Јас лани користев Докторс 30ка фактор и SunDance Med 50ка за лице. Инаку имам алергија на сонце и од ова за лице мачкав и на врат и деколте. ЛУЃЕ, алергијата обично ми почнува од деколтето, овој пат се исфрлив цела ( значи Докторс не ме спаси многу) ама на деколтето ништо, буквално! Е сега не се ни исунчав ама да сум жива и здрава Оваа колекција SunDance Med гледам и дека е наменета за кожа склона на алергии така да годинава земав млеко за тело 30ка фактор од истата колекција па да видиме. Ако веќе некој користел или ако нашол друг спас од алергија, нека кажува
Јас имам фотосензитивна кожа на сонце, еден вид алергиска реакција. По препорака на дерматолог го користам кремот за заштита од сонце Eco cosmetics spf 50 на сите делови на телото што се изложени на сонце (раце, лице, врат, уши). Проблемот го имам со децении и спас не сум нашла зашто кожата е пречувствителна, а Ув индексот висок. Кремот ми е долгорочно решение за жешките денови.
Можеби глупо прашање ама... Дали детските креми за сончање се послаби од оние обичните? Морам да користам креми со фактор 50 заради тетоважите..Некни по грешка сум купила детска крема, ама со тој фактор..Дали има тоа нешто врска или можам да си ја користам таа?
Многу ми одговара и немам проблем со исфрлање кога го користам. Го има во продавницата Логона во Центар и на штандот на Биоорганика во Сити Мол. Цената е 1.350 ден.
Воопшто не би требало да се послаби, не се грижи. Може само да се погусти и помрсни, ама заштитниот фактор не може да е послаб од другите креми за возрасни, така да слободно користи ја
Бев многу скептична, како и за сите креми на Еуцерин, ама оваа им е врвна. Нема крема од која не сум светнала после 30 минути, со оил контрол немам гајле и до 6 саати, почнав и навечер да ја користам.
Фала ти, утре од сабајле пред излегување ќе ставам прв пат, па ќе пишам искуства. Се надевам нема да ми го уништи лицето. и јас сум скептична за Еуцерин од секогаш, Биодерма не ми се погоди ич, останаа оваа и Ла Рош ама таа е 30ка.
Биодермата е крш невиден, како со маргарин да се мачкав, а е доста поскапа од Еуцеринот. Види на lookfantasic да не има 50ка фактор на Ла Рош, и поефтини се ако ги нарачаш, а бргу стасуваат.
Имам многу бел тен ама сакам малку да добијам и боичка. Дали знаете добра крема која освен што ќе ме штити од сонце истовремено ќе можам и да потемнам?
Досега користев масло ама ми се смачи веќе. На секоја блузичка флеки остануваат, а и костимите за капење ги упропастив. Дали може да ми препорачате некое млеко за сончање со ниска заштита? @Dreamerbaby Оваа крема ја видов во Zegin на акција, за 99 денари. Не сум ја пробала, но цената е супер. Јас ја користам кремата за после сончање од AVON ама многу ми е леплива некако и не би ја препорачала. @Pretty Woman Го користеше една девојка што ја познавам и се фалеше дека гелот многу и помогнал за да добие убав тен, но таа и природно не е баш светла. Ако одлучиш да го купиш, чекај го на попуст, бидејќи цената е малку височка колку што имам видено по парфимерии. Или да си го поделите со некоја другарка по пола. Има гел за побрзо потемнување и од Afrodita (на сликата подолу). @senza.parole Ако мислиш на витамините, јас ги земав оние на Synergy во локална аптека. После видов дека во Zegin истите се 420 денари. Овие на Natural Wealth се по 456 денари. И двете содржат по 6 mg каротин по капсула. А ако мислиш на Carroten колекциите за заштита од сонце, провери во Zegin. Доста попусти имаат на сите креми за сончање.
Во однос на составот која е подобра: онаа на La Roche Posay или Eucerin? Ако некој знае информација и за цена, би замолила да пише.