Препорачајте ми масло за сончање со 20ка или 30ка фактор ама што дава убава боичка. Имам 30ка млеко за првите денови ама за после сакам масло за поинтензивно сончање
Дали некој користел спреј за сончање за бебе на виши или Натурес ( ги има во Виола)? Обично секогаш имам проблем со миење на средството после плажа, едноставно лепи шо и да облечам.
Неможев да најдам соодветна место каде да прашам но ми требаат итно некои предлози.Имам изгореници од сонце што користите за да ги ублажите?
Колку креми ќе ми бидат доволни за мене, мм и бебе? Досега на одмор сум носела само за мене па немам претстава 2х150мл доволни ќе се? Плус after sun.
Јас имав две креми, една од 200мл, друга од 150мл, за четворица, една и пол потрошив за седум дена. Ама јас мачкам само сабајле, додека сме на плажа до пладне, а после пладне веќе не е толку јако сонцето. Ова за повисок фактор, на море. Во Охрид не користам креми со висок фактор, 20ка, евентуално 30ка ми е доволно, исто од сабајле мачкам, попладне не.
Зависи каква кожа имате. Ние трошиме 400 милилитри за возрасни и 300 милилитри за дете. Ама јас и детето сме многу биле. Лесно гориме и боја не стои на мене (дете не сум тестирала сеуште страв ми е). Јас буквално секој ден на одмор можам да поцрвенам дури и последниот. Ама ако си носела до сега 150 за тебе, уште толку ти треба и за маж. За бебето секако посебна крема за него ќе носиш. И за него едно пакување би требало да е доволно.
Sundance 50ка тропикал класика ми е, но оваа година брзо го повлекоа од полиците, а со цена најмногу ми одговара, бидејќи се мачкам по цели денови. Случајно во Зегин начекав на Cien спреј 50 фактор, го земав за проба, за последните денови, но се покажа и повеќе од одличен. Лесно се нанесува бидејќи е спреј, башка и цената му беше приступачна, дали 200 денари.
@Biodevojka дали ефикасноста на еден минерален спф зависи од тоа колку бело остава на лицето? Открив еден добар спф со 30 фактор кој не остава воошто бело, еве и состојки. Active Ingredients: Zinc Oxide (17.53%) Inactive Ingredients: Water, Caprylic/Capric Triglyceride, C13-15 Alkane, Propanediol, C15-19 Alkane, Bis-Diglyceryl Polyacyladipate-2, Butyloctyl Salicylate, Ectoin, Alteromonas (Abyssine) Ferment Extract, Harungana Madagascariensis (Madagascar) Extract, Ipomoea Batatas (Purple Sweet Potato) Root Extract, Rubus Idaeus (Raspberry) Seed Oil, Camellia Sinensis (Green Tea) Leaf Extract, Corallina Officinalis (Red Algae) Extract, Curcuma Longa (Turmeric) Leaf Extract, Melia Azadirachta (Neem) Flower Extract, Melia Azadirachta (Neem) Leaf Extract, Moringa Oleifera Seed Oil, Ocimum Sanctum (Holy Basil) Leaf Extract, Oryza Sativa (Rice) Hull Extract, Solanum Melongena (Eggplant) Fruit Extract, Coccinia Indica (Ivy Gourd) Fruit Extract, Tocopherol (Vitamin E), Bisabolol, Amber Powder, Coco-Glucoside, Glucose, Glycerin, Xanthan Gum, 1,2-Hexanediol, Caprylhydroxamic Acid, Arachidyl Alcohol, Arachidyl Glucoside, Hydroxyacetophenone, Polyacrylate Crosspolymer-6, Behenyl Alcohol, Cetearyl Alcohol, Isostearic Acid, Lecithin, Polyglycerin-3, Polyglyceryl-3 Lactate/Laurate, Polyglyceryl-3 Polyricinoleate, Polyhydroxystearic Acid, Silica, T-Butyl Alcohol, Sodium Benzoate, Sodium Citrate, Sodium Dilauramidoglutamide Lysine, Sodium Phytate, Citric Acid, Inositol, Lactobacillus Ferment Lysate, Saccharomyces Lysate, Butylene Glycol, Caprylyl Glycol
Здраво драга белата трага воопшто не е поврзана со ефикасноста на еден производ, туку со умешноста на производителот да ги искомбинира минералите во прав како титаниум диоксид и цинк оксид со останатите состојки со цел да не остваат бело. Овој не е баш најприроден производ ама добр компромис е доколку ти одговра. Еден од најдобрит кај нас кои не оставаат бела трага се на Биосолис со многу подобра комбинција на состојки од ова.
Дали имате користено некои од овие? Планирам да се префрлам на спреј бидејки кремите ми се многу мрсни а и со спрејот не мора да ја иритирам толку кожата со размачкување. Не мора да е Гарниер, секоја препорака би ми дошла добро.
@IamSexyAndIKnowIt јас годинава го земав на Cien спрејот, ама за тело само го користев. Не знам што се случи, но празни беа рафтовите за СПФ, а тие што ги имаше беа изгор, па го начекав ова на попуст и тоа дали 150 денари беше. Имам пишувано некоја страна поназад. Бев изложена на сонце подолго време, така што ова ми беше за втората половина. Имам доста осетлива кожа и светол тен, многу лесно горам и се мачкам доста често со СПФ. Ова чудово на Cien за тие пари и повеќе од одлично беше. 50ка фактор, лесно се нанесува и доста лесно е на кожа.
Е за жал јас го земав на Frezy Derm спрејот и е помрсно од Бисер зејтинот. А пишува оти “НЕ ОСТАВА МАСНИ ТРАГИ”. Скап е 630ден. До сега не познавам ниеден СПФ производ кој што не е мрсен. Џабе тоа oil control го пишува. Сите ги имам испробано од аптеките. Во Скопје во East Gate во зегин го имаше тој на Гарниер и ми е мака што не го зедов, околу 400ден. беше. Се заебав. Веќе во сите аптеки се повлечени спф продуктите. Мислиш во зима нема сонце.