Да ми препорачате некој (не) многу скап СПФ за на плажа, горам секогаш така што ми треба 50ка фактор. Гледам имаше на акција во веро и во тинекс ама не сум сигурна кој да го земам.
Потврдувам супер е . Јас го користев сеа коа бев на одмор . Пребела сум и лесно горам ама со овој немав мака.
Овие две имаат иста ефикасност за фаќање тен? Го имам маслото, онака е, океј. Со гелот да не се фаќа побрзо боја, се мислам дали да го земам.
Која цена е нивеава? Јас го користам на Еуцерин и задоволна сум ама не е баш евтино, 1350 го земав пролетва.
Не знам дали е соодветна темава ама дали некој го има користено? Вчера го видов во веро од 800 и нешто намален на 530 па сакам да му дадам шанса ако го користел некој
560 е на акција Нивеата во Кам до недела,мене ми е предобра презадоволна сум и за нас сината е супер и оваа белата е топ за деца
Не знаев каде да го поставам прашањето па ајде тука ,дали сте го користеле за сончање? Лани на одмор имаше едно девојче и со ова се мачкаше цело време значи бојата и беше топпп ,ме интересира и ваше искуство баш сакам да го пробам
јас не би ставала вакво нешто за сончање. Може како нега на кожа али со ова никаква заштита од ув нема
Да можно е да се нанесува нешто како во принцип мармеладата на Афродита што е,прво фактор па после ова