Женски да ми препорачате фактор за многу бела кожа за преку ден за секој ден? Попосно нешто... Јас ги обожавам на sun dance, ама тие се повеќе за на плажа, мрсни, лепат... Ми треба нешто да ставам на раце за на работа и да не ми се прља облеката или било што да се потпрам негде.
Јас го земав вчера од Рамстор ова темно плавото детско 50+. Добиваш и покривка од Нивеа за на плажа бесплатно. Мене ми мириса убаво, не остава бело и не е мрсно многу.
Да, секогаш прво мачкам фактор, па по извесно време од маслово/путерот. И потоа реапликација по потреба. Обично ги мачкав после 6 попладне кога сонцето не е веќе толку јако.
Има и едно друго слично вакво масло, со 20ка фактор. За првите денови од одмор не ми одговара, но веќе при крај почнувам да го користам и супер е.