Кремава со заштитен фактор е на попуст во Зегин, 440 денари, до недела мислам. Има добар состав, без силикони и нафтени деривати. Во план сум да ја земам и да се обезбедам за летово(ако го биде).
Драга прва состојка е навтен дериват а втора силикон така да не гледам понатаму. За мене е не, а ти секако имаш право да избереш.
Dali od Eco cosmetics ima za telo so spf 50,i vo koi apteki gi ima voopsto? Ili preporacajte mi dobar bez razlika na cena.... Blagodaram
Девојки ве молам препорачајте добра крема... мојот сопруг се исфрла на телото премногу претпоставувам дека е можно од комбинацојата-крема ,сонце,вода. Дали сте имале вакво или слично искуство и каква крема сте котистеле?
Кремот за заштита од сонце Eco cosmetics spf 50 го има во продавницата Логона во Центар и на штандот на Биоорганика во Сити Мол. Цената е 1.350 ден.
Јас немам препорака, туку совет да одите на дерматолог, или барем матичен лекар за да види како изгледа исфрланото. Преку форум не може да се даде мислење или препорака, бидејќи неопходно е да се направи преглед во живо од стручно лице.
Девојки ми треба препорака за хидратантно млеко/лосион за тело (да напоменам дека не сакам крема за сончање туку баш млеко за после туширање и сл.) што содржи заштитен фактор. Цената не е толку битна, битно ми е да ме хидрира и заштитува пошто досега не сум имала проблем со сонце ама изгледа од летово сум посензитивна и цела кожа особено на нозе ми се вцрвенува како осип.. Фала.
Како сте задоволни од овој? Ми треба некое млеко за сончање со јак фактор зошо сум бела и имам алергија од сонце.
Препорака крема за бело девојче што многу гори, но да може да се користи и за лице и тело за секојдневна употреба, по можност да не е 1000 денари Ако има некои што ложат да се најдат во ДМ уште подобро.