@Mishela и онаа од Грин Мастер има баш пријатен мирис. И јас очекував нешто лигаво, бљуткаво и со специфично неубав мирис, ама добив баш спротивно.
@Emy867 И, како си задоволна од кремата ? Сакам да ја порачам, но сеуште двоумам. Дали помага за изедначување на тенот?
Јас сум презадоволна. Кожата ми е мека, нежна, а црвенилото кое знаеше да ми се појавува на чело од време на време, сега го нема. Мене ми е одлична и како подлога за пудра. Се токмам деновиве да нарачам ново кутивче. Ако имаш комбинирана или сува кожа нарачај ја, за масна мислам дека не би одговарала бидејќи кремава е доста богата.
I jas imam problem so fleki i neizednacen ten ke mi kazete tocno kako se vika posto od polzav gi ima poveke i od razlicni proizvoditeli a isto i razlicni ceni..
Значи, многу е актуелен. Ме интересира дали некој користел и за што и како сте задоволни? Мене ми треба за затегнување на кожа во пределот на раце, нозе и стомак, стрии и флеки од мозолчиња. Која марка е проверено добра?
Девојки, дали некоја од вас ќе биде љубезна да пише декларација (по можност на латински во оригинал) од двете креми кои ги зборите? моментално работам на една статија за својствата на слузот од полжав и сакам да знам каква декларација имаат производиве. Ви благодарам. Поздрав.
http://sr.greenmaster.info/krema-sa-sluzom-od-puža-150ml Дали некој е информиран колку проценти на слуз од полжав содржи кремава, или е со некоја ,,ветер" доза? Ја користам една недела, секоја вечер ја ставам и ми кажаа дека мора да се става само кога не излегувам на сонце (значи навечер) и не се користи заедно со други препарати, вклучувајки и пудра! Исто така, ме интересира колку време се става, дали се прави пауза и после колку време треба да се добијат првите резултати, т.е. ефекти? Инаку имам проблематична зрела кожа (најстрашно)
Јас ја користам некое време мене супер ми одговара, насабајле и навечер ставам. Кремата можеш слободно и под пудра да ја ставаш и преку ден. За резултати зависи од кожата, јас имам комбинирана со по некоја акна за време циклус. Од кога ја користам лицето ми е многу почисто. Единствено не се става под очи. Инаку имам 27 кремата е за сите возрасти.
Jas imam nokjna krema od Refan so sluz od polzav i sum zadovolna. Ne e mrsna a dosta dobro go hidratira liceto
Преубава. И гел имам и крем. Мене многу ми одговара, а имам комбинирана кожа. И под пудра го користам кремот, супер е. Го хидрира лицето, а истовремено го држи мат.
Гелот Кремот Пред еден месец ги земав прв пат. Задоволна сум, мада и немам некое проблематично лице. Планирам да продолжам да ги користам.