Вака сега Дали ќе е во ред оваа комбинација: од 8 дена на одмор првите 4 да користам фактор 30/50 со реапликација на 3 4 часа секако, а останатите 4 дена наутро прво да ставам фактор 30/50 а потоа да реаплицирам фактор 10 со каротен? Конкретно на санденс млекото што е на попуст до крај на август Сакам да фатам убава боја без да изгорам
Јас го користев кремот на санденс 50ка фактор. Прво нанесував фактор па потоа масло, и тоа маслото еднаш во денот и не ставав многу. Убава боичка фатив релативно брзо и не изгорев. Можеш и вака како што имаш напишано, ама добро би било сепак крема со фактор да нанесуваш почесто, бидејќи 10ката од маслото не те штити баш.
Здраво на сите, Сакам да ве замолам за искуство/мислење за овие два спреја со СПФ од Sundance. Барам конкретно спреј со 50 СПФ заштита, што нема да остава траги. Моментално го користам MAX Spray SPF 50+ од Photoderm колекцијата на Bioderma но навистина сум многу разочара бидејќи ми остава жолти траги по алиштата. Скоро сите алишта што ќе ги облечам после нанесувањето на спрејот добиваат одвратна жолта боја која искрено тешко се пере и поради тоа морам да го сменам. Фала однапред на сите
Козметичкиот производ „Докторс“ млеко за сончање СПФ 50 не е безбеден за употреба и е повлечен од трговската мрежа во земјата, откако инпекторите од Држаниот санитарен и здравствен инсекторат ДСЗИ, по земени три примероци, од производот кои биле доставени зо анализа за здравствена безбедност во ЈЗУ Институт за јавно здравје на РСМ Скопје откриле неправилности, дознава „Слободен печат“. Наод: зголемен вкупен број на аеробни мезофилни микроорганизми и Pseudomonas aeruginosa. Извор: Слободен печат
Портокаловиот го користев, ама во форма на крем, не знам дали ќе ти помогне нешто. Имаше два, чисто портокалово паковање (ми мирисаше на алкохол, некако прејак мирис, не толку пријатен) и тропски што мислам дека е од твојата слика со преубав мирис. Откако го нанесов, мислев некој од друштво парфем имаше ставено, зашто преубаво ми мирисаше. Позитивно ме изненади што не остава бели траги (на Сан денс ми има останато во сеќавање дека бели траги оставаат), густа текстура и што е најважно преживеав на 40+ степени без да изгорам. До сега ми нема никаква трага оставено на гардероба, а го користам еве и после одмор. Имам доста чувствителна кожа иначе, горам многу лесно.
И јас го имам Sundance портокаловиот, супер е. Прв пат го купив годинава за на одмор, не ни видов што е како е, ми беше битно само да биде со 50ка фактор и овој прв ми падна во очи па го зедов. Малку ми лепи на кожата, ама кога скроз ќе се впие го снемува лепливото чувство.
Не давајте повеќе пари за фактор 50 кога е исто како и 30. Маркетиншки трик фактор 30 штити 97%, а фактор 50 98%. Исто скоро, а дупло поскапо ова од дерматолог ми е кажано исто и педијатаров на децава кога ја прашав за кој заштитен фактор да им земам.
Не е маркетиншки трик, туку лоша е перцепцијата. Не треба да се споредува колку „штити" од зраци, туку колку зраци пропушта, т.е. од колку не штити. Конкретно: - Фактор 30 пропушта 3% од вкупните зраци - Фактор 50 пропушта 2% од вкупните зраци. Таа разлика од 1% всушност кажува дека факторот 30 пропушта 50% повеќе зраци од факторот 50 (зошто? 50% од 2% е 1%, односно тој 1% плус зраци што ги пушта факторот 30). Тоа не е мала разлика. Плус, тука го имаме моментот што повеќето луѓе количински ја нанесуваат СПФ кремата исто како обична крема за лице, а факторот на кремата е во некоја пропорционална зависност од нанесената количина. Значи, ако ставиш да речеме пола од потребната количина, ќе биде исто како да си ставил крема со фактор 15 (ако гледаме во однос на кремата со фактор 30) или фактор 25 (ако гледаме во однос на кремата со фактор 50). Така што, тоа е причина плус зошто е пожелно да користиш повисок фактор. Не ги потценувам, ниту се ставам над нив, ама не само кај нас, туку и во светот, доста дерматолози (а уште помалку други специјалности на доктори) не се во тек со некои вакви факти (веројатно затоа што: 1. Не е дел од нивното формално образование или не се навлегува толку во козметика (подобро познавање имаат козметички хемичари за вакви работи) и 2. Зафатени се со третирање на посериозни кожни болести). Не би рекла дека трае подолго заштитата; и за едните, и за другите се препорачува при долга, директна изложеност на сонце или вода, да се реаплицира на два часа. Повеќе се работи за тоа што кога почнува да се „расипува" заштитата, со факторот 50 ти почнуваш од повисоко ниво на заштита во однос со факторот 30. Тоа е нешто како на пример да имаш превез на лицето, и сега се обидуваш да го скинеш, ама едниот е подебел, а другиот потенок материјал кој полесно се кине.
Заштитен фактор на природна база за 3год дете? Цената не ми е битна, битно ми е да зазштитува , а да не му наштети на кожичката?
Јас оваа ја земав за бебе, тука ми ја предложија, органска и природна. https://logona.mk/product/eco-krema-za-sonce-spf50/
Мислење за овој крем со фактор 100?Полска козметика е, го видов на акција 1+1 гратис плус 2 мицеларни во пакувањето за 1000.