во кам маркет има акција на лосиони со спф,јас за секој ден си земав крема со 30 фактор,многу лесно се размачкува,цената и е смешни 105 ден,а мирисот на кокос е ептен закон..иначе лето без мирис на култниот блек ап не е лето,и ке им бидам верна дури постојат,а ако сакате дооообра боја еве Ви домашен рецепт:во 100 мл маслиново масло(ладно цедено)се става сок од еден лимон и една лажичка јод и добро се промешува!со маслово се добива заштита и боја истовремено,само немојте уште од прв ден пријатно сончање
Сигурно има заштита? најверојатно од маслиновото масло ...хмм лани јас се мачкав со едно масло, мислам дека беше кантарионово ама не сум сигурна и поизгорена во животот не сум била, се испржив тотално целата бев пликови, меурчиња , мислам кожата ми се распаѓаше, имав неверојатни последици, мислев некоја болест ќе фатам и тоа последните денови од одморот, а се мачкав еден ден само, па сега ми е страв да се мачкам пак со обично масло без заштита Инаку знае некој да ми каже за нивеата дали е добар лосионот за лице со 30 SPF
немојте да се мачкате масла , маслата ај што немаат фактор , плус и ве пржат !!! немојте масла ништо не е повредно од здравјето (мислам на катарионово маслиново бла бла и ред други )
Маслата обично се користат откако ќе добиеш убава боја - тие не штитат од УВ зраците, немаат филтри кои се задолжителен дел од кремите за сончање. Купи си ти средство со фактор кој ти одговара, а маслата користи ги за после сончање, кога ќе се прибереш дома од плажа, после туширање - ем ја чуваат бојата, ем ја хранат кожата и ја спречуваат да се суши.
ова морам да го споделам со вас . пред 10 тина минути бев кај комшивката купила бекутан лосион во облик на спреј со 20 ка фактор леле преубаво мириса прекрасно лесно се размачкува мноогу е добар
Минатата година земав Carroten ама многу печат очи ако не ја нанесеш внимателно околу очите.Цел ден ми солзеа Сега планирам да си земам од нивеа,да прошетам да видам каква има за лице кај нас
Блеак ап,солариус,бекутани...никогаш веќе тие наши производи.Секоја година бев жар црвена,едвај спиев,се живо ме печеше и ме болеше,па лупење...Само Нивеа,поскапо ама сигурна работа ни поцрвенување ни горење ни офкање,особено Protect & Bronze за брзо потемнување.
Која е цената на блек ап млекото со спф 20 и на млекото за после сончање? Исто и цената на оние за лице на Докторс
Долго време немав земено BLACKUP, и сеа си го зедов овај http://www.alkaloid.com.mk/content/Proizvodi/blackup-milk-spf-20.jpg со надеж дека ке мириса како порано,пошо заљубена бев у мирисот.Ама се разочарав.Ни приближно не мириса како порано,или јас го имам утнато ова за сончање друго да не мирисаше посилно ???
Минатото лето купив Soleva 25фактор и ми се чини жива испогорев. Не е водоотпорен и на секое излегување од водата треба да се мачкаш. После зедов од Авон со 50 фактор ама и од него не сум задоволна, не се размачкува убаво и грдо мириса. Имам уште од него ама се мислам дали да го употребувам пак оти една година е помината откако го отворив што мислите вие?
Девојче моја препорака ти е да си купиш квалитетна крема за сончање,еуцерин,виши,нивеа,авене....нема играње со кожата,горењето води кон рак,меланоми ....подобро заштити се пред да ти биде предоцна.Ова време е кога има високо ув зражење и премногу кожни болести.
Дефинитивно за лицето го препорачвам Авен со заштитен фактор 50. Можи е малку скап, околу 1000 денари ама е многу квалитетен и сум презадоволна
Дали сте користеле од маслата за потемнување на Black UP и дали се добри? Јас имам темен тен, ама сакам да потемнам уште повеќе и тоа побрзо и се мислам дали да земам од нив. Препорачајте ми некои од кои се потемнува побрзо. Јас ова го имав лани, братучед ми’ ми го донесе од Америка, ама кај нас не верувам да го има. Многу беше ефикасно, од еднаш мачкање и тоа еднаш во денот се добиваше неверојатен чоколаден тен.
Јас лани користев од овие со заштитен фактор 50ка за лицето и за телото првиот ден,а потоа од маслата на нивеа
Јас секоја година ги користам Black up и многу сум задоволна. Првите два дена користам крема со заштитен фактор 20, а потоа бекутан уље кое многу помага за да се добие боја.
За BlackUp-от не можам да кажам ништо, бидејќи не сум го користела долго време. Ако сакаш брзо да добиеш чоколадна боја, ти го препорачувам Carroten-чево, го има по аптеките некаде околу 500-600 денари е, ама навистина вреди. http://shopix.bg/img/products/339/produ ... 304242.jpg