Значи само слика си ставила,темава ти нема никаква поента, од кај да знаеме што сакаш да кажиш, да прашаш можеби? Да дадеш свое мислење, искуство итн, итн. П.с да се надоврзам на темава, имате ли некоја искуство со оваа крема? Се јавуваа дома и ја нудеа, но 2000 ден.не ми се даваа некако. Скоро на фб. Ми излезе една страница за онлајн нарачки, па таму ја нудеа за 800 денари, што ми падна малце сумливо. А исто така и на топ шоп ја има за околу 2000 денари. Сите се со различно паковање и амбалажа. Добра е за лузни од операции, флеки од акни, за лечење акни, стрии, брчки. За регенерација на кожата. 100% швајцарски производ. Па?
Значи само слика си ставила,темава ти нема никаква поента, од кај да знаеме што сакаш да кажиш, да прашаш можеби? Да дадеш свое мислење, искуство итн, итн. П.с да се надоврзам на темава, имате ли некоја искуство со оваа крема? Се јавуваа дома и ја нудеа, но 2000 ден.не ми се даваа некако. Скоро на фб. Ми излезе една страница за онлајн нарачки, па таму ја нудеа за 800 денари, што ми падна малце сумливо. А исто така и на топ шоп ја има за околу 2000 денари. Сите се со различно паковање и амбалажа. Добра е за лузни од операции, флеки од акни, за лечење акни, стрии, брчки. За регенерација на кожата. 100% швајцарски производ. Па? NEMAM ISKUSTVO BARAM NEKOJ DA SPODELI AKO JA IMA KORISTENO ZATOA JA POCNAV TEMAVA
Јас и претходно имав пишано само неможам да се сетам во која тема, можеби во „Како до чисто лице“... Јас имам користено 2 кутивчиња досега Celltone мајка ми ми го порача од Теле шоп. Јас имав комбинирана кожа со ситни флеки од акни на образите. Состојбата на лицето ми се подобри многу. Повеќе од било што кога сум користела. НО, толку ми го изрегулира лачењето на маснитијата на лицето што почна лицето да ми се перути кога го ставав. Од второто кутивче имам уште сосема малку но неможам да го досатавам. Не ми го прима лицето. А третото кутивче ми стои незапочнато но, ќе го искористам во месец август на најтоплото. Тогаш даваа попуст ако порачаш две нашеднаш па од кога ми заврши првото порачавме две со некој попуст. Со достава 1 кутивче чини околу 2 200. Бидејќи престанав да го користам флекичките пак си ги имам а тогаш беа видно избледени (од црвеникави станаа ептен бледо розеви) но многу ми е жал што не можам да продолжам да го користам. Чудна работа. А тогаш кога ги ставав добивав многу комплименти за изгледот на лицето, беше одлична основа за пудра и цел ден не ми мрдаше. Сега веќе не ми е мрсна кожата. Ми ја регулира мрснотијата но за жал кога ќе го нанесам ми се перутат образите и носот и пудрата одозгора мноогу лошо стои. Тоа е моето искуство.
Јас ја имам користено оваа крема бидејки имам премногу лузни ама ефект никаков освем тоа што го прави лицето помеко.
Гелов го користам веќе 2 месеци и оттогаш дали 2-3 акни ми се имаат појавено. Ми го донесоа уште лани, ама од што бев разочарана од секој можен производ и лицево ми беше презаситено, не го користев. Почнав некаде февруари и сум презадоволна, па си нарачав да ми донесат уште. Лицето ми е нежно, црвенило речиси и да немам, порите ми се мнооогу средени... уште некој ласерски третман да лупнам за неколкуте дупчиња што ги имам на слепоочници и ко бебешко газенце ќе бидам. Cell-1, швајцарскиот, чини 80 франка, што е над 4000 денари. Скапо е за наши стандарди, ама вреди за секој денар. Нашиве Celltone го нудат, што е малку послаба, афричка преработка на оригиналниот производ и повеќе е ко крема отколку гел. @bela.m не се става тоа ко подлога. Намената му е да го оставиш чисто да дејствува на кожата пошто регулира зголемена маснотија и спречува прљавштини да се залепат и навлезат во кожата. Дејствува ко пилинг и ги лупи мртвите клетки. Од нив ти се перута кожата, во комбинација со сите прашинки што лицето не може да ги впие пошто под него го има кремот/гелот. Не знам за Celltone, ама Cell-1 не мрда од кожа, макар и над 10 часа спиеле. Морам да го одмијам секое сабајле, инаку уште стои ко оние peel-off маскине и штити преку ноќ. Ако имате некој директно од Швајцарија да ви донесе, ич не му мислете. Баталете ги овие афрички, или, уште подалеку било, бугарски алтернативи.
@calliope ti blagodaram mnogu na sovetot. Definitovno celltone i celltone-one imaat razlicna tekstura bidejkji Kolku shto te svativ tvoevo ima kremasta tekstura i moevo e bash kako gel i ima prozirna boją... Kako i da e, Blagodaram za sovetot, kje te poslusham
Јас го користам моментално. Имам комбинирана кожа која во текот на зимскиот период е за нијанса посува од обично. Презадоволна сум, немам користено подобар препарат за лице досега за во зимски услови. Ќе видам како ќе ми одговара кога ќе подзатопли. Го нарачав од љубопитност поради огромната популарност на овие препарати со слуз од полжав без никакви посебни очекувања, ама на крај испадна одличен!
I jas ja zemav sega ja koristam kratok period pa ke vidam dali ke mi odgovara. Јас го користам моментално. Имам комбинирана кожа која во текот на зимскиот период е за нијанса посува од обично. Презадоволна сум, немам користено подобар препарат за лице досега за во зимски услови. Ќе видам како ќе ми одговара кога ќе подзатопли. Го нарачав од љубопитност поради огромната популарност на овие препарати со слуз од полжав без никакви посебни очекувања, ама на крај испадна одличен![/QUOTE]
@Emy867 @AnjaMkd Чикас, која е цената на кремата и од каде може да се купи? Патем гледав се рекламира сега исто од полжав, по цена од 450 денари, иста е или е различа кремата?
Не знам Сунчице, веројатно е нешто слично ако не е исто. Составот горе-долу треба да е тој, само производителот различен претпоставувам. Јас оваа ја нарачав преку ФБ од Green Master. Цената е 505ден. Лицето стварно не ми било помазно никогаш.
@Emy867 Мерси Емке за одговорот, а како делува во однос на флеки? Ефективно е? Ако има и некој друг, конкретно за тоа, да сподели искуство Сестра ми има флеки од поткожни на нозете, па при рекламирањето, кремата ми се виде дека би била солидно решение, што знам
За флеки не би знаела да ти одговорам бидејќи ги немам, ама ете имав некое црвенило кое се појавуваше повремено на челото најмногу, сега го нема.
Кога сме кај полжавиве, има една крема што ја рекламираат со екстрат од слуз од полжаб, на К се вика и е 450 ден. Искуство со таа?
Jas ja zemav od zena edna preku fb 500 den ja zemav za fleki ke vidam dali ke mi pomogne i ke ti pisam
@Elence93 Краутерхоф се вика кремата, инаку достапна е во Хербал плус аптеката и е германско производство, додека таа од Мастер Грин е бугарска. Инаку, таа од Хербал мириса ептен убаво, како парфем дури, ама за ефективност не знам, сестра ми ја зеде за флеки, па ако има резултати ќе напишам
Германска е и од Грин Мастер, Самр. Баш сега кога го прочитав мислењево, ја земав кутијата да проверам.