супер ми беше немој да мислиш дека факторот е низок па затоа да ги замениш нема везе чим ја не изгорев а како сум бела немаш гајле
^^^Веќе си се исончав, имав на одмор блек ап, и од Кам маркет купив едно, германско, па арни беа, не беше страшно. Убава боја фатив За до година пак изгледа на ова ќе се вратам чим е добро
Море најбитен фактор е датумот на производството на тие ствари. Ако и отишол рокот изгореници не ти гинат. Јас сум ти жив циркус за тоа, откако една година се здобив со изгореници и од тогаш без фактор 50 и 30 не одам никаде аможе и по некоја 6-ка да залета онака безвезе. Користам Нивеа, Мустела за малиот и понекад му крадам за лицето и Каротен (малку ме нервира што ако добро не го размачкаш остава бела трага по телото), али Нивеа уљето ми е закон и тоа строго 40-ка фактор.
Креми со заштитен фактор користам само кога одам на одмор, и тоа најчесто е Блек Ап. Ем наши, ем најефтини, ем ефикасни. И го обожавам мирисот. Некогаш кога ќе ми падне во раце некое кутивче од ланскиот одмор, штом го мириснам одма ме фаќа криза за плажа, сонце, лето...
Користиме само кога сме на одмор, за малата -Докторс спф.50, а за нас Блек ап и Соларис, првите денови млеко, а последните 3-4 дена кога ќе фатиме боја користиме Блек ап уље.
Ајде да ја активираме пак темава, ќе ни биде потребна Сакам да прашам дали ги имате кроистено кремите и млека за сончање од Нивеа и како сте задоволни? И во темава читам за АВЕНЕ, првпат слушам искрено. Кај ја купувате кремата, и дали е само за лице или цело тело?
Блек Ап Наше а светско! Сум користела се и сешто, ама Блек Ап ми е убедливо најдобро и секако најевтино. Ако не гледам на цената исто така бев задоволна со овие производи особено со кремата после сончање. Иако беа прилично скапи. Фактор 15. Исто така многу сум задоволна со каротен кремата на Нивеа, навистина потоа се добива убава црна боја. Секогаш почнувам со повисок фактор, 20 / 15, имам среќа што не горам, па така веднаш фаќам некоја млака кафена боја, и на крај се мачкам со каротен крема или со уље за сончање. И то је то, Биопро!
За лице го користам Еуцеринот со заштитен фактор 50. Одличен е затоа што е флуид, и не дава тешко чувство на лицето како обичните креми со СПФ. :up: Телото на почеток со Бекутан СПФ 50, а после се префрлам на Блек Ап СПФ 30.
Јас секоја година со black up 30 се заштитувам,со тоа што не искачам многу на сонце зашто сепак ке подгорам.Иначе имам слушано дека овој производ на алкалоид е еден од најдобрите(ако е наш) и најефикасните! Лани прв пат купив нешто друго, Vichy 30 spf , и не изгорев ич! Ај јас,ама на мајка ми прво лето и беше да не изгори ни малце,се чудеше и по 100 пати го препрочитуваше составот на тубата Малце е скапичко мора да се признае,еве вака изгледа
Без крема со заштитен фактор и без неколку минути во солариум не се појавувам на сонце! Најзадоволна сум од Каротен и секогаш нив ги користам! За почеток ставам од оваа млеко (spf 30) Откако ќе добијам малце потемна боичка стaвам од улјето (spf 6) За лицето земам од оваа крема (spf 30) Но слабо ја користам,поточно ја користам само првите 2/3 дена а потоа не ставам ништо! Некако не можам да ја поднесам на лицето,мрсна ми е!
јас користам на Дебора креми со фактор за тело и МНОГУ сум задоволна!користам 15ка фактор од оваа фирма.Сакам да го купам и пробам за лице истиот,сега го имам на Авон тој жолтиот за лице само што ми стигна,добар е но не баш кој знае што...30 фактор е тој за лице.
Овој за лице е? Инаку да си прашам јас,за дневно изложување на сонце со колкав заштитен фактор е најдобро да се користи крем? И кој би ми го препорачале,ептен бело лице имам,не сакам да ми се појават пеги (иако досега сум немала,не би сакала да дозволам да ми се појават)
Мацуш, овој е за тело паакувањето е големо над 500 мл, јас лани го ставав и на лице зашто немав друго ама не ми одговараше. Оваа година ќе земам специјално само за лице со 50 фактор зашто имам флеки па да не ја влошам состојбата. И јас имам многу светол тен па ти препорачувам 30 или 50 спф за лице (барем додека не фатиш боја). Инаку фактор би требало да се користи преку цела година на лице и на најмало излеување на сонце ама кој да го прави тоа...
Сум користела секакви креми со заштитен фактор, повеќето се покажале добри, а најмногу сум задоволна од Carroten, последниве неколку години го користам и фала Богу не сум изгорела. И нашево Black up не е лошо.
Ги има во скоро сите маркети и парфимерии. Моментално имам пред мене каталог од една парфимерија и цените се од 300 до 700 ден. Млеко спф 30 ->470 ден, лосион спф 50 -> 680 ден Крема за лице спф 50 -> 337 ден, спф 30 ->268 ден Млеко за после сончање -> 300 ден