Баш тие што се големи противници, носат крзно. И да бе, вештачко ми е, не е природно А кој може да си дозволи природно крзно
зашто да не може да се дозволи кај нас?? па и не е така скапо реалното кај нас, така да може да си дозвоат љубителите и не, не носам и немам, и нема ни да имам а не може никој да те прелаже зашто на допир одма се осеќа вештачко или реално и мајка ми имала бунда и лисица на времето, па видела на телевизија како се прави крзно, па ги дала на поклон значи ете, допрело до нејзе... баш со нејзе зборевме со моја другарка на оваа тема
Јас не знам што толку привлечно гледаат во природното крзно, кога и вештачкото не изгледа лошо. Кога сакам да облечам нешто од крзно, сега гледам дека во мода се елеците, ќе купам вештачко. Барем ќе знам дека никој не умрел заради некој мој хир. Друго е да јадеме месо, тое е природен процес, синџир на исхрана, се надевам дека барем малку имате познавање од биологија, ама да дереш животно заради мода или за да се декалрираш како богаташка бидејќи имаш крзно, за мене е неразбирливо. Али комплекси се у прашање. Тешко е кога ги имаш. Жално е што овие луѓе комплексите си ги лечат врз невините животинчиња. Што се виновни што некоја будала има комплекс на ниска вредност, па има потреба да се докажува носејќи крзно?
Еве јас на пр. неможам да си дозволам бунда од нерц, се знае кој дава 1000-2000-3000 евра за природни крзна. А и да имам толку пари, не купувам
Марама, понекогаш дрскиот пристап кон некого е и единствениот начин да се допре до некого, не само на оваа тема, туку воопштено зборувам, дури во сите случаеви кога има мало или скоро отсуство на совест се сомневам дека со милно убедување ќе има повеќе резултати. Јас лично и преферирам да бидам вербално ошамарена ако грешам, бидејќи повеќе се извлекува често баш така поука ионака добронамерните соевти ретко кој или скоро никој не ги слуша. Навистина фотката со детското раче е екстремна, но екстремностите неминовно будат интерес и остануваат ем забележани ем подолгорочно врежани во меморија. Огромен број животни се на работ на истребување поради човечката несовесност, ако веќе сакаме да се нарекуваме свесни битија и сме некоја круна на еволуцијата како утре на нашите потомци ќе им го објасниме фактот дека не постојат одредени видови бидејќи не сме ја спречиле со ништо оваа налудничавост и сме се однесувале како единствени жители на оваа родна планета, кој ни ја дал таа ексклузивност ако насилството и усмртувањето во име на лудоста и луксузот и може да се нарече така?! Погледнете се себеси за 40-тина год. како со внучето листате енциклопедија и ве прашува зошто нема повеќе бенгалски тигри на планетава. Овој револт и неговото изразување е најмалку што може да се направи и дури сум убедена во исправноста на нештото не ми е воопшто грижа дали тоа на некоја ќе и делува како премногу силен вербален атак! Во крајна сметка никој од нас не доаѓа со натпис ,,внимавајте-кршливо од премногу (на)силни зборови,, кога може да носи демонстративно крзно, нека се носи и со осудата...
Брат ми и сестра ми чуваа зајци како помали. Мене ми се преслаки и преубави зајчињата. Којзнае колку такви малечки зајченца се убиени за тој елек .
Па ефтино е. Мислам за тоа колку зајаци се потребни за елек, малку чини. Теодора нели сме ние културни и образовани? Можеш и културно на некој да му се обратиш, а сепак да бидеш дрзок. Се повлекувам од дискусија, сепак се изјаснив дека сум против и дека не би носела. Само сакав да ви кажам малку да внимавате на речникот.
Mалце офф, елекот не беше кој знае колку голем, сигурно 2-3 зајци, ама имаше едно 30 опашки на него .... болно
Ако јас пример сум решила да носам природно крзно, претпоставувам ќе знам како се доаѓа до него, и ако тоа не ме погодило, дрски зборови па ич, така да мислам дека сеедно е
понеси си и едно копје со тебе, и право на лов се шалам има, има луѓе што ова допира до нив, ете мајка ми еден пример сигурна сум дека ги има повеќе
Културата и образованието често не одат рака под рака, инаку може да се биде и културно дрзок и само дрзок, ама стојам зад тоа дека секој треба да се носи со осудата ако во очите на повеќето греши бидејќи да не се залажуваме судот и ставот на мнозинството, всушност е одраз на правилниот став. А, крзнољупците се помалубројни.
Еве ме мене пак на темава, веќе почнав да се замилсувам на клада се разбира доколку ми го откриете идентитетот. Да одговорам на прашањето, бидејки сум информирана.Кратка бунда најефтинка некаде околу 500 евра. Епа дека секој може во државава да си го дозволи тоа , чисто се сомневам.И сигурна сум дека пола од Вас доколку би можеле да си дозволата такво нешто веднаш би го облекле.И тука ја гледам ХИПОКРИЗИЈАТА на поголемиот дел од поборниците на правата на животните. А што се однесува дека кога станува збор за исхраната е оправдано, е тоа е дупла хипокризија.Значи целта ги оправдува средствата.Макијавелисти.И чисто за информација за оние кој дискутираат а немаат носено:немојте да ми кажувате дека исто топли вештачка и природна бунда, немаат врска едно со друго.Можам комотно цела Зима да ја поминам со кратки ракави и пак да не осетам нималку студ.
Не би носела природно во никој случај,вештачко исто. Не ми се допаѓа во гардеробата крзното а исто така кога ќе помислам на животинчињата кои умираат за ние да се китиме со крзно ми се гади.
Јавно и одговорно тврдам дека немам носено ниту пак некогаш ќе облечам природно крзно на мене. Мене зимно време ме топлат дебели џемпери, боди, дебели јакни, капути... но не нечиво крзно. Се ужаснувам од самата помисла да ме грее нечив остаток и начинот како е добиен истиот и нема теоретски никакви шанси тоа чудо да го допрам, а камоли да облечам на мене. Имам гледано многу клипови како ги мачат животните и сум липтала како мало дете, што од жал за животните, што од гнев и омраза према чудовиштата кои ја нанесуваат таа болка. Се прашувам дали тие луѓе воопшто имаат некакви чувства? Дали некогаш осеќале љубов према некого? Дали имале некогаш домашен миленик, дали погалиле куче или било кое друго животно? Дали осетиле колку истото може безусловно да сака и да биде искрено? Безмилосни, сурови и бесчувствителни се тие луѓе, како и истите кои ги носат нивните "креации" и "производи". И да додадам, сликата со жената и детското раче не е језива, туку е одвратна исто како што е одвратно и носењето мртво животно. Не заборавајте дека: Спојлер
Хипокризија ти е напишано само со големи букви за да ни се пофалиш со ново зборче во вокабуларот или па од истата причина што големата буква ја користиш и кај зима ? И повторно настапуваш со истите аргументи, што е веќе заморно човек да ти реплицира. И не биди воопшто сигурна дека не носат само тие кои не можат да си дозволат едно, не ми личиш на некоја способна да ги хакне сметките и испита контата во банка на сите групно и друго, бидејќи постојат луѓе кои имаат и држат до своите ставови и принципи и не сите се продаваат за кичесто парталче од мртви суштетсва колку сака и да е проценето.