Што мислите дека е подобро да земам за нас и детето десет години керотен 50 фактор фемили или хелиокер исто 50 фактор. Ми треба за заштита на плажа.
Задоволна сум, скапи се меѓутоа за заштита што ја нудат цената не е важна. Во меѓувреме го фаворизираат овој производ па дали некоја го има можеби пробано?
Дали некој го користел? Немам ориентација колку би ми била количинава доволна за 10 дена за двајца возрасни? (Или две ќе треба да купам)... Дека во спреј под притисок ич не знам
Моментално е на попуст целата линија на Леврана, не знам кој фактор сакаш ама има на пример ова која кошта 400 мкд оваа 420 мкд оваа 380 има и млеко со низок фактор, ама јас препорачувам од 30 па нагоре
И јас се зезнав со SunDance, ама кремот. Не знам што мајка барав да си го заменам бекутанот (*спф 50, детскиот). Некни ми кажаа дека имам црвенило, лицето ко да ми гореше (ама си велев сонцето е прејако). Барав во слики зашто знам дека правев едно селфи и стопати ја гледам сликата и стварно сум ко изгорена. SunDance никогаш, не знам како се залетав да го ставам на мене. И вратот ме боли и таму изгорев! А паузирав демек два дена без ништо. Се излажав и видов дека сите го користат од тука и така и го земав. *За бекутанот ќе речам дека остава бела трага, но секогаш го чекам да се впие убаво. И никогаш не сум изгорела.
Глупо прашање. Спф за лице, тело, ок, со главата шо праиме?Сериозно прашувам, не ми иде во вода со шешир и слично.
Врз деловите од главата каде косата е раздвоена и скалпот директно изложен на сонце, се става спф, дополнителна заштита би било со шешир.
Што ставате на лице у жешково? Мрсна кожа имам + од жешково на лице се потам ептен па се разводенува иако сум ставила уште пред излегување. Да не зборам колку ми се вжештува лицето баш па стално морам да се поминувам со вода ако сум излезена и уште толку го тргам кремот. Особено нешто идеално за при физичка активност на топло. (Знам дека не се вежба на топло ама шетам по природа и немам проблем со жешко освен на лице што ми смета)
@Munchmallow20 јас оваа крема ја користам , мрсно лице имам и супер ми е. Многу е течна и одма се впива. Ќе си земеш некоја таква или во вид на стик на Tocobo или Beauty of joseon можеш да ги пробаш @Biljarkata Некој спф во вид на спреј мислам е најидеално за тој дел на главата. Јас така пред некоја година изгорев на скалпот,ми беше ужас црвен. @Sophitas И мене ме интересира е сега спф 30 за ова ужас топло време не знам, малку да не е ама ме интересира како стои на лице дал е масна и сл
@Munchmallow20 таа на Лореал во ДМ , види и по супермаркетите Веро или Космо Тинекс евентуално (јас мојата во Грција ја купив) А другиве во coslovemetics ги има https://coslovemetics.mk/product/tocobo-cica-cooling-sun-stick-spf50-pa-19g/ https://coslovemetics.mk/product/beauty-of-joseon-matte-sun-stick-mugwort-camilia-spf50-pa-18gr/
Го има некоја користено? Гледам на попуст е ама никогаш немам користено од овој бренд… Бела сум, обично користам Блек ап и Бекутан.
Обично за сите креми со спф се препорачува ставање два прсти од кремата за лице и врат. Но, сега и гледам на Лаврена и таму пишува мала количина. Зошто?