Избелување Незнам дали е првилен насловот, но итно ми треба помош! Значи вака за месец дена сме на свадба, мајка ми купила фустан со гол грб. Арно ама лошо е исунчана, целата е обележана. Незнае што да прави, се нервира. Па затоа ве молам дајте , кажете како да и избели грбот, некоја крема, лосион, домашно подготвена маска, било што. Инаку кума е на свадбата, затоа и е итно
Избелување Нека проба со Меласкрин од Авене или Еуцерин... за секој случај најдобро е да се консултира со дерматолог.
Избелување Во мал град живееме каде што во околината нема дерматолог...далеку ни е ептен за да одиме специјално за тоа, нема да сака
Избелување Земете средство за самопотемнување, за тој еден ден ќе заврши работа, колку толку да биде поизедначен тенот (се надевам дека фустанот не е светол ептен). Ама треба барем два три пати да се намачка, но зависи и од средството. Тешко дека за кратко време ќе успее да се избели исончаното.
Избелување Леле стварно незнам, бидејќи досега немакористено крема за самопотемнување, да не се направи цела на флеки има јас пак да бидам кривата хД
Избелување Се согласувам со мислењето над мене, немора да и се избели грбот, може уште малку да го исонча, колку да и се изедначи тенот. Мислам дека тоа е најдобро и најприродно решение, а имате и месец дена време, што е сосема доволно
не е возможно побелување поради меланинот во кожата кој само потемнува од сончевите зраци ... освен ако не си мајкл џексон позз
За кремови незнам.Ама лимонот е стара финта испробана.Тријај го лицето со лимон неколку денови ќе забележиш разлика.Тенот на лицето ќе ти стане поурамнотежен и посветол.