Можам да си дозволам и од 10.000 евра бунда а не пак од 500 евра, и не да јадам леб и маргарин ама бунда да носам , туку без проблем да одам и сега да си купам , ама НИКОГАШ не би облекла бунда од природно крзно. Ово како кога ќе кажеш дека не слушаш турбо фолк а сите те убедуваат дека сигурно дома плачеш на песни на Цеца или кршиш чаши на Аца Лукас Сум против носењето на природно крзно, измачување на животните и тоа не сум љубителка на животни, немам домашен миленик имам дури и фобија од животни ама знам што е исправно а што не е.Правам оно што можам за заштита на животните, затоа што ако ние луѓето не го кренеме гласот за нив тие самите не можаат да се заштитат од нашата суровост и глупавост.
забрането е во могу земји како израел UK и тако даље банирано е израел е првата земја што го има банирано крзното и нивното производство и продавање
Законски има одреден период од годината кога е дозволено да се лови и кои животни да се ловат. Не знам како е со оваа индустрија, но знам дека ако на пример ловецот кој има дозвола за ловење ако го фатат да лови во забранет период му ја одземаат дозволата.
Би било ок да се борат против ова законски па да се има ред, а вака да се остави на свеста на човекот и да се мава со јајца по некоја која излегла од лимузина со крзно, не ми е баш...
Видиш, мама и тато сеуште не ти купиле бунда вредна 10 000 евра, баш штета. Битно, ти си свесна дека тоа е штетно по здравјето на човекот и не носиш крзно. А што правиш ти за животните кога не ги ни сакаш. Немора да ми реплицираш и одговараш, те разбирам.
^Мама почина пред 15 години така да немала ни можност да ми купи бунда, а јас работам од 15 години така да се што имам е лично мое, а од тато има кога да наследам се надевам дека нема да биде во блиска иднина. Тоа што се плашам од животни незначи дека не ги сакам или пак дека ќе ги носам на грб. Со купување на месо, млеко и јајца кои се free range, ја подржувам таа гранка на фармерството, со купување на производи кои не се тестирани на животни ги подржувам тие фирми кои се залагаат за заштита на животните, со донации на друштвата за заштита на животните индиректно им помагам на животните. Не мора да имаш домашен миленик па да знаеш што е исправно а што не. A носењето на природно крзно не е штетно по здравјето на луѓето туку е штетно за животните, на кого им ја дераат кожата
Па и во скафандер можеш комотно да ја поминеш цела зима по кратки ракави без притоа да утепаш животни. Еднаш во свој живот пробав бунда која на баба ми и ја дадоа на поклон и која таа за два дена ја даде на една жена-бездомничка затоа што не можеше да поднесе дома да има мртво животно. И не беше ништо посебно како што ти величаш, добра јакна и те како топли или будали сме ние 90% од државава што носиме јакни од вештачки материјали кои уствари ни се само мода и ни држат ладно, само вие што носите крзно се топлите? А многу ме интересира делот целта ги оправдува средствата. Тебе значи средство ти е да убиеш животно а цел што???? Да се пофалиш колку пари има или.....
Крзно носам,онака ептен ако има на некоја јакна или капут што ми се допаѓа ..и тоа е најчесто вештачко
Не! Никогаш во животов не би облекла природно крзно! Колку само ми е жал за тие кутри животничиња што се убиваат само за некои луѓе да се фрцкаат со бунда од природно крзно! Како да не!! И не носам крзно општо, само на јакнине, она горе крзноно што е, имам неколку ракавици со вештачко крзно. Колку ми се пуфчести и меки!! Си ги обожавам!
Да резимираме од некои од погоренаведените постови Девојките кои се против природното крзно никогаш во животот немале контакт со вистинско крзно! Ма дај те молам! Мајка ми имаше бунда, имаше 4 лисици, 1 куна и две шубари.....моментално дома и остана само уште капут, закитен со крзно. Дедо ми беше ловџија, дури и јас како мала имав шалче закитено со зајачки опавчиња....Но, тогаш бев мала и немав оформено ставови и мислења. Сега, кога пораснав и можам слободно да кажам дека сум зрело оформена личност, се изјаснувам дека не сум фан на носењето природно крзно. Јас не можам да гледам јаре да заколат, а не па да носам крзно на мене. И да! Јас не сум против вашиот фетиш или потреба за носење на природно крзно. Јас сум против стереотипите и небулозите кои ги кажувате- во прв ред дека тие што се против природното крзно, всушност немаат пари да си го дозволат истото и затоа се против. Бул шит! Не ги проценувајте луѓето толку површно
Високата класа која најчесто е проста и помодарски настоена се разбира ради статусот,стана репер дека нешто е прифатливо?! Мх,не сум знаела да ви кажам. Ко што залади,се почесто имам проблем да шетам по улициве. Сите накитени со крзненца... Дур го пишувам ова му се воодушевувам на мојот мачор дур си го галам.Колку убаво му прилега крзненцево. Шеќерлем невиден е! Му се воодушевувам!
