Обично Блек Уп,нели - класика!Не само што е одлично за таа цена туку и мирисот Е сега со мајка ми се мислиме за овој одмор да купиме некои од овие - И,женцки,кое ќе ми го препорачате ?
Јас сум секогаш верна на BLACK UP и искрено не ги ни менувам...секогаш едно со 20ка заштитен фактор -оти не горам лесно,доволно ми е,и едно со 6ка-она што се шприца, како масло....Нивеата мн.ми е скапа,а ако ми се потроши кремата си докупувам од местото каде одиме-најчесто Грција- купувам Caroten . Инаку за лице добив тестерче од Еуцерин,со заштитен фактор,нешто најново изгледо,и преубаво ми е,ама незнам колку би чинело да го купам,сиг е поскапо
Убедливо најдобри според мене се Carroten ама скапички се пустите За тело најчесто ја користам Black Up кремата со 30ка фактор. Оваа година за деколтето и рамениците ќе си земам Бекутан со 50ка фактор со надеж дека нема да ми излезе алегија. А за лице не знам што да правам страв ми е да ставам од кремиве некако ми се мрсни ептен да не се исфрлам. Ако можете препорачајте ми нешто за прилично чувствителна кожа
За ова лето планирам да си купам Solarus со повисок заштитен фактор. Ги има ли некој користено и како сте задоволни?
Прееска ги видов од 760-1000 денари беа сите, од далеку гледав не загледував кој фактор е, што е. Скапо е дефинитивно! Јас редовно ги користам black up 30(за лице и рамена) и 20(првите денови) и 15(последните денови) фактор, ама за годинава се мислам плус да земам од каротен ама тоа без фактор што е за побрзо потемнување. Се заљубив во мирисот Спојлер Туку се мислам да не ја уништува облеката?! Го има некој користено па да ми каже дали ќе ми станат белите работи кафени?!
И јас денес ја купив оваа крема Блек ап со заштитен фактор 30 и за прв пат ќе ја користам! Прочитав овде на форумот дека повеќето се задоволи,па ај да пробам и јас! Иначе досега Каротен користев но овојпат дека сум ,,тенка,, со пари барав нешто поефтино! Мала е грамажата не верувам дека ќе ми стигне бидејќи често се мачкам па претпоставувавм дека ќе докупам уште некое!
Девојки сакам да ве прашам дали заштитниот фактор има голма улога ? Јас досега сум користела од Каротен со 30 и Бекутанче , ама ова лето сега си нарачав еден од Авон 6 фактор. Мислите ли дека ќе поцрнам побрзо дека е со 6 фактор или нема врска ??
^ можеш само да изгориш побрзо со 6ка Затоа што најмалку штити Обично првите 2,3 дена се почнува со појак фактор,за да не изгориш,а потоа кога веќе ќе поднафатиш малку боичка се користи помал фактор за помала заштита....мој совет ти е прво да почнеш со 20 или 30фактор-зависи каков ти е тенот-светол,темен,па на крај остави ја 6ката
Јас две години по ред користам Блек ап,убави ми се, порано секое лето ги менував ама сега нив си ги користам повеќе време.За првите денови си ставам млеко со 20 фактор а после кога ќе фатам боја уље со 6ка фактор. Инаку темна сум, брзо фаќам боја и до сега не сум имала проблем со ниедно средтсво со заштитен фактор
Луѓе,јас не земав Нивеа,туку Блек Ап и Каротен. Блек-апот млеко со фактор 20 а,Каротенот е масло за длабоко потемнување со 10 фактор. Блек-ап користам со години а,Каротенов прв пат.На 31 се враќам и ке ви кажам како се покажало