1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крем Бруле

Дискусија во 'Рецепти' започната од EuRo, 16 мај 2012.

  1. EuRo

    EuRo Активен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    15
    Многу сакам успешно да го направам рецептот,едноставен е а сепак доста сложен :D
    Кој има направено нека сподели рецепт.Превкусно е!
     

    Прикачени фајлови:

  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.337
  3. EuRo

    EuRo Активен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    15
    Славица,сега само што го направив мојот крем Бруле,ама знаеш како е...Што може да тргне наопаку,секако ќе тргне :D ...Прво за малку ќе си го запалев лицето од оганот со кој се карамелизира шеќерот и потоа кога беше готов видов дека сум направила КАЈГАНА :rofl:
    Тешкоо е многу,а толку го сакам |(
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.304
    Допаѓања:
    200.510
    Пол:
    Женски
    За ова може треба вежбање... ај ќе пробам јас викендов ако имам време, предизвик ми се вакви рецепти. Ама Euro, со што ли го карамелизираше шеќерот? Професионалните готвачи користат лет-лампа, а ти можеш да направиш обичен карамелизиран шеќер, барем тоа не е тешко.
     
  5. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.132
    Допаѓања:
    64.745
    Пол:
    Женски
    Ги прочитав двата рецепта што ги ставила Славица и во двата рецепта имаат изоставено основното нешто што е битно да ви успее крем бруле.
    Крем бруле се пече во water bath, се ставаат садовите во подлабок сад налиен со врела вода и така се печаат, така без вода ќе испадне кајгана а не десерт.
    Исто кога ќе зоврие слатката павлака кога ќе се измеша со жолчите при мешањето се создава пена која треба да се отстрани, не се вари смесата туку се прецедува и се става да се пече во садот со вода и покриени со фолија.
    Најубаво е да се остави крем брулето да преноќи во фрижидер и ако се нема лет лампа да се стави кафеавиот шеќер одозгоре и ако има шпоретот опција на грил да се стават под грилот 2-3 минути ќе се постигне ефектот на карамелизиран шеќер.
     
    На Eli23, imelda и Annath им се допаѓа ова.
  6. EuRo

    EuRo Активен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    15
    Луѓе јас не ви кажувам со што го карамелизирав шеќерот,ќе се фатите за глава :lol:
    Инаку се направив како што треба,го печев во мал сад ист како на сликата само повисок,и зовриена вода во тавичето со тањирот,само не ја извадив пената и воопшто не ми се згусти хоплата на крај.Е после се изнервирав,претерав намерно со температурата и направив кајгана :D .Изгледа сум промашила во количините,или пак има некоја тајна за да излезе овој рецепт како треба.
    И битно е да се има вистинско ванила стапче,игра доста голема улога во вкусот.
    http://www.youtube.com/watch?v=Jj0UuWmp63s
    Деликатно е,а и треба да се имаат некои кујнски помагала.
     
  7. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Се како што кажа, само за ова посебно ќе додадам, дека јас ги ставам садчињата повторно во тепсија со вода, овој пат ладна па и коцки лед додадам пред да ги ставам под грил, така шеќерот се карамелизира ама кремот внатре си останува ладен.
     
    На Annath, bittersweet и budista им се допаѓа ова.