Користам од разни колекции секоја година,ама најчесто купувам од Орифлејм. За лице,фактор 25 а за тело 25/30-ка. Немам проблематична кожа. Најчесто ставам за на плажа,водоотпорни.
Јас имам проблем со кожата кога се работи за лосиони за сончање. Не црвенеам,бргу фаќам боја но затоа ми се прават како мали лишаи кои отпосле изгледаат како побелузлави флекички на рацете.Користев Бекутан,Блек ап и за мене се катастрофа!Поготовоа тоа Блек ап ѓубре невидено и без пари да е не вреди.Барем за мене. Конечно братучедка ми ме просветли лани со Каротен (грчките) и јас сум ПРЕЗАДОВОЛНА!Еве го јас го имав маслово и предобро е,штити,убава боја се добива и НЕ ми направи лишаи/флеки по рацеве. За лице користев ДебораИсто сум презадоволна,без мириси е и штити неверојатно добро.Се случи цел ден да бидам на сонце на +40 (не на плажа) и не ми изгоре лицето. Оваа година повторно истите ќе ги користам.
Луѓе се пеплосав. Жар црвена сум, и што е најжално, само одпозади Еве ваква сум, со бело лице и одпозади жарче. Спојлер Си ја заборавив кремата дома и така без неа ко луда од 12 до 2 си читав книга, викам облачно е ништо нема да ми биде. Ама гадно се заебав. 2 дена од креветот неможев да станам, и ништо немав јадено. Дури денес се соживив малце. Ццц..со кој памет еј
^ Oваа крема не сум ја сретнала кај нас,а ми ја имаат пофалено.Ќе можеш ли да ми кажеш од каде ја зеде и колку?
Каротен дефинитивно ФАКТОР 50 за деца она што е овошното млеко,околу 800 денари е ама вреди ептен.Само пофални зборови...
И да ве прашам видов во рамстор една крема за лице ЛЕА 50 фактор дали ја има некој користено со оглед на тоа што беше 160 денари? :/
Бидејќи не можев да најдам слика од оваа крема морам ваква ај девојки кажете ми дали оваа крема за сончање сто е под број 1 е добра ?
Од аспект на заштита супер е, а ако нешто ти значи остава доста бело по мачкањето и не се впива и измива лесно.
Јас си го купив на Каротен кремчето, со 30 спф, и еве скоро две недели си го користам, многу е убаво, мене ми се прават лишаи од пресушување, од сончањето, па досега немам ништо, а доста сум на сонце Така да од мене има 9/10, само ради малце појакиот мирис А иначе е многу убаво за размачкување, има некоја гел-крем формула, лесно се впива, и то е то
Супер е штити, а тоа е најважно Тоа што потешко се измива е добро за заштита во вода, а за да не ти остава многу бело по кожата не нанесувај премногу количински. По мене не си згрешила што си ја купила
Јас лани летото ги имав тие од Кам, спреј со 20 и крема за лице со 30 фактор. Мене ми се погодија ептен. Не изгорев воопшто. Додуша јас и темен тен имам, не горам, ама на ова лудо сонце мора висока заштита. После 5-6 дена, си купив масло со SPF 4, а пошто не ми се даваа многу пари, си купив Арко, некој турски бренд (во Турција бев на одмор) и во наредните 10 само него го користев. А на лице обавезно крема со 30. Не сакам брчки. Се вратив дома ко чоколадо иако воопшто не се печев на сонце.
Бидејќи сум алергична многу на креми и фактори.Од кога знам за мене користам Блек ап, ,и стварно сум задоволна.И вред и за парите.Почнувам со 30ката,па продолжувам со 20ката и така натака.Страв ми е да сменам,друг факрот од тоа што незнам како би ми реагирала кожава.Пред некоја година се намачкав со факторот од Докторс,ама незнам некако после на телото ептен ми беше чудно.
Го имате користено? Јас вчера го купив, го испорбав, не изгорев, мирисот е добар, за парите вреди, ама подобри од овие: нема, можеби затоа што не сум користела други, ама најзадоволна сум од овие два.