Кажете ми дали сте користеле marmalade sun care од афродита за сончање ? За да знам дали вреди да го купам или не, дека гледав некои тикток видеа дека бил многу квалитетен ама дали е доволно добар за мојата кожа? Јас имам мрсна кожа и брзо горам на сонце ако не редам крем за сончање ама сакам да поцрнам многу и ова се мислам дали да го земам за летово ?
Препорачајте убаво спф за тело. Да не ја суши кожата. Се стопли кај нас Лани со маслото од Белина екстра минував ама го потрошив, сега исто масло би зела ама може и млеко. Имам сува кожа.
А спреј? Мене гоу ту за тело ми е спрејот од Heliocare. Наједноставен за апликација, а и реапликација во текот на денот било каде да сум излезена. Не ја суши кожата, баш напротив хидрирана ја осеќам и има некој благ сјај кога ќе се нанесе.
Може може. Само слика ако сакаш прикачи. Ќе се користи и за на работа. Вчера само нозе брцкав и одма боја фатив.
Последно кога го земав окулу 1000 ден. беше, ама често го има и на акции по аптекиве. Плус е исто што доста трае, а јас реаплицирам на секои 2 часа. Како некој што има алергија на сонце, до сега не ми потфрлил да се исфрлам. Доста штити иако е во форма на спреј и баш ми е holy grail продукт. Уште да најдев нешто вакво што ќе функционира и за реапликација на лице ќе беше топ.
Да Ве замолам да ми посочите некоја крема со фактор за многу осетлива кожа со розацеа. За редовна нега користам Есте Лаудер серум, и Клиник крема за осетлива кожа, но крема со фактор до сега не сум ставала Ќе Ве замолам доколку некој има искуство за ваква проблематика да ми посочи крема....
Здраво девојки! Дали некоја ја користела оваа крема на Биодерма за лице? https://viafarm.mk/p/5299/bioderma-photoderm-lait-ultra-spf-50-200mlpodarok-torba-za-na-plaza