@IamSexyAndIKnowIt те разбирам. И мене ми се претешки кремите, поготово за секојдневна употреба. Претпоставувам спреј во форма на дезодоранс, како вториот од твојот пост ќе биде за нијанса полесен. Таков беше и овој на Cien. Freezyderm кремата за лице е супер, баш дава чувство на velvet skin. За тело немам користено од нив.
И овој на Frezy Derm e како дездоранс скроз, а пак е мрсен и мора да се истапка или размачка. Сепак овој на хелиокер колку и да е светкав подобар е врз хидратантната мат крема на Натура Сиберика. Издржува до 2-3 саати и после оксидира. А, овој ефтиниот на Cien го гледам често и му се мислев, каков е? Дали е мрсен или светкав? Одговара ли на масна кожа?
Dermedic. Ни се мрсни, ни оставаат бели траги, мирисаат убаво и единствено од нив не ми солзат очите.
La roche posay effaclar duo spf30 (делува плус на флеки и лузни од акни) и bioderma hydrabio perfecteur spf30 ми се најлесни на кожата и ми се омилени
Имате добри препораки, но за жал се прескапи за мене, барем тие што ги проверив. Има ли некоја budget-friendly верзија за спреј или крема од кои нема да светам како лампион?
Ревох беше баш убава, лесна како крем, од неа воопшто не светнував. Мислам околу 400 ден дека е, ја има во ДМ. Исто така и Frezyderm tinted, ми е океј, таа е помеѓу 700-800 ден
Што значи буџет френдли? До која цена сакаш? Обично добрите креми кои се убаво формулирани коштаат поради комплицираноста за исработка на формулата секако квалитетот на состојките.
има од ci-en во вид на спреј, во Зегин ги има. предобра е таа само маана е што количински е мала. Јас во моментов користам минерална крема од Benton. При крај ми е. Кој ќе е следна ќе видам . Инаку во дм на san dance се исто ефтини ама не знам колку се добри бидејќи немам користено. А ги фалат
Користам cien, премногу мрсни ми се, особено 50ка. Бев сега до ДМ, ама немаа нешто избор, веројатно зашто не е сезона. Сакав некоја дневна со СПФ, но не видов барем со 30ка.
Драга ако не ти е проблем плус уште 200 мкд да додадеш од срце ти ги препорачувам овие (во зависност од СПФ кој го сакаш) Овие на Леврана од 50 мл. коштаат 710 мкд Или оваа дупло поголема 100 мл. за 850 мкд (за 150 мкд повеќе имаш дупло грамажа). Ги користев пред две години и бев премногу задоволна. Еве ти оставам статија и видео од користење на истите. Видеото е при крајот на статијата. Исто така на сликите може да ја видиш структурата на кремите. Не оставаат бело и не свети кожата. Педобри се. http://biodevojka.blogspot.com/2021/06/blog-post.html
ако ти е за сега има доста креми кои во составот содржат и СПФ. Јас ја користев на биотен triple hyaluronic acid со плаво капаче. Добра е. Има и СПФ . Исто имам и јас комбинирана кожа накај масна. Добро ми се покажа
Јас ја имам на леврана втората крема но со спф50, два пати ставив еднаш пробав на сува и еднаш на влажна кожа и не можев да ја размачкам, премногу е густа и тешка цело лице ми беше бело.. ако има некој совет како се нанесува полесно нека сподели