Јас имам користено транспарентен спреј и се покажа како доста добар. Инаку sun dance се со германски квалитет и во глобала се одлични.
Ги видов овие ама не знам и јас какви се. Ако некој ги користел нека сподели. Какво ви е искуството со Sun Dance од DM? Јас имам едно 30 SPF купено од германија ама некако не знам уште дали доволно заштитува. Сега сакам 50 да си земам зошто прегорев пред некој ден (моја грешка, не ставив крем) и морам да внимавам сега пак да не изгорам, па ако е добар да си го земам Sun Dance 50 СПФ. Пребарав и низ темата ама за понови искуства ми беше заради ептен јаково сонце плус бел тен, а оние мислења кои ги прочитав се во поглед на тоа дали одговара на мрсна кожа и слично.
Дали ја имате видено Frezyderm обичната 50ка фактор во Зегин? Ја барав во 2 градови, ја нема, само тонираната ја имаше. Намерно да не ја тргаат за повеќе тонираната да се продава преку лето..
Безбедни се, само да не ги вдушуваш, но и онака се препорачува сепак да ги мачкаш како течност, а не само да се испрскаш, со цел да добиеш рамномерен слој секаде/да не пропушташ места од кожата.
Јас ги имам пробано овие два и се супер за сензитивна кожа како мојата. 1.Altruist Sunscreen Fluid SPF 50 (посебно овој, провери на интернет, добри reviews има и состојките му се супер! ) 2.MISSHA - All Around Safe Block Aqua Sun Gel SPF50+ PA++++ ( ако имаш по мрсна кожа, преубаво се впива и не остава бел траг ниту пак масен филм, претходно содржел алкохол но сега формулата му е подобрена и е без алкохол. ) Овие се за лице
Презадоволна сум!!! Кремот го користам по препорака на дерматолог (фотосензитивност) Единствена негативна страна е што има тешка структура, масен и леплив. На тропскиве температури, одлично поминувам. Спојлер: .
https://24apteka.mk/?post_type=product&s=sunbrella&product_cat= Не остава бели траги, мириса убаво и најважно, штити беспрекорно. Имам осетливи и кожа и особено очи и кога мене не ми прави никакви иритации, значи на никој нема .
Која крема е добра за тело, која штити ама па и не сакам да останам скрос бела, сиренце. Да штити а и да добијам малку боја, има таква, или сите кои штитат тешко боја се добива?