Јас бев задоволна од спрејот каротен со малку спф ама сега веќе се сончам без спф хемикалии. Сакам само пред настан да потемнам на побрз начин пример околу 1 недела, ако може некој да ми препорача добар спреј за брзо потемнување без спф?
јас не мачкам спф крема под облека. Само на деловите кои ми се изложени секојдневно на сонце. За на плажа е друго
И јас истото дојдов да го пишам. Лани скоро сите бели маици шо ги носев на плажа ми се направија со жолти флеки од СПФ. Оваа година сум во потрага по некој шо не остава флеки.
Не мачкам ни јас под облека меѓутоа на деловите кои што се голи морам, заради медицински причини. И се допира тоа до облеката секако.. Земав еден од еуцерин sun protect sun allergy nesto taka беше од зегин гел крем, убаво се размачка, денес прв пат мачкав ќе ти пишам искуство наскоро ако ти се чека
Ние сме 20м за на одмор и за вака секојден да ја мачкам купив Carroten kids sensitive без да читам позади дека пишува 3+. Не беше ни евтина 969ден во еурофарм( фискална не чувам). Е сега дали да ја мачкам или не? Ако не што да купам нешто ама поевтина варијанта? Друго прашање што е разлика помеѓу sun cream и sun milk? што да се мачка вистина појма немам еве ќе бидеме првпат 10дена грција, а и за секојден
Јас го користам спрејот на Chicco, до сега се покажа како ефикасен. Види во Енци Менци, вообичаено заедно одат спреј и кремa за заштита од сонце и не се скапи, 900 ден. вкупно.
Еуцерин 50ка фактор имаат за лице и за тело. Ова од искуство. Дете многу ми е бело и нежно, пречуствителна кожа и лесно и брзо го фаќа сонце. Со оваа линија мака си нема, само боичка фаќа без да изгори. Една точка ако нема намачкано веднаш црвенее. Само маана е тоа што лани за тело беше 2300 денари, за ова лето може и до 3000 ден ќе стигнат со цените Јас исто многу лесно горам лани го зедов спрејот на Фризи Дерм околу 1300 ден, 50 ка фактор супер поминав ама да напоменам ние не се сончаме, стриктно под чадор се криеме. Колку можеш повеќе под чадор. Јас сум со капа обавезно последните години. Пред 2,3 години не знам како без сончање ми изгорел ѕадникот и челото напред, па тоа болки да не можеш да си седнеш и за глава да се фатиш Земајте во спреј, јас лани и полани Фризи Дерм земав супер е. Пред 3 години не знам на кој беше ама купачи лом. На синко стриктно Еуцерин ама искрено не се сеќавам дали оставаше флеки ама за него не ми е ни битно за облеката најважно ми е да е заштитен а со Еуцерин нема утка за заштита 100 %
Јас искрено не би ја мачкала штом пишува 3+ Поефтино види на Корин во Зегин ги има, органски се и за мали има. Совет штом ти е толку мало обавезно 50 ка фактор, многу се нежнички толку мали. Биодерма за лице, супер е и не остава бело со години ја користам
Јас го користам овој на Гарниер, го има во ДМ околу 550 денари. Го имам користено и овој на Хелиокер од Еурофарм, поскап е околу 1000 денари, но многу лошо се нанесува течна пудра врз него, па го чувам за на плажа. Имам комбинирана кожа, со масна Т-зона.
И мене ми е важна заштитата, но сите бели маици ми се направија со ужасни жолти флеки. По се изгледа ќе се носи стара облека за на плажа! Него, некој да знае каде има попусти на спф за тело моментално?
Јас секогаш носам за од плажа назад нешто постаро Некои плажи немаат туш и затоа морам така Во Зегин на страната провери и во Анни Фарм. Во Кит го маркети исто често има само зависи која марка ја сакаш
Dali nekoj znae dali letovo ke gi ima kremite na Inopharm vo Zegin ili kremata Levrana vo Belina? Najdobri mi bea so mineralen spf, letovo niedna nema