@scorpias @poppie Женски видов на Frezyderm ја имате земено кремата со ЗФ50. Од каде и колку (на акција е некаде?) и збор два ако ја имате користено Thanks in advance.
Јас бев одлучена за крема на Биодерма спф30 ама ја немаше таа. Кога прашав во Зегин ми кажаа дека таа не е стигната во Мк и ми ја препорача оваа на Фрезидерм и Еуцерин со спф50. Цената на кремава е 690 ден. во Зегин и ми кажаа дека била подобра од Еуцерин. Кога дојдов дома видов дека пишува дека е мат и малку ме сецна зошто имам сува кожа, а ништо мат нема да ми одговара. Ама кога ја нанесов преубава е. Гелеста жолта структура има, многу е нежна и одма упива, а нема мат финиш туку некој полу мат што е пак добро. Каква кожа имаш? П.С прв пат ја купувам.
Не е на акција, 699 ја земав од зегин. Е сега пишува дека е мат ама според мене не е баш мат Јас имам комбинирана кожа и мене ми ок сега за сега. Само ја немам пробано под пудра уште па не знам како ќе се покаже. Ќе кажам повеќе за недела време
@poppie сува кожа имам. Штом и ти си со сува, ај ако ја тестираш под пудра пиши ми. @scorpias и ти кажи како е под подра. Да знам дали да ја земам оваа или да си ја земам Каротенот.
Дали има некоја крема да ми предложите со заштитен фактор 50, но да е поефтина, ако уопште постои таква.
Ја видов кај Kattzia на инстаграм, ја препорачуваше. Пишуваше дека ја има во ДМ и е околу 200 ден. Исто и dr. Dray на јутуб. Инаку не сум ја пробала бидејќи со ситуацијава ретко одам по продавници.
Jas ja koristam dve godini.Odlicna e za suva i normalna koza,za kombinirana i mrsna ne e najdobar izbor dokolku ne se preferira toj glowy izgled. Koristam uste edna sun dance matte,taa ne e mrsna kako prvava,nema najdobri sostojki kako nea no ne mi predizvikuva nikakvi problemi.Dokolku sakas procitaj kaj mene na profil,ili pak konsultiraj se so nekoj drug za mislenjeDa naponenam imam problematicna koza ,mi nemaat napraveno dopolnitelen problem
@poppie, @scorpias, вчера и јас ја зедов Frezyderm, па би сакала да ве прашам: дали имавте и вие проблем со пумпање на кремата низ отворот? Пробав неколку пати, не излегува, го отворив целосно и си реков да не не е дупнат силиконот на капачето, но во ред беше. На крај мораше директно да брцнам од тубето, ама како што е долго, нема да можам до крај тоа да го правам...
Девојки која крема за лице со спф 50 ја препорачувате од Еуцерин освен Oil control? Да биде погодна и како подлога за пудра. Јас се мислам за оваа ама не би било лошо да имам уште некој избор. Битно ми е да не го мрси лицето
Не, океј си е кај мене, само не знам дали забележа треба да го вртнеш капачето на лево мислам беше за да испумпаш