Во Дм Џамбо нема ништо од линијата за сончањево Гтц само еден балсам за бебиња и уште нешто не знам кое точно беше.
Аууууууууу чудно. Драга и да земеш за бебиња слободно користи го за цело тело. Декларациите се многу слични. Јас мислам дека гледав поголем избор ама не ми текнува дали беше кај градски ѕид ДМ блиску до Малага слаткарницата (во тој Блок). Пробај и таму. Поздрав.
@Biodevojka Дали од алверде се најефтини кремите што содржат само физички филтри,или има и други,зошто не можам да си дозволам поскапа крема,фала ти многу
Здраво драга на Alverde се најевтини (најскапата е до 400 мкд). Другите се од 600 па нагоре. Поздрав.
@Biodevojka Кремите од алверде ги нема незз зашто,кажи ми која друга крема да ја купам поефтина ама за деца да е,со физички филтри,фала многу
уф драга, другите се малку поскапи. Евентуално Лавера околу 700 мкд ако не ти се многу. Инаку поставете прашање на ДМ во темата каде да се најдат производите на алверде за заштита од сонцето. Да не се дефицит. Поздрав.
Бев во кисела вода и ги најдов, само алверде бејби 30 ,уште два беа @Biodevojka а ако може уште ова да го видиш како состав дали е ок
Драга, јас би ти рекла не, затоа што конзервансот на крај 2 бромо 2 нитропропан........е потенцијален испуштач на формалдехид. Уффффффф, жал ми е. Инаку супер што ги најде од алверде користи ги тие!!!
Драга јас баш денес бев во ДМ и ги видов во гтц ДМ оној за возрасни беше на попуст (промоција) а за детскиот не загледав цена. Ама ако се сеќавам добро некаде околу 300 до 400 најмногу беа. Еве нека каже МиАмор, таа ги зема сега. Поздрав.
Конечно319 денари со попуст,од ДМ ГТЦ.Благодарам девојки.Не ми се допаѓаше мирисот на таа сензитив,оваа има баш сладок мирис.Ги гледав во Космо тие на Лавера ама ми беа доста поскапи и помали.
@Biodevojka среда тргам на 3-4 дневен одмор,неможам така наеднаш да се појавам на сонце, одма ќе изгорам бидејќи сум многу бела, па ми треба заштита со 50 фактор и за лице и за тело. Ако може да заштитува и од појава на пеги. Што би ми препорачала?
Со оглед на тоа што сум воодушевена од Еко Козметикс би ти го препорачала нивниот крем спф 50 за возрасни. Формулите им се преубави. Доколку не сакаш Еко, во тој случај земи на Лавера на пример ги има во Космо. Поздрав.
Се согласувам. Кремот го користам по препорака на дерматолог трета година. Имам алергија на сонце и со него го решив проблемот.