хихиииииии епа кремите што се за тело не се ставаат и за лице затоа ти е мрсна за лице ке си земеш посебна крема со заштитен фактор.. еве јас ја користам на Авене кремата со заштитен фактор 30 и одлична е, плус е наменета за масна кожа и не е воопшто мрсна, кога ке ја ставиш на лицето е мат, е сега малце е поскапичка околу 900 денари ама вреди за парите и ке ти трае скоро една година зашто по малце се става
За мене одмор без Блек ап не е се комплетен одмор Сериозно, мирисот ме потсеќа на плажа, море, бранови, песок, одмор....едоставно на лето Како мала цело време со таков ме мачкале, секогаш сме зимале блек ап и така ми е останато во подсвеста. А и никогаш не се покажало лошо па немам потреба да го сменам. Прво си го користам млекото со фактор 30, па после спрејот со 6 А за лице си го купив ова, зашто е мало и практично, како стикче и си го носам секаде со мене летно време. Многу убаво мириса и заштитува, фактор 50. Иако не горам, имам страв од сонцето
Пред некој ден видов во Кам маркет нови млека и масла за сончање а не беа многу скапи- јас лани го купив портокаловото со 20 фактор и задоволна бев. Блек ап не се лоши, ама некако поубаво ми е кога се мачкам со масло, поубаво ми изгледа кожата некако посекси сум па во последно ставам Каротен масло мислам дека е со фактор 10
Ке можеш да ми кажеш каде го има и колку чини? Масно е мн или? Имам чувствителна кожа па од страв ставам обични креми и секоја година се лупам по 5 пати на лице. Морам нешто да користам
А зошто го сончате лицето , тоа е толку нежно и шансите да ви се направат брчки или да ви се “расипе“ кожата се големи. Јас ставам од кремата со заштитен фактор на лице, ама кога се сончам ставам крпа на лицето и вратот- страв ми е нив да ги сончам, а после ставам потемна пудра на лице и не ми дели бојата бидејќи и онака лицето е изложено на сонце и при пешачење и сл па нема некоја разлика ако не го сончаме на плажа
хахаххаха ..не сум до толку... за лице си купив каротен за лице со 30фактор ама сепак е масна сум ја имала и јас од авене и таа со 50 за масна и таа со 30 за масна , сега ја имам клинанс емулзијата со 30фактор , прекрасна е ама не се добива боја ..за тоа сакав со каротен малку боја да добијам ама ништо многу е масна и јас си се вракам на авене
Воопшто не го сончам лицето, кога се сончам од градите нагоре сум под сенка обавезно. Ама во вода размисли колкава рефлексија има на зраците... Таму најмногу и гори лицето.
Не е масно, затоа и си го сакам, не ми свети лицето Инаку не ми е од тука, од америка го земав, за цена не се сеќавам. Ако го видам кај нас ќе ви пишам
Во вода со некој шешир или капче и готово - порано кожата на главата ми гореше, лицето ми се сончаше- носот цел црвен, а сега влегувам со шешир и супер ми е
Најдобар, пред 2-3 дена го користев и не изгорев. А инаку сум многу бела и лесно горам па мора СПФ 50 да користам.
И јас го користам Блек ап, моментално имам со фактор 30. Ретко се мачкам- кога сум многу рано излезена на плажа, не сакам да се испечам, а и знаеме колку е штетно за кожата УВ зрачењето. На лицето не ставам ништо, немам мака, еден голем шешир на глава и тоа е тоа.
Првото. Убаво ми е (жити тоа од Нивеа), густо, и дефинитивно штити, се нема случено да изгорам со ова. Треба додека се упие, ама немам подобро пробано.
има за секаква кожа побарај во аптека ке ти кажат хаха окејјј битно авене пак си ја врати назад за мене подобра од авене нема ниту е мрсна ниту пак се појавуваат акни на лицето едноставно нелииии супер !
Јас користам од блек ап кремата со заштитен фактор 20 И многу сум задоволна бидејки не сум се изгорела,ја штити кожата од сонцето без проблем
Верна сум си на нашиот блек ап.. Го користим веќе неколку години. Првите неколку дена кога излегувам на сонце користам 30 фактор, потоа 15-ка и на крај завршувам со 6-ка маслото за сончење.
Девојки ве молам препорачајте ми убаво масло за сончање, бев во Охрид на викенд имам фатено боја и сега за неколку денови одам за Грчка али се мислам што да купам за поубаво потемнување? Препорачајтеее