Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Креми со заштитен фактор (SPF)

Дискусија во 'Тело' започната од Scarlet88, 2 мај 2010.

  1. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.008
    Допаѓања:
    51.857
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Цел живот ги користам овие и многу сум задоволна.
    И не се скапи, што е супер, зашто јас ставам сто кила креми на мене и многу брзо ми се трошат.
    Летово првпат и таа со антицелулитниот ефект ја купив, па ќе видам каква е. :)
     
  2. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Знаете ли колку од прилика е блек апот 30 фактор, да знам колку парички да си тргнам настрана.
     
  3. 2036

    2036 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    75
    Веќе неколку години користам Бекутан со 30 или 50 фактор. Имам светол тен и брзо горам плус ми се јавува алергија од сонце па до сега супер се покажа. Единствена мана му е што тешко се размачкува.
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.970
    Допаѓања:
    81.301
    Пол:
    Женски
    Сто и нешто денари. Максимум 200.
    Јас мојава лани ја зедов, гледам уште е добра и рокот и истекува следната година, па и тоа малку што ми остана ќе го потрошам деновиве.
    Ептен ми одговара колекцијава и никако не ја менувам, така ќе остане и годинава. :)
     
  5. Anonnimna

    Anonnimna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    76
    Мишелке пошто знам дека и ти имаш масна кож па си викам да те прашам која крема ја користиш за лице? :D
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.970
    Допаѓања:
    81.301
    Пол:
    Женски
    На лице мачкам од истата, бидејќи лесно горам и ми треба барем фактор 30ка. :D
    Немам проблем, т.е. сум немала до сега проблем со светнување или зголемено лачење на маснотиите по лицето. Годинава планирам да пробам комбинација од Блек ап-от и подлогата за шминка на Јанг Дерм, зашто на самата туба пишува - со природен УВ филтер.
    Мислам дека ќе биде океј. :)
     
  7. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Во Зегин се најефтини, баш вчера гледав и беше или 145 или 154 :)
     
  8. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Како дневна крема ја користам Complete Balance Day од Solutions на Avon, со заштитен фактор 15. Нема менување лето-зима, таа си е.

    [​IMG]

    Кога одам на плажа врз дневната крема нанесувам и Black Up крем со заштитен фактор 30. Досега сум задоволна и не сум имала проблеми со размачкување или разводнување кога ќе влезам во вода.
    Не горам на лицето воопшто, ја ставам чисто ради заштита.

    [​IMG]
     
  9. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Благодарам девојки, овие денови ќе се прошетам и ќе видам ама мислам дека ќе земам блек ап 30. Значи евтино било, а за добро е проверено, само што лани мајка ми го купуваше а таа ја заборавила цената, оти гледав некои и до 1000 достигнуваат овде, па да си прашам :D
     
  10. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Го користам Докторс 30 фактор. Задоволна сум, а и убаво мириса :)
     
  11. Penkalce

    Penkalce Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    7
    Девојки а да ве прашам дали некоја од вас го има користено Carroten Intensive Tanning Gel неможев слика да најдам, а ме интересира баш дека прочитав брзо се поцрнувало ама па и без фактор е, па се мислам штетно да не е на кожата :D
     
  12. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    3.972
    Пол:
    Женски
    Можеби точно е тоа дека се поцрнува брзо ама можеби ова се става во последните денови за да фатиш повеќе боја.
    Мој совет ти е дека го немам јас користено ама сепак мислам дека е вака зошто и една другарка имаше слично вакво од Нивеа мислам првин ставај крема со заштитен фактор па последените 3,4 дена ставај од ова :)
     
  13. Penkalce

    Penkalce Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    7
    Ти благодарам за советот најверојатно така и ке направам :) Се мислам за оваа крема за сончање кажете ми дали некоја има искуство, дали вреди да ја купам дека и не е баш ефтина :D http://www.google.com/imgres?q=eucerin+ ... 6,s:0,i:94
     
    На doll.a му/ѝ се допаѓа ова.
  14. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Јас секогаш си земам со 40 или 50 SPF , бидејќи сум бела.Сега имам докторс 40 SPF и задоволлна сум не ме изгоре сонцето.
     
  15. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Јас си ги користам Black up
    [​IMG]

    Кремата со заштитен фактор 20-ка ја имам сега, секој ден си се мачкам за на плажа, ах им го обожавам мирисот бе. :sun:
    И цената им е нормална, инаку претеруваат другите со цени од по 600-700 денари. |(
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.970
    Допаѓања:
    81.301
    Пол:
    Женски
    За оние кои прашуваа колку пари е Блек ап со заштитен фактор 30ка.
    155 денари во Тинекс макретите.
    Ми падна в раце едно каталогче од таму и ја видов информацијава, па да ве известам. :D
     
  17. Angieee1

    Angieee1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Секако дека користам.
    Првите денови користам 30 фактор, пошто сум прилично бела. А после вториот ден веќе се мачкам со 20 фактор.
    50+ фактор може да предизвика рак на кожа.
     
  18. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    И јас ги користам Блек ап, ама би сакала да прашам, гледав лани на плажа едно семејство буквално беа кој од кој поисончан. И баш приметив дека се мачкаа со некое масло во жолто пакување,значи не крема туку масло. Дали имате претстава со кое би можело да биде? Колку успеав да видам не ми изгледаше познато пакувањето со производите од нашиот пазар.
     
  19. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    И како сте задоволни од Блек ап? Јас се мислам сега дали да си земам Блек ап 30 фактор или Каротен 30.. :^)
     
  20. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426

    Јас сум презадоволна, со оглед на тоа што имам потемен тен со Блек ап не горам. :)

    http://www.alkaloid.com.mk/black-up-mas ... 35-ml.nspx а на ова масло дали знаете колку е цената?
    [​IMG]