Јас уште не сум почнала да ја користам кремава зимава ни еднаш немам ставено крема за лице. Инаку баш кога ја порачав ми кажа @Ketchup дека е за флеки.
@Winter Lady Кремата не е само за флеки, туку и општо за регенерација, еластичност, подобрување на тенот, хидрирање, за брчки, стрии, акни и сл.
@Winter Lady Макар нема слика, секако дека постојат и др. креми и за стрии, како што постојат и за флеки, само кажувам дека таа за полжав, покрај другите својства е и за тоа
@Winter Lady Сега јас треба да те убедувам дека не е, пошто на неа пишува Анти-ејџинг Поентата си ја кажав погоре
Нема да ме убедиш зошто од Анета Бујалик сите ја порачуваат за стрии. Жените од групата ун диета и по други групи на фб ја фалат кремава и имаат искуство со неа.
@Winter Lady Океј, calm down, џизас Нема да се повторувам, кремата што ја постираш има повеќе функции, пр. како за целулит, што го велам и за другата, дека има повеќе својства
@Winter Lady кремите со слуз од полжав се за целосна регенерација на кожата од било какви оштетувања на истата, а тука спаѓаат и стриите меѓудругото. Колку е ефикасна во сево ова не знам, јас имам чиста кожа и мене ми е одлична за секојдневна употреба во постудените периоди кога кожата ми е посува. Оваа крема која ти си ја постирала е против стареење (Аnti aging штом пишува).
Можда минимално да помогне таа од полжав но никоја не кажала дека и исчезнале стрии од неа. Туку од тигерграсот.
Коме речи. Кремата од полжавот е пред се за регенерација, исто како оваа што е анти-ејџинг, ама ти се фати за едно од својствата, претпоставувам бидејќи ти е досадно
Контактирај ја жената што ги продава па ќе ти каже. И на фб низ групите побарај. Немам потреба да ти се докажувам ни убедувам лично сум задоволна од тигерграсот.
@Winter Lady Е добро бре Винтер, претходно кажав, а и секој тип на кожа е различen. Плус, темата е конкретно за кремите за полжав, па сметам дека нема потреба од понатамошна дискусија околу онаа што си ја постирала
Многу ме интересира како мириса кремата. Користам една sheet-маска за лице со слуз од полжав, многу ми се допаѓа ефектот кој го дава на кожата, ама мириса гадно, до повраќање. Сè за лепота.
@Mishela Мишелке, таа од Хербал плус мириса како парфем, дури и јас се изненадив. Да почне човек, така без причина да си се мачка Ептен добро, одобрено од Сунчица по парфемите што е За онаа од Грин Мастер, еве Ејми ќе ти каже подобро