1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кречење (молерисување)

Дискусија во 'Дом' започната од soncicko, 17 април 2012.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    35.785
    Пол:
    Женски
    Откако дојдовме по кирија, не сме кречеле. Искречиле газдите. Планираме да кречиме ова лето, ама не е сигурно. Ќе кречи маж ми. Тој се занимава со тие работи.
     
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Не ти била оваа работа за жена :D

    Ми дојде луда идеја да ја избелам цела куќа брилијантно бела. Почнав со идеја за дневната да е бела, да е посветла и да изгледа поширока, па и си купив две слики во темпера вибрантни бои, и баш убаво би стоеле на бел ѕид, како што стоеја убаво во галеријата.
    Се нацртав во продавница, полна енергија и ентузијазам |( и кога видев колку белата поликолор е поевтина од било која друга боја, на третина од цената, па и намаление од 20% на се тој ден, си натоварив доволно за секоја соба. Кај една ќе клефтам, барем и другите да ги освежам во исто време. Па четки, поголема/помала, па полифилер, гланц папир, ролери, со кратки рачки, со долги рачки, едни со измеѓу, решив дека и мушами ми требаат, дека стара постелнина нема да ми стигне да покријам се, па таа лентата за околу рамките на вратата и џамовите, некој си сапун што се раствара во вода со кој требало да поминам ѕидовите за да фаќа бојата поубаво... и таман си помислив имам се што ми треба, ми падна во око тоа белото одело, па ајде и тоа. Едвај собрав се во колата. :!:
    Почнав со оделото. Како да ме праќаат на крајм син инвестигејшн :D ама сериозно изгледам за работата, што значи знам што правам :wasntme: . Цел ден полнив пукнатини. Досада. Човек да не се разврти и загледа по ќошиња. Оваа земја многу мрда изгледа. Ден два стругав да измазнам каде пополнував, ги измив ѕидовите и полепив лента да маскирам рамките. Се закачив за мердевинчето и го расправ оделото. Ден три, во стари фармерки и стара блуза, два пати го поминав таванот, тотално ги измачкав сијалиците несакајќи ама се надевав лесно ќе излезе бојата, се направив снешко што ме прскало од ролерот по коса и по лице, грб укочен во форма на банана. Ден пет ми се плаче и од грб и од фарба, ама почнувам на ѕидовите и со четче по ќошињата. Ден шест, репете на ден пет за втор слој по ѕидовите, само што уште повеќе ми се плаче. Ден седум чистам и ги кријам останатите конзерви боја во кабинет под степениците таму најназад за да не ги најдам во скоро време.

    Сијалиците уште имаат фарба по нив. Маж ми не е сигурен дека ја сака белава боја, а јас не сум сигурна дека нема да го отепам ако ми рече да префарбаме :sweat:
     
    На Feather, mimiiiii, Glasna и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Дечки во простор кај што никогаш не е варосувано (кречено), подобро е првиот пат со вар или поликолор?
    Јас имам читано дека со вар е подобро, некои ми велат со поликолор, други дека треба најмалку 4-5 пати треба да искречиш со поликолор за да добие ѕидот боја..
    Некој поупатен да ми каже како е?
     
  4. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.343
    Пол:
    Женски
    Може бројче од добар глетувач и молер. Сакаме да кречиме ама сакам некој стварно добар мајстор и отприлика дали знае некој колку ќе не кошта глетување и кречење на стан од 65 квадрати
     
  5. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    1500 по соба
     
  6. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.343
    Пол:
    Женски
    Јас многу не се разбирам ама нели цената е од квадрат. А со моја или ваша боја.
     
  7. Vip83

    Vip83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    242
    Кај мене лани кречеше една будала од молер. Се живо испокрши,повеќе беше на фб отколку што кречеше. Резултатот на крај беше катастрофа.А,дебело наплати. (facepalm)
     
  8. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.843
    Пол:
    Женски
    Како и секоја година само мењам бои, де црвена, де шампањ, де кајсија, се некоја боја ми текнува нова да ставам, овој пат се решив на друга боја да се кречи :D сега уште мајсторот да дојде, и може да се почне конечно. А и само едно знам дека повеке никогаш нема да ставам пак црвена боја.
     
    На Tinushka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    Ако ви треба мајстор за гипс картон, фино/ грубо, глетување, абрид фасада, стиропор лепење, молерисување, кречење, монтажа/демонтажа прозори, комарници, пишете ми.
     
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Ти пишувам :)
    Може контакт?
     
  11. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    Здраво. Ми треба мајстор или фирма за кречење, ама сами да си растурат и врата се на место, да пазат во работата и да не претеруваат во цените. Ако знаете таков/ такви, ве молам пишете ми контакт. Поздрав!
     
  12. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.403
    Пол:
    Женски
    Не беше кречено 4 години, и веќе беше неопходно. Сакав да сменам боја, да не биде бело веќе.
    Во дневната бојата е измеѓу праска и крем, некоја нежна нијанса, а во спалната нежна виолетова.
    Супер испаднаа боите. Искрено кога мајсторот почна да кречи, дека бојата уште не исушена и беше потемна па се разочарав. А после си доби убава нијанса, баш таква како што си одбрав.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    5.885
    Здраво луѓе
    Сакаже да ја обоиме куќата од надвор. Пред 15 год. Било со вар така што сега е со вар.

    Што препорачувате и зошто
    Вар или поликолор?

    П.с. дали е тоа точно дека ако ти е офарбана куќата со поликолор од надвор можеш да ја миеш со вода? (facepalm)


    Пишав во друга тема а не видов дека имало тема па само го копирав мислењето.
     
  14. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Кречењето е најтешката работа во домот, не самото кречење, туку чистењето и средувањето после тоа.
     
    На TrinityNeo, Aleksandra9999, KuklickaMoja и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    1.091
    Пол:
    Женски
    Здраво! Препорака за специјализирана продавница за бои и лакови во Скопје?
     
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.542
    Допаѓања:
    34.779
    Пол:
    Женски
    Ние од Јоди земаме.
    Исто имаат специјализирана продавница на Тиккурила (кај Американ колеџ) Неколку пати сум била, се разбираат во бои и простор и можат да те посоветуваат кои бои да ги користиш зависно од твојот простор и осветлување.
    Ова за Скопје
     
    На Филотеа му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Вишиус

    Вишиус Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    А дали некоја од жениве, па и мажи ако има во групава, може да ми кажат колку е соодносот на мешање боја со вода? Нели се меша бојата со вода, на пример на 2 литри боја колку вода вие додавате? И убаво би било од нашите обоени ѕидови слики да си ставиме. Ние сега ја кречиме собата за бебето, небесно сина (Хаваи се вика бојата) па ќе ви прикачам. Мажот ми кречи, не е нешто многу искусен (тој си кречел порано со татко му, ама сега дека сам па се изнервира со растворот на бојата ) но убаво испадна како за прва рака. Утре да се доврши па ставам слика од ѕидот. Исто така минатата година ја кречевме работната соба во различна боја, нешто како табла зелена ама навистина убаво е за одморање на очи (барем мене ми е, за некој е темна , но сеедно битно мене ми се допаѓа). Само сакав да знам како вие боите ги растворате, соодносот. Може и јас ќе се фатам за четката селеден пат сама и ќе избојам пак нешто во различна боја.
     
    На Feather му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.020
    Пол:
    Женски
    Жени, препорака за молер?
     
  19. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    Тешко дека ќе најдеш зошто се турбо.
    Ние од 10ти јули сме договорени:D
    За кречење ти е само?
     
  20. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.020
    Пол:
    Женски
    Да, стан од 50 квадрати цел да се окречи. Знам дека е хаос на лето, ама некогаш мора :)
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.