Дали по некоја случајност би го имало ова кај нас или општо на Балканов? Не верувам, ама ај сепак да си прашам. На одмор случајно го купив и мирисот беше сон, го потрошив цело. Го немам сретнато нигде.
Леле фала ти. Ич не ми текна на овие Жирафа Мол. Али ценава им е.. ја спрејов го земав по некоја смешна цена во Шпанија, 4€ па и толку дали беше на некоја акција. Ептен е поевтина козметиката таму. Убаво викаш ти, поисплатливо е од странство да се купува.
Фала ти многу, не очекував да ги имаме кај нас. Ама цениве.. не можам да не ги прокоментирам, претеризам. @DarkStormm Еве во Србија колку се.. https://www.lilly.rs/brands/hawaiian_tropic Јас ја имам таа Лили лојална картичка за попуст, ама пак е премногу кога ќе споредам разлика со Шпанија. Многу, многу беа поевтини таму. Редовна цена беше мислам околу 7€, јас го земав на акција за 4€, така нешто. Нас на Балканов нѐ крадат, дефинитивно.
Дојдов на темава да кажам препозитивно мислење за кремот за деца со Спф50 од КАМ (бренд Лалин). Лани за детето купив Мустела 200 мл и не ја потрошив ни допола. Сега за на одмор ме фати инает да давам толку пари, а ми беше шубе да ја мачкам со неа дека отворена од лани. Оп, најдов дома неотворени производи од КАМ што сме ги купиле на акција веројатно лани и рокот на кремот беше до јули 2026 година. На одмор тројцата се мачкаме никој не изгоре и сите добивме тен (додуша, детето ми е 2 години секако не седиме предолго на плажа, но сепак, јас не памтам одмор да не сум изгорела). Силна препорака! Не се сеќавам колку пари ни е купен, ниту знам колку е сега ама не верувам да е повеќе од 300 денари. Поздрав!