Јас лани за одмор земав Каротен во спреј 50-ка фактор со мирис на кокос. Нешто најдобро досега што сум користела, ем мириса пријатно и не изгорев иако се печев на сонце во најјакото. Земав и масло со најнизок фактор за последните денови и тоа се покажа супер. Во главно не се меѓу најефтините производи ама вредат за цената ги препорачувам
Многу хидратантно и помасно млеко за тело. Хидратација за новата кожа, а масно за да спречи првутење на онаа што се лупи.
Хелоу девојки Како да ги комбинирам прозиводиве, имам блек ап 50 фактор и каротен мармалад. Имам минимално добиено боичка, колку е паметно и изводливо прво да прскам со 50ка фактор и после да се намачкам со каротен за боја?
Како сте задоволни од маслото за потемнување на Каротен? Дали се добива боја? Јас син ми стандард со 50 ка фактор на Еуцерин, секоја година, никогаш ми нема изгорено.
Моса и Алверде ги има ли воопшто во некој ДМ да се купат? Ако не, препорачајте ми некој поефтин фактор за тело, бар 200мл да има, минатата година имаше Sundance sensitive и Алверде и преефтини беа, сега Sundance e 600 денари, дури и поскапи имаше, Black Up исто е многу поскапен...
@blueeparadise Во веро до денес има акција на Carroten, земав јас 50ка за деца 270мл за 569ден, а тие што не се за деца беа поефтини. Видов и некои од Black up беа намалени, ама цена не знам. Во тинекс на првомајска имаш акција на Carroten 1+1 гратис види на фб имаше каталог со акции објавено. Во дим маркет има акција на OMBRA Sun, не знам дали се ок, никогаш немам користено,ама преефтини се околу 130-150ден за спреј 200мл. и во Зегин да видиш Cien го ставаат и тој често на акција, ама и редовна цена мислам не е скапо.
Здраво друштво Сакам да споделам искуство со палетата производи на Carroten. Земав 50ка фактор за деца и 30ка за возрасни и презадоволна сум што не изгоревме,девојчево мое (5год) фати убава боичка никаде не се излупи ниту се пожали дека нешто ја боли,користев и after sun од бекутан за неа. Другарка ми беше со нас на одмор и она користеше black up масло за брзо потемнување и 20ка фактор и некој мармалад и уште не сме вратени од одмор почна да се лупи. Секоја препорака за Carroten,јас не би експериментирала веќе со фактори,доста се лупев секоја година..
Девојки имам фактор за тело но сакам да земам некое масло или нешто за ко потемнување и малце така за убава боја ( фаќам секако боја но би сакала и да пробам нешто ново ). Дали некој има да ми предложи или ова ако некој го има пробано да ми каже искуства бидејќи има 50кс фактор ? https://blackup.com.mk/en/products/black-up-suntan-oil-spf50.html
Ова блекап го немам користено, но две години по ред (на одмор) го користам ова: Каротен масло со спф30. Мислам дека има повеќе видови, но мене ми одговараше маслото да биде со повисок фактор па се одлучив за ова зашто тоа беше мислам со највисок фактор, не најдов 50ка. Задоволна сум од ефектот, а и од тоа какво чувство даваше - кожата мекичка, како кадифе. Меѓутоа, почнав да го користам маслово кога веќе добив некаква минимална подлога. На скроз бела кожа нефатена од сонце не знам дали би го користела, веројатно не. Со 50ка е малку поинаку, но јас би пазела првите неколку денови барем. Тоа ако ти е за на плажа, ако не, размисли дали воопшто ти треба за секој ден зашто обично многу ја валкаат облеката.
важии фала ти многу, јас и на каротен ги гледав ама да прашам и за ова. Интересно изгледа сакам таква боичка иако јас ја имам веќе ама би било убаво некое такво масло дс користам.
Со Ф20 на ова сонце (па и во комбинација со масло) уште и ако е во најтоплиот период од денот директно изложена на сонце, ќе беше чудно да не почнела да се лупи. Од било која марка да користела, ако е ситуација како што напишав, пак исто ќе било. ----------- Спрејот од SunDance на DM со Ф30 воопшто не (ме) заштити од сонце. Добро се напрскав, на делови го натапкав или размачкав, почекав одредено време да се впие. Се избањав (вкупна изложеност на сонце беше ~30мин, после 16:30 часот) и изгорев. За тој период од денот и за толку кратко, не треба да биде така. После ми беше страв да го користам и од тогаш го немам користено. Дефинитивно не е за на плажа, евентуално само за денско движење. Остава сјај, така да оние кои не се љубители на таков изглед, нека имаат во предвид. Кремовите повеќе заштитуваат, барем од искуството со SunDance.
Оваа втората крема лани не ја најдов затоа што ми текна во последен момент да ја земам. Многу е ефикасна за потемнување, само мора прво со фактор па после ова. Лоша страна е што купачите ги прави лом кафеави. Стигнала цена од 900 денари
Јас ги земав овие, со 20% попуст, две за 500 денари. И минатото лето користев Леа, и задоволна сум. Со физички филтри е, ама не остава воопшто бело, ниту жолто/портокалово, и одма се размачкува и упива. Едино има парабени, за тие што ги интересира, другите состојки се сите ок. Јас пробав да најдам комплетно природен, ама тие или беа прескапи, плус премала количина, што не се исплатат за плажа, а и ме правеа како дух или ко со паштета да сум се мачкала. Не можеш пет саати да се размачкаш после, па треба да вадиш, а така нема ефект и нема заштита. Овој и мноогу убаво ми мириса и цената му е топ.
Што мислите дека е подобро да земам за нас и детето десет години керотен 50 фактор(гледам намалени се во веро)или да земам хелиокер исто 50 фактор.