Се собрала ниската класа на Фемина форумот и шири морал, и пропагира идеали. Треба да се засрамиме, неможеме да си дозволиме крзна на себе, па троламе тука ние не носиме крзно. Мачкаме очи искажувајќи љубов кон животните, а во себе сите сме толку безосечајни што кога би имале над 500 евра гордо би си ги топлеле коските со остатоци од телото од некое невино животинче. Во право сум, нели Слободка? Треба да ни биде срам. И патем со што ги комбинираш твоите скапи бунди, зошто со бунда од неколку илјади евра не ми одат чизми од 2.000 денари од Бит пазар?
приватно не сум љубителка на носење бунди од никакво крзно ни природно ни вештачко.едноставно не е мој тип на облека. но сум против природното кое на најбрутален начин се остранува од животното додека е се уште живо. п.с.носете си капути,бунди се носеа во времето на тито.
Зошто не би можело да се изработува облека од друг материјал, зарем треба да е од животни? Секое парче облека ќе те стопли, не мора да е од природно крзно.Болката е болка, имам споменато и претходно, не сакам да помислам што маки доживуваат животните за да се изработи облека од нивното крзно, а не пак низ каква болка поминуваат секојдневно животните, не само заради крзно, сум доживеала тоа да видам и никогаш не би помислила да носам крзно или пак да уништам животинче кое не е ни криво, ни должно.Не носам крзно, а нити јадам месо, вегетаријанец сум.Кога веќе говориме за човештвото, зошто толку да уништуваат, само за едно парче облека? Дали во светов, модните куќи имаат свесност за ова? Гарантирано не, нивото на свесност во светов е ептен ниско.Поради тоа, постојат организации, не заради нешто друго, туку за да се зголеми свесноста кај луѓето, да разберат што е болка, но човек сам, не може ништо да направи.Впрочем не само за ова, за се е ниско нивото на свесност, што дека ако јас се ангажирам, кога друг не прави исто како мене пример, ништо, нема никаков ефект.Тоа е разликата, затоа и се случува тоа што се случува во светов, само уништување, ништо друго и секако егото на престол, зборам објективно.За тема свесност имам доста да зборувам, не е само за овие работи, крзно, туку и ред други.Страшно сум свесна за се ова што зборувам.Но, сето ова е избор на човекот, дали ќе носи крзно, дали ќе јаде месо итн., што значи човекот е тој кој одлучува за вакви работи.Едно време дебатирав за свесноста кај човекот и заблежав доста ниско ниво на истата, уништување, страшно, каде ми рекоа демек убивањето е одлична работа, некој треба да живее, а некој не, па и ми тврдеа човекот е свесно суштество.Како свесно, со убивање?Мора да има нешто што ќе го спречи ова, само пак ќе речам се зависи од човекот.
Ај само замислите од утре на некој да му текна да прави бунди и од човечка кожа. Убаво ќе ви е? Дај ве молам прекрасни животни, а ние ги тепаме само заради тоа да изгледам убаво и богато
Прашање за тие што се бунат дека е исто носењето крзно и исхраната со месо: Сите знаеме дека волкот како диво животно, напаѓа други диви животни за да јаде. Сте виделе некогаш волк кој носи бунда од зајак?
^ Зајакот вака или онака е мртов. Дали после волкот ќе го јаде или ќе си шие бунда од него, небитно е... Едит-можеш да замислиш волци како прават кампања против убивање на зајаци за крзно?
Луѓе донекаде слободка можеби и е во право. Крзното е луксуз. Еве ќе зборувам лично за мене, за да не испадне дека генерализирам. Неможам да си дозволам да носам природно крзно, ниту да имам чевли од кожа или нешто друго. Но, доколку би имала средства можеби ќе носам. Затоа што факт е дека парите го вртат светот вака или онака, а неправилното користење на истите ни носи лажни идеали и вредности на кои им се покоруваме за да имаме некоја репутација. Сите што имаат пари,сакаат автоматски и углед. А, тој углед некогаш значи и носење природно крзно. Така да.. не е само до крзното, општо парите го испревртија светот и веќе не знаеме што е правилно,а што не. Е, сега... тоа вака или онака ќе биде убиено има и друга страна на приказната. Кога убивањето на ТОА би го намалиле само за неопходни наши потреби и светот можеби би бил подобро место на живеење. Но, немаме самоконтрола... или имаме и трошиме се што имаме или немаме.