Не знам дали прашањето ми е за овде нека премести модератор ако треба. Алергична сум на сонце во деколтето и секој одмор сум со марами на плажа и во море. Сакам да пробам да реагирам сега порано белки ќе ја спречам алергијата. Освен бета каротен што друго советувате да пијам/мачкам превентивно за да не ми се појави пак?
Истиот проблем го имам и јас ...класична алергија од сонце...обично сите што се со бел тен се соочуваат со ваква алергија. Решението што мене ми се покажа како делотворно е следново: се мачкам со спф крема 30ка или 50ка, на деколтето, вратот, ушите, рацете, иако нема некоја голема разлика во филтрите и исто заштитува и 30ката. (Користев на douglas, carroten грчката како спреј и сеа моментално порачав една на altruist преку соslovecosmetics.) И пијам витамин Д по 2000IU во денот односно витамин Д капсула од 1000 IU после јадење сабајле околу 11ч и после ручек кај 17ч. Со бета каротен немам пробано, јадам моркови често па немам потреба од додатен суплемент.
Зедов една крема со 50 фактор за син ми, ама тешко се размачкува и планот е јас да си ја трошам, па планирам со неа да истерам ова лето. И јас пијам Д3, ама ќе почнам и бета каротен сега па ќе видеме дали ќе помогне ова. Мачкаш нешто после сончање? Се мислам за афтер сан каков да земам. Имаш препорака?
Не користам афтер сан, пробав еднаш дур бев на одмор ама толку многу се нафрлав дали од алергија или плус од солта од морето не знам, ама од тогаш не сум стаила такво нешто, така што не би можела да ти дадам предлог за добар афтер сан
Nivea 50 фактор го направиле 1100 ден Ја претерале... На толку други подобри, поевтини и опции со многу попријатен мирис, сепак ќе ги одминам.
Има некој искуство со тие во стокомак? Заштитуваат? Сите можни креми се поскапени, а за секој ден користење брзо се трошат па се мислев дали да ги пробам овие..
Ги немам пробано тие, а често ги заприметувам кога пазарам. За тело веќе трета година по ред го користам Sun dance спрејот, предобар е, мојава кожа ептен го сака. И за на плажа е супер и за секој ден. 250-260 денари мислам дека беше. Мрсен ми е само ако не го размачкам добро после прскање, потоа се упива и нема гајле.
Ја имам од стокомак розовата амбалажа за масна кожа и не се размачкува, се трие како бели трошки остава. Дури ни со тапкање не се размачкува остава бели траги. А за сината хидратантната мислам дека е по ОК. Другарка ми ја користи нема мака.
Истиов го купив само 30-ка, за секој ден Нешто поскапи се сега. И обичниот крем го купив и овој зошто не знаев каков е па да го пробам Видов дека има ок оцени па сега како ми пиша, знам дека не го купив за џабе Thanks Се мислев дали да ги пробам ама добро е што не зедов. Единствено тогаш натаму може таа да ја пробам. Благодарам
Ич немам верба во овие SUN DANCE за лице, ама за тело ми се погоди млекото за сончање. Е сега нашиот ДМ го затворија као ќе го реновирале. Како е по другите градови дали ги затворија за реновирање? Најверојатно ќе треба друго млеко за сончање да барам.
Изгледа еден по еден реновираат. Неодамна го реновираа тој кај бит пазар, претходната недела поминав од таму и видов дека е отворен. Пак да ги искритикувам за етикетите. Сега се и на македонски и на албански и на ништо не личат, ништо не се чита. Колку само етикета да има... Не секој разбира германски. Сфаќам дека се и тие во тесно ама малку мизерно е во сопствена држава да мора да се пребарува на интернет.
Да, тие за тело им се супер. И цената е најчесто приступачна ептен. Лани во Зегин начекав еден од Garnier ко за деца, со портокалова прскалка. Некои 300-400 денари беше, а тубата беше огромна. Добар беше многу, не е спреј-спреј како Sun dance-от, потечен е, како кондензирано млеко е конзистенцијата. Види дали сè уште го има тој. Ако не, сигурно има други од истава линија.
Дали случајно знаете некаде кај нас да се продава SPF како powder односно прав? Многу светам особено кога ќе ставам фактор па малце да неутрализирам. И секако да се понаша добро со вода.
Јас секоја година бев со блек ап, сега земав детски фактор 50ка од стокомак, ми кажаа дека врши иста работа како другиве што моментално се прескапи